Врвна геометрија
Симфонија на аудиовизуелни елементи и елементи од ентериер. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.
2.1-кан. звучник во вид на лента за екрани поголеми од 116,8см (46”)
Дизајн кој заштедува простор во комбинација со прекрасен звук. Со височина од само 5,5 см (2,2”), овој елегантен и моќен звучник во вид на лента има совршена големина за дискретно поставување под телевизор со голем екран. 2-системските звучници и безжичниот сабвуфер во комбинација нудат широко звучно поле преку 2.1 канали, за да уживате во одличен звук каде и да седите.
Дајте им ја на филмовите моќта која ја заслужуваат со 2..1-кан. систем на звучници од 330W со безжичен сабвуфер.
Подготвени сте за гледање 4K Ultra HD содржини – функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување податоци низ звучникот во вид на лента, без намалување на квалитетот на сликата.
Проследувајте музика безжично од паметни телефони и таблет-уреди користејќи ја функцијата за слушање со еден допир со NFC преку Bluetooth®.
Слушајте богат и детален звук во секоја сцена. Во конструкција со 2-системски звучници, вуферот за средни фреквенции во комбинација со високотонецот обезбедуваат непроменети ниски и високи тонови, а дифузерите на звучникот ги филтрираат високите фреквенции за рамномерна дистрибуција на звукот во просторијата.
S-Force PRO Front Surround Sound
Технологијата за прекрасен опкружувачки звук симулира природни тродимензионални звучни полиња за да уживате во богат и реалистичен звук низ широка област за слушање.
Со обновување и оптимизирање на аудио сигналите, дигиталниот засилувач S-Master ги изострува и збогатува дијалозите, музиката и амбиенталниот звук од секој извор.
Користејќи повеќе технологии за звук од Sony, ClearAudio+ го оптимизира звукот за да слушате музика, дијалози и звучни ефекти со поголема острина и отсечност.
Позиционирајте го звучникот во вид на лента на полицата под вашиот телевизор и уживајте во звук кој се проектира на идеална висина доколку гледате од кауч.
Звукот се насочува директно кон Вас од двата звучници насочени нанапред, за да уживате во прекрасно доживување како во кино.
И во вертикална и во хоризонтална положба, безжичниот сабвуфер од 38,3 см (13,5”) x 19,1 см (6,7”) со звук кој е насочен кон Вас обезбедува богат, резонантен бас, така што можете да го сместите звучникот каде било без компромиси во звукот.
Едноставно допрете одредени паметни телефони или таблет-уреди со NFC до звучникот во вид на лента за да воспоставите Bluetooth® врска. Немате NFC? Нема проблем – проследувајте музика безжично со рачно впарување преку Bluetooth®.
Користете NFC со еден допир за поврзување преку Bluetooth®.
Едноставна контрола на проследувањето со новата апликација SongPal
Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.
Поддржано 4K проследување
4K квалитет од изворот до екранот. Поврзете 4K уред со HT-CT780 за директен пренос на податоците од звучникот во вид на лента до вашиот ТВ без намалување на квалитетот на сликата, за да уживате во богати слики со звук кој ја исполнува просторијата.
Компатибилност со HDCP 2.2
Подготвен за поддршка на идните 4K формати.
Симфонија на аудиовизуелни елементи и елементи од ентериер. Дознајте ги ексклузивните приказни за инспирацијата на дизајнот.