Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ГОЛЕМИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ (Ш X В X Д)
- 103 x 5,5 x 11,7 см
- ТЕЖИНА НА ГЛАВЕН УРЕД - САМО КУЌИШТЕ
- 2,8 кг
- ГОЛЕМИНА НА САБВУФЕР (Ш X В X Д)
- 19,1 x 38,2 x 39 см
- ТЕЖИНА НА САБВУФЕР
- 7,9 кг
Што има во пакетот
- Оптички кабел (1,5 м)
- Водич за брзо поставување
- Ознака во боја за картонската кутија
- Носач за монтажа на ѕид
- Упатство за употреба

Засилувач
- A / V синхронизација
- ДА
- Канали на засилувач
- 2.1кан.
- S-Force PRO Front Surround
- S-Force PRO преден опкружувачки звук
- LPCM (2-КАН. / 5.1-КАН. / 7.1-КАН.) преку HDMI®
- ДА
- Излезна моќност (вкупна)
- 330W
Сабвуфер
- Вид на сабвуфер
- Безжичен сабвуфер
- Вид на куќиште
- Рефлективен бас
- Систем на звучници
- 2-системски звучници
- Звучник на сабвуфер
- Конус од 160 мм
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- Bluetooth® прием (вер. 3.0), HDMI® видео влез (3), HDMI® видео излез (1), USB (само за ажурирање на софтверот), Аналоген аудио влез (1)
- Аналогни аудио влезови
- 1
- HDMI влезови
- 3
- HDMI излез(ARC)
- 1
Аудио формати
- Dolby® Dual моно
- ДА
- Dolby® TrueHD/Dolby Digital+
- ДА / ДА
- LPCM
- LPCM – 2 канали, LPCM – 5.1 канали, LPCM – 7.1 канали
- PCM
- 96k/24 бита PCM
- DTS®
- DTS 96/24™, DTS®, DTS®-HD
- Dolby®
- Dolby® Digital, Dolby® Digital+, Dolby® Dual моно, Dolby® TrueHD
Функција за звук
- Режим на звук
- ClearAudio+, Игри, Музика, Ноќ, Преносливи аудио уреди, Спорт, Стандардно, Филм
- Звучен ефект
- ДА
Видео карактеристики
- 1080 / 24p
- ДА
- 1080p
- ДА
- BRAVIA Sync (CEC контрола)
- ДА
- HDMI® проследување со можност за 3D
- ДА
- Deep Color
- ДА
- x.v.Color (xvYCC)
- Triluminos екран
Детали
- Потрошувачка на енергија
- Звучник: 40 W / САБВУФЕР: 30 W
- Далечински управувач
- RMT-AH101U
- Режим на подготвеност
- ЗВУЧНИК: 0,3 W / САБВУФЕР: 0,5 W
- Потрошувачка на енергија
- Тип на звучник
Функции
2.1-канален систем кој извлекува максимум од вашите филмови
Почувствувајте ја целата моќ на звуците од секој филм со овој 2.1-канален звучник во вид на лента. Двата звучника се внимателно дизајнирани да обезбедат балансиран одзив на звукот низ целиот фреквентен опсег, а безжичниот сабвуфер го засилува басот, така што секоја експлозија и динамична сцена ќе биде помоќна од кога било досега.
Конструкција со 2-системски звучници за звук со целосен фреквентен опсег
Двосистемските звучници користат вуфер и високотонец за да овозможат балансиран стерео звук со целосен фреквентен опсег. Новосоздадените дифузери на звучникот ги филтрираат и ги стабилизираат острите високи фреквенции, за добивање рамномерна дистрибуција на звукот и чист, моќен звук кој звучи одлично при секоја јачина на звукот.
Dolby® TrueHD за опкружувачки звук како во кино
Слушајте јасен и реалистичен опкружувачки звук од HD филмовите. Dolby® TrueHD е специјално дизајниран да обезбеди звук без загуби за сите филмови и песни. Овозможувајќи ефикасни бит-стапки и репродуцирајќи звук со сличен квалитет како во студио, Dolby® TrueHD може да создаде ненадмината реалистичност на звук за Blu-ray Disc™ и преземени содржини.
DTS-HD за прецизност како кај оригиналните снимки
Уживајте во прецизен и детален звук во домот. Со DTS-HD Master Audio ќе уживате во оригинален и некомпресиран звук од вашите омилени Blu-ray Disc филмови на преземени филмови - така како што замислил режисерот. DTS-HD звукот со висока резолуција нуди и детална репродукција на музички изведби, овозможувајќи подобрување на секоја нота со квалитет речиси како во студио.
S-Force Pro Front Surround како во кино
Уживајте во прекрасно доживување со виртуелен опкружувачки звук. S-Force PRO Front Surround го имитира начинот на кој мозокот ги поврзува звучните извори, заради создавање соодветна јачина на звук, доцнење и бранов спектар на звукот – со користење само на левиот и десниот канал за звучници. Со симулирање природни тродимензионални звучни полиња, ќе можете да уживате во богат звук со голема верност низ поширока површина за слушање.
Дигитален засилувач S-Master: беспрекорно чист звук
Уживајте во најдоброто од дигиталниот звук со дигиталниот засилувач S-Master. Користејќи едноставна и целосно дигитална патека за сигнали, засилувачот S-Master ги репродуцира аудио сигналите без бројните аналогни процеси кои ги вршат стандардните засилувачи. Како резултат не се добива само поголема моќ, туку и значително помалку изобличувања предизвикани од загревањето.
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика
Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, без разлика каква музика ви се допаѓа.
Извонредно тенок дизајн за минимално навлегување
Врвната завршна обработка со тенок дизајн е создадена за поставување пред телевизорот без да го блокира екранот или да им пречи на IR приемниците. Елегантниот профил се прилагодува на многубројни опции за ѕидно поставување. Неговите димензии се: 103 см (40,6”) широчина x 5,5 см (2,2”) височина x 11,7 см (4,6”) длабочина.
Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди
Безжично проследување со Bluetooth®
Безжично проследување на вашите омилени песни и апликации со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со овој звучник во вид на лента кој поддржува Bluetooth® и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.
Обединете ја вашата музика со SongPal
Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот телефон или во вашата омилена онлајн музичка апликација.
4K проследување на 4K содржини
Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот. Функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување 4K податоци кои потоа се прикажуваат на 4K телевизор или проектор, без намалување на квалитетот на сликата. Овозможувајќи ви вистинско 4K доживување, овој звучник во вид на лента е совршен партнер за 4K телевизорите и плеерите и солидна основа за вашиот систем за домашна забава за во иднина.
Повеќе HDMI приклучоци за едноставно поврзување
Со три HDMI влезови и еден HDMI излез можете да поврзете приемник за интернет телевизија, Blu-ray Disc™ плеер, конзоли за игри и многу повеќе. Можете да уживате во домашното кино на едно место, без потреба од посебен ресивер.
Поедноставете го вашиот систем за звук со HDMI ARC
HDMI ARC (повратен аудио канал) значи дека звукот се враќа назад до звучникот во вид на лента од компатибилните телевизори, без потреба од дополнителен аудио кабел. Секој уред кој е поврзан со вашиот телевизор сега може да се слуша преку звучникот во вид на лента, така што звукот на секоја содржина ќе биде со висок квалитет.
Компатибилност со HDCP 2.2 заштита од копирање
HDCP (High-bandwidth Digital Content Protection) е најновата генерација за заштита од копирање. Дизајнирана првенствено за UltraHD 4K уреди, таа применува напредни техники за кодирање за да создаде стабилна врска помеѓу изворот и приказот, спречувајќи неовластено копирање на содржини заштитени со авторски права.