Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Видеозапис за функциите на RX1R III

Галерија со фотографии од RX1R III

Компактна форма со врвен квалитет на слика
Неверојатен квалитет на слика преку дизајн со фиксен објектив

Приспособувањето на положбите на објективот ZEISS® 35 мм Sonnar T* со врвен квалитет и неговата фокусна рамнина на ниво на микрони, овозможено со дизајнот со вграден фиксен објектив, како и напредниот CMOS-сензор за целосна слика со 61,0 мегапиксели и задно осветлување и најновиот процесор за обработка на слика BIONZ XR™, овозможуваат неверојатни оптички перформанси и перформанси за обработка на слика во куќиште со извонредно компактна големина.

Exmor R™-сензор за целосна слика со 61,0 мегапиксели

Намалувањето на шумот, леќите без меѓусебен простор, анти-рефлективниот оптички слој и другите оригинални технологии нудат висока резолуција, висока чувствителност, мал шум и широк динамички опсег.

Моќен процесор за обработка на слика BIONZ XR

BIONZ XR го искористува целиот потенцијал на сензорот за слика и прикажува детали и текстури со неверојатна реалност. И обработката е брза, па затоа фотоапаратот веднаш реагира на корисничката контрола.

Објектив со фиксен дизајн ZEISS® Sonnar T*

Конфигурацијата на вградениот фиксен објектив овозможува позициите на објективот ZEISS® T* со врвен квалитет и неговата фокусна рамнина да се оптимизираат со прецизност во микрони, со што се постигнуваат високи перформанси и компактни димензии.

Режими за креативен изглед, за подобро изразување со фотоапаратот

Комбинациите на параметри за креативен изглед може да се користат како однапред поставени параметри или да се приспособат преку осум приспособливи параметри. Сега се достапни 12 однапред поставени параметри, вклучувајќи ги и изгледите со филмски стил FL, FL2 и FL3, кои нудат голем избор на варијации на бои, длабочина на бои, светлина, контраст и острина.

Избирајте брзо помеѓу три агли на гледање со функцијата Step Crop Shooting

Функцијата Step Crop Shooting овозможува брзо избирање помеѓу еквиваленти на 35 мм (60 MP), 50 мм (29 MP) и 70 мм (15 MP) со еден допир. Дури и ако не може да се доближите до субјектот, може да го фотографирате со еквивалент на 70 мм, користејќи висока резолуција од 15 MP.

Реалистични бои

Стабилната и прецизна AE овозможува откривање на делови од кожата на лицето и автоматско приспособување на експозицијата за да се добијат оптимални тонови и светлина, дури и кога лицето е осветлено одзади, премногу осветлено со директна сончева светлина или свртено на страна.

Висока чувствителност, мал шум и неверојатна резолуција

Стандардниот опсег на ISO е 100-32000 и за фотографии и за видеоснимки, а може да се прошири до ISO 102400 за фотографии. Динамичкиот опсег при помала чувствителност нуди импресивни 15 чекори кои резултираат со рамномерни и природни градации.

Уред за напредна обработка со AI кој нуди прецизно препознавање субјекти
Технологија за проценка на човечки пози

RX1R III врши проценка на човечки пози користејќи го иновативниот процесор со AI. Меморираните човечки форми и пози помагаат во препознавање не само на очите, туку и на положбите на телото и главата со голема прецизност. Сето ова овозможува прецизно фокусирање и следење на различни субјекти, дури и ако не гледаат кон фотоапаратот или носат очила или кацига, на пример.

Прецизно препознавање на различни субјекти

Процесорот со AI поддржува препознавање на [Човек], [Животно], [Птица], [Инсект], [Автомобил/воз] и [Авион]. Препознавањето на истиот широк опсег на субјекти е достапно и за фотографии и за видеоснимки, а режимот [Автоматски] го олеснува ракувањето со тоа што му препушта на фотоапаратот да го избира видот на субјектот автоматски. Режимот [Автоматски] го избира субјектот сигурно во повеќето случаи, оставајќи го корисникот да се фокусира на композицијата и фотографирањето.

Попаметно следење во реално време

Надграденото и посигурно следење во реално време со AI го олеснува фотографирањето во различни ситуации, за да се фокусирате на кадарот и композицијата. RX1R III може да следи дури и луѓе кои носат кациги или животни кои не гледаат кон фотоапаратот.

AF со широка покриеност и густа распределеност за сигурно снимање на субјектите

693 точки за откривање фаза кои се густо распределени во фокусната рамнина на AF-системот со откривање фаза и опфаќаат приближно 78% од површината на сликата при фотографирање, а притоа постигнуваат прецизен фокус дури и ако субјектот е мал. Брзиот хибриден автоматски фокус на Sony ги спојува брзината и перформансите за следење на AF со откривање фаза со прецизноста на AF со откривање контраст.

Прецизен AF при слаба светлина до EV -4,0

Најновите алгоритми за AF нудат AF со голема прецизност при мали нивоа на светлина дури до EV-4,0 во режимот AF-S (еквивалент на ISO 100). AF е прецизен и сигурен дури и при слаба светлина.

Извонредно подобрениот RX1R III
Цврстина во дизајнот

За да се зголеми преносливоста и подготвеноста за реакција и доловување на сите моменти, горниот панел е рамен и има вртливи копчиња кои не се испакнати и рамен приклучок за повеќе интерфејси (MI). Деловите со детална машинска обработка и внимателно изработените текстури се споени во модерен дизајн кој изразува цврстина и густина, а притоа е многу функционален, лесен и едноставен за користење.

Функционален и опиплив држач

Внимателниот дизајн на позиционирањето и конвексноста на главната текстура со ромбоидна-конвексна форма, заедно со новосоздадените микро-квадратни осовини поставени странично, нудат удобно чувство на држење без лизгање.

Слој со железна црна боја

Новосоздадениот мат слој нуди доследно чувство на држење со густа цврстина, благодарение на балансот помеѓу составот, густината и чувството на допир. Подобреното чувство на цврстина и сопственост го изразува карактерот на фотоапаратот.

Извонредна сигурност и ракување
Детален електронски визир (EVF)

Овој електронски визир XGA OLED со висока резолуција и висок контраст има приближно 2,36 милиони точки и нуди зголемување од приближно 0,70x.

Монитор со висока резолуција

Големиот LCD-панел на допир од тип 3,0 со 2,36 милиони точки (прибл.), кој се користи кај RX1R III, има режим за сончево време кој нуди подобра видливост во услови со силна светлина, а нуди и рачно приспособување за да се прилагоди кон секаква амбиентална светлина. Ракувањето со менито на допир е рамномерно и брзо. Кога фотоапаратот е во режим на подготвеност, со движење на прстот врз мониторот ќе се прикаже менито со функции (Fn), заради брз пристап до функциите.

Приказ на информации при вертикално фотографирање

Информациите кои се прикажуваат на LCD-мониторот и EVF при фотографирањето автоматски се адаптираат според хоризонталната и вертикалната положба на фотоапаратот, што ја зголемува прегледноста и го олеснува ракувањето во различни ситуации за фотографирање.

Издржливост која влева доверба

Надворешното куќиште на RX1R III е направено од лесна и цврста легура од магнезиум, која придонесува за подобрување на перформансите и практичноста. Овој современ материјал максимално ја зголемува издржливоста на куќиштето, а воедно му овозможува на фотоапаратот да има неверојатно компактен и лесен дизајн.

Снимајте подолго и внатре и надвор

Батеријата на полнење NP-FW50 овозможува снимање до 300 слики со едно полнење, а USB Type-C®-приклучокот поддржува напојување преку USB (PD) за брзо полнење преку уреди за напојување компатибилни со PD.

Сенило за објектив LHP-1

Задолжителен додаток кој спречува несакани одблесоци и други артефакти при фотографирање во услови со силна светлина. Сенилото за објектив LHP-1 нуди и заштита на објективот од прав, отпечатоци од прсти и удари. Додаток во вид на бајонет кој овозможува брзо и лесно прикачување и отстранување.

Држач за палец TG-2

Овој привлечен и практичен држач за палец се прикачува во приклучокот за повеќе интерфејси на фотоапаратот за да ги зголеми удобноста и стабилноста при држењето, олеснувајќи го дури и фотографирањето со една рака. Држачот за палец одговара визуелно на стилот на RX1R III за да изгледа како дел од фотоапаратот кога ќе го прикачите. Направен е од цврст метал, дизајниран е прецизно за да одговара совршено на фотоапаратот, лесен е и има софистициран изглед. Држачот за палец овозможува целосен и непречен пристап и одлично ракување.

Футрола за куќиште LCS-RXL

Футролата за куќиште LCS-RXL одговара совршено на компактниот RX1R III. Направена е од висококвалитетна синтетичка кожа која го подобрува и одговара на префинетиот изглед на фотоапаратот. Кога фотоапаратот е во футролата, добивате целосен пристап до USB и HDMI-каблите, батеријата, мемориската картичка и приклучокот за статив. Футролата за куќиште има и внимателно дизајниран дел за држење кој го подобрува држењето на фотоапаратот.

Поголема пристапност за сите корисници

Функциите за пристапност, како што се зголемувањето на менито и читачот на екранот кој го чита текстот од менито на глас, им помагаат на сите да уживаат во дигиталната обработка на слики. Напредните функции како што се AF со препознавање во реално време врз основа на AI за различни видови субјекти, интуитивното ракување на допир за следење субјекти и многу други функции, овозможуваат радоста од фотографирањето и снимањето да стане достапна за најширок можен опсег на корисници.

Директно вчитување со Creators' App

Апликацијата за мобилни телефони Creators’ App го олеснува префрлувањето слики кон паметен телефон или кон услугата Creators’ Cloud Web на Sony. Исто така, сликите може да ги префрлувате безжично од фотоапаратот кон паметен телефон преку Wi-Fi или преку жична USB-врска.

Спецификации и функции

Фотоапаратот RX1R III со фиксен објектив нуди неверојатен квалитет на слика во компактен пакет, благодарение на напредната технологија на Sony која вклучува Exmor R™-сензор за целосна слика со задно осветлување и 61,0 мегапиксели и моќен процесор за обработка на слика BIONZ XR™, кои нудат напредно препознавање субјекти врз основа на AI, висока чувствителност, мал шум и неверојатна резолуција.
  • Неверојатен квалитет на слика и компактен дизајн со фиксен објектив

  • Exmor R-сензор за целосна слика со задно осветлување и 61,0 мегапиксели

  • Моќен процесор за обработка на слика BIONZ XR

  • Напредно препознавање субјекти врз основа на AI

  • Висока чувствителност, мал шум и неверојатна резолуција

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина