Функции

Linear PCM и AAC аудио формати за разновидност при снимањето

Снимање, по ваш избор, во некомпресиран Linear PCM (LPCM) или AAC формати за звук со CD-квалитет и овозможува едноставно вчитување на интернет

Carl Zeiss® Vario-Tessar® објектив со широк агол од 120°

Широкоаголниот Carl Zeiss® Vario-Tessar® објектив со агол од 120° не само што снима висококвалитетни видео снимки со извонредна резолуција, контраст и репродукција на бои, туку, поради неговиот широк агол, ви овозможува да го врамите целиот бенд на сцената… од голема близина. Идеален за секакви сцени, од снимање во просторот за вежбање до снимање на изведби во живо.

Exmor R® CMOS кој е идеален за слаба светлина

Exmor R® CMOS сензорот од Sony е исклучително чувствителен, овозможува снимање на изрази на лицето и брзи движења, дури и во темни опкружувања како студија или сцени.

Длабок стерео звук со 120° X/Y микрофон

120° “вкрстено отворената” конфигурација на микрофони на HDR-MV1 снима стерео звук но, за разлика од паметните телефони и стандардните видео камери, широкиот агол ви овозможува да ја снимите секоја нота на бендот дури и во тесни простории. Дополнително, снимањето е со фокус кон центарот, така што главниот изведувач на групата - најчесто пејачот - никогаш не се губи.

Опција за надворешен микрофон

Користете го омилениот микрофон кога снимате, со едноставно приклучување во влезниот приклучок за микрофони

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ви овозможува да го користите паметниот телефон или таблет-уредот како визир и далечински управувач за дигитални фотоапарати, а споделувањето со еден допир ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат. Без разлика за што ќе се одлучите, со инсталирање на апликацијата Imaging Edge Mobile во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android што поддржува NFC, ќе ги избегнете сложените поставки и ќе воспоставувате безжична врска со допирање на вашиот уред до фотоапаратот. Сега можете да го контролирате фотоапаратот преку паметниот телефон и да фотографирате од места кои претходно не ви биле достапни, или да бидете присутни во сопствената групна снимка, како и да префрлувате содржини во паметниот телефон за да ги споделите на SNS. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.

Дознајте повеќе

Висококвалитетно 30p HD видео снимање

Снимајте висококвалитетно 1920x1080/30p HD видео дури и во ситуации со слабо осветлување. MP4 форматот е идеален за уживање и споделување на вашите HD филмови на PC, Mac® или на интернет.

Сметајте на врвна репродукција со функцијата за синхронизација на звукот со движењето на усните

Усогласете ја временската синхронизација на вашата слика и на звукот. Функцијата за синхронизација на звукот со движењето на усните го прилагодува звукот на HDR-MV1 кога ја пренесувате сликата кон други уреди. Добивате репродукција која секогаш изгледа професионално.

Рачно прилагодете ги нивоата на снимање и следете ги едноставно на 2,7” LCD екран

Брзо контролирајте го, прилагодете го и подобрете го квалитетот на снимање. Рачно прилагодете го нивото на снимање со 31 чекор на зголемување, и поставете го соодветното ниво за вашата определена средина за изведба. Исто така, со еден поглед следете го нивото на снимање на светлиот 2,7” LCD екран.

Истовремено полнете ја батеријата и префрлајте податоци со USB влезот

HDR-MV1 се одликува со USB приклучок за истовремено полнење на батеријата и пристапување до содржини на компјутерот. Згора на тоа, со испорачаната батерија и изборниот AC адаптер (се купува одделно, AC-UD10), корисниците ќе можат да го користат уредот додека тој се полни.

Филтерот за отстранување на ниски фреквенции го намалува шумот и го прочистува звукот

Музичкиот видео рекордер е опремен со филтер за отстранување на ниските фреквенции за намалување на звукот со ниски фреквенции. Совршен за намалување на шумовите, какви што се шумовите од клима уредите или од ветерот, додека снимате; вашите видео снимки звучат одлично дури и кога се направени под најтешки услови за снимање.

Користете го исто така и како едноставен Linear PCM рекордер

Понекогаш не ви е потребна слика, на пример кога снимате песна која уште не е завршена, за да ја споделите со членовите на бендот. HDR-MV1 може да послужи како брз и едноставен Linear PCM рекордер само за звук. Дополнително, тој е опремен со мал звучник кој ви овозможува да направите едноставна проверка на звукот без слушалки.

Приклучок за статив за стабилно снимање

Заборавете на снимките кои се тресат и кои што ги добивате кога снимате со iPhone или со некои видео камери. Снимајте чисти и остри слики, кога го користите вградениот приклучок за статив, за да го прицврстите HDR-MV1 на статив.

Линиски влез за поврзување на надворешна опрема

Едноставно поврзете го HDR-MV1 на студиска опрема, како што е миксета со LINE-OUT приклучок.

Спецификации

  • Еднонасочен X/Y стерео микрофон со агол од 120 степени

  • 1080p Full HD видео снимки

  • Tessar објектив од ZEISS®

  • Вграден Wi-Fi®

  • Поврзување со еден допир со NFC

Вид на објектив
Tessar објектив од ZEISS®
Тип на сензор
Задно осветлен Exmor R® CMOS од тип 1/2,3 (7,77мм)
Тип на екран
6,7см (тип 2,7) Clear Photo LCD™ екран (230K) широк формат (16:9) (960x240)
Влезни и излезни приклучоци
HDMI® излез (микро), Влез за микрофон, Линиски влез (аналогно аудио), Отвор за мемориска картичка, Повеќенаменски/микро USB, Приклучок за слушалки

Што има во пакетот

Комплет батерии на полнење (NP-BX1), микро USB кабел, Капаче за објектив, Врвка за капаче, "Водич за ракување"

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина