МУЗИЧКИ ВИДЕО РЕКОРДЕР MV1

Сите спецификации и функции

HDR-MV1

Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
Прибл. 116,5мм (Ш)×70,5мм (В) × 27мм (Д);Прибл. 4 5/8 инчи x 2 7/8 инчи x 1 1/8 инчи
Тежина
Прибл. 140гр.;Прибл. 5,0 oz

Што има во пакетот

  • Комплет батерии на полнење (NP-BX1)
  • микро USB кабел
  • Капаче за објектив
  • Врвка за капаче
  • "Водич за ракување"
Placeholder

Сензор

Тип на сензор
Задно осветлен Exmor R® CMOS од тип 1/2,3 (7,77мм)
Ефективни точки (видео)
Прибл. 8400K точки (16:9)

Објектив

Вид на објектив
Tessar објектив од ZEISS®
Решетка
F2,8
Фокусна должина (35мм) (видео)
f=18,2мм
Минимално фокусно растојание
Прибл.30см

Експозиција

Поставување на експозицијата
Автоматски, рачно
Компензација на задното осветлување
ДА (автоматски)
Минимална осветленост
Стандардно:9 лукси (1/30 брзина на бленда), ниско осветлување:4,5 лукси (1/30 брзина на бленда)

Баланс на белата боја

Режими на балансот на белата боја
Автоматски, Во затворено, За надвор, Со едно притиснување

LCD

Тип на екран
6,7см (тип 2,7) Clear Photo LCD™ екран (230K) широк формат (16:9) (960x240)
Контрола на јасноста
ДА (мени)

Бленда

Брзина на блендата
Автоматска контрола на опсег ( 1/8 - 1/10.000 )

Снимање

Избор на сцени
Автоматски, Залез и изгрејсонце, Ноќна сцена, Огномет, Осветлување во точка, Пејзажи, Плажа, Снег
Други функции за снимање
x.v.Color™, Заштеда на енергија, Интелигентен автоматски режим (задно осветлување/рефлектор/самрак/слаба осветленост), Откривање на лице (автоматски/приоритет на деца/приоритет на возрасни), Режим за авион

Медиуми за складирање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick Micro™ (ознака 2), Micro SD/SDHC/SDXC мемориска картичка (класа 4 или повисоко)

Снимање

Формат за снимање (видео)
MP4: MPEG-4 AVC/H.264
Видео резолуција
MP4: 1280x720 30p, MP4: 1920x1080 30p
Стапка на снимање видео (ABR / VBR)
1080+AAC LC : Прибл. 16,2Mbps, 1080+Linear PCM : Прибл. 17,6Mbps, 720+AAC LC : Прибл. 6,2Mbps, 720+Linear PCM : Прибл. 7,6Mbps
Прогресивен режим
MP4: 30p, прогресивно снимање

Аудио

Микрофон
Еднонасочно, 120 степени X/Y стерео
Формат за снимање на звук
MPEG-4 AAC-LC 2-кан., MPEG-4 Linear PCM 2-кан.(48kHz/16 бита)
Звучник
Моно звучник

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
HDMI® излез (микро), Влез за микрофон, Линиски влез (аналогно аудио), Отвор за мемориска картичка, Повеќенаменски/микро USB, Приклучок за слушалки
Wi-Fi®
Да
NFC™
Да

Моќност

Испорачана батерија
NP-BX1
Полнење преку USB
DC 5 V 500 mA/800 mA
Потрошувачка на енергија(LCD екран)
MP4: 2,1W

Опции на бои

black

Функции

Linear PCM и AAC аудио формати за разновидност при снимањето

Снимање, по ваш избор, во некомпресиран Linear PCM (LPCM) или AAC формати за звук со CD-квалитет и овозможува едноставно вчитување на интернет

Carl Zeiss® Vario-Tessar® објектив со широк агол од 120°

Широкоаголниот Carl Zeiss® Vario-Tessar® објектив со агол од 120° не само што снима висококвалитетни видео снимки со извонредна резолуција, контраст и репродукција на бои, туку, поради неговиот широк агол, ви овозможува да го врамите целиот бенд на сцената… од голема близина. Идеален за секакви сцени, од снимање во просторот за вежбање до снимање на изведби во живо.

Exmor R® CMOS кој е идеален за слаба светлина

Exmor R® CMOS сензорот од Sony е исклучително чувствителен, овозможува снимање на изрази на лицето и брзи движења, дури и во темни опкружувања како студија или сцени.

Длабок стерео звук со 120° X/Y микрофон

120° “вкрстено отворената” конфигурација на микрофони на HDR-MV1 снима стерео звук но, за разлика од паметните телефони и стандардните видео камери, широкиот агол ви овозможува да ја снимите секоја нота на бендот дури и во тесни простории. Дополнително, снимањето е со фокус кон центарот, така што главниот изведувач на групата - најчесто пејачот - никогаш не се губи.

Опција за надворешен микрофон

Користете го омилениот микрофон кога снимате, со едноставно приклучување во влезниот приклучок за микрофони

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ви овозможува да го користите паметниот телефон или таблет-уредот како визир и далечински управувач за дигитални фотоапарати, а споделувањето со еден допир ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат. Без разлика за што ќе се одлучите, со инсталирање на апликацијата Imaging Edge Mobile во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android што поддржува NFC, ќе ги избегнете сложените поставки и ќе воспоставувате безжична врска со допирање на вашиот уред до фотоапаратот. Сега можете да го контролирате фотоапаратот преку паметниот телефон и да фотографирате од места кои претходно не ви биле достапни, или да бидете присутни во сопствената групна снимка, како и да префрлувате содржини во паметниот телефон за да ги споделите на SNS. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.

Дознајте повеќе

Висококвалитетно 30p HD видео снимање

Снимајте висококвалитетно 1920x1080/30p HD видео дури и во ситуации со слабо осветлување. MP4 форматот е идеален за уживање и споделување на вашите HD филмови на PC, Mac® или на интернет.

Сметајте на врвна репродукција со функцијата за синхронизација на звукот со движењето на усните

Усогласете ја временската синхронизација на вашата слика и на звукот. Функцијата за синхронизација на звукот со движењето на усните го прилагодува звукот на HDR-MV1 кога ја пренесувате сликата кон други уреди. Добивате репродукција која секогаш изгледа професионално.

Рачно прилагодете ги нивоата на снимање и следете ги едноставно на 2,7” LCD екран

Брзо контролирајте го, прилагодете го и подобрете го квалитетот на снимање. Рачно прилагодете го нивото на снимање со 31 чекор на зголемување, и поставете го соодветното ниво за вашата определена средина за изведба. Исто така, со еден поглед следете го нивото на снимање на светлиот 2,7” LCD екран.

Истовремено полнете ја батеријата и префрлајте податоци со USB влезот

HDR-MV1 се одликува со USB приклучок за истовремено полнење на батеријата и пристапување до содржини на компјутерот. Згора на тоа, со испорачаната батерија и изборниот AC адаптер (се купува одделно, AC-UD10), корисниците ќе можат да го користат уредот додека тој се полни.

Филтерот за отстранување на ниски фреквенции го намалува шумот и го прочистува звукот

Музичкиот видео рекордер е опремен со филтер за отстранување на ниските фреквенции за намалување на звукот со ниски фреквенции. Совршен за намалување на шумовите, какви што се шумовите од клима уредите или од ветерот, додека снимате; вашите видео снимки звучат одлично дури и кога се направени под најтешки услови за снимање.

Користете го исто така и како едноставен Linear PCM рекордер

Понекогаш не ви е потребна слика, на пример кога снимате песна која уште не е завршена, за да ја споделите со членовите на бендот. HDR-MV1 може да послужи како брз и едноставен Linear PCM рекордер само за звук. Дополнително, тој е опремен со мал звучник кој ви овозможува да направите едноставна проверка на звукот без слушалки.

Приклучок за статив за стабилно снимање

Заборавете на снимките кои се тресат и кои што ги добивате кога снимате со iPhone или со некои видео камери. Снимајте чисти и остри слики, кога го користите вградениот приклучок за статив, за да го прицврстите HDR-MV1 на статив.

Линиски влез за поврзување на надворешна опрема

Едноставно поврзете го HDR-MV1 на студиска опрема, како што е миксета со LINE-OUT приклучок.