Ова е подобриот фотоапарат што го баравте

Кога ќе бидете подготвени за повеќе, кај нас ве чека фотоапарат што е лесен за носење, но фотографира професионално.

Фотоапарат што може да се справи со секојдневните предизвици

Фотоапаратите без огледало од Sony нудат многу подобра обработка на слика од паметните телефони. Со моќ како професионален фотоапарат, но помали и лесни за користење, тие ќе ги претворат секојдневните снимки во прекрасни видеоснимки и фотографии.

Прекрасни слики во сите опкружувања

Извонредните слики не чекаат втора шанса, особено при недоволна осветленост. Фотоапаратите без огледало од Sony со голем сензор и светли објективи подобро ја искористуваат светлината. Брзиот фокус и големиот динамички опсег ги претвораат тешките услови во убави слики.

Темнината не е изговор за лоши слики

Темна атмосфера со емоции, а вашиот телефон ја уништува со блицот! Потребен ви е фотоапарат што фотографира при секакво осветлување. Фотоапаратите од Sony имаат голем сензор за слика и паметен процесор за слика што снимаат остри слики без шум дури и без блиц.

Слики што ќе ве воодушеват

Нашиот ум фокусира селективно за да се концентрираме во хаотичниот свет. Благодарение на големите сензори може да ја примените оваа техника во вашите слики - истакнете го вашиот објект на убав начин за да не може да се игнорира.

Видете го светот од поинаков агол

Користете монитор што се врти за да го доловите вашиот свет од поинаква перспектива. Со таквиот монитор може да видите повеќе, да снимите повеќе, но со помалку претпоставки. Ќе знаете дека сте ја снимиле идеалната слика при првиот обид.

Тајната е во големината на сензорот

Сензорот за слика е окото на дигиталниот фотоапарат, па затоа колку е поголем сензорот, толку подобро ќе изгледаат сликите. Со сензор што е 10 или повеќе пати поголем од сензорите кај паметните телефони добивате повеќе точки, поголема чувствителност при слаба светлина и поширок динамички опсег. За поостри слики, зумирање и печатење
[1] Паметен телефон [2] Тип 1,0 [3] Формат APS-C [4] Формат од 35 мм за целосна слика

1. Фотоапарат без огледало од Sony (35 мм, целосна слика): извонредна репродукција на детали преку голем сензор / 2. Паметен телефон: помалку ситни детали

Големина на сензор, перформанси при слаба светлина

Предностите на значително поголемиот сензор кај фотоапаратите без огледало на Sony се очигледни. Поголем сензор создава помалку шум, повеќе детали и поубави слики - особено при слаба светлина.

Ефект на дефокусирање (селективен фокус)

За разлика од паметните телефони, поголемиот сензор кај фотоапаратите без огледало од Sony овозможуваат мала длабочина на полето или ефект на дефокусирање - за селективно фокусирање на вашиот објект. Прекрасниот ефект придодава длабочина и чувство на изразување, особено во сликите снимени одблиску, за да добиете резултати со професионален изглед.

Слика од Фотоапарат без огледало од Sony (35 мм, целосна слика)
Фотоапарат без огледало од Sony(35 мм, цел. слика)

Погледнете како остро фокусираниот дел на сликата го привлекува погледот кога тој е опкружен со дефокусирана заднина.

Слика од паметен телефон
Паметен телефон

Сликите без ефект на дефокусирање може да изгледаат обични, механички и не толку интересни бидејќи им недостига емотивен придонес од фотографот. 

Брз фокус што се заклучува врз вашиот објект

Миленичињата, децата и возилата постојано се во движење. Фотоапаратите без огледало од Sony го заклучуваат фокусот врз подвижните објекти користејќи многу фокусни точки, а потоа го следат нивното движење за да можете да фотографирате во секој момент.

Фокус со голема брзина
Фокус со голема брзина

Фокусот со голема брзина е најважен фактор. Тој веднаш се заклучува врз објектот што се движи и предвидува каде ќе се помести, овозможувајќи ви лесно фокусирање и подготвеност за фотографирање.

Прецизно следење што го опфаќа речиси целиот кадар

За разлика од стандардните DSLR-фотоапарати, фотоапаратите без огледало од Sony нудат фокусни точки низ речиси целиот кадар со кои брзо (AF со откривање на фаза) и прецизно (AF со откривање на контраст) ќе го пронајдете вашиот објект.

Уникатно фокусирање со приоритет на очи
Уникатно фокусирање со приоритет на очи

AF на очи ви нуди беспрекорни портрети преку прецизно фокусирање на очите на вашиот субјект - најважен фактор за одлични портрети. Не постои помоќна алатка за фокусирање што создава неверојатни свадбени и други фотографии.

AF на очи за животни
AF на очи за животни

Фотографирањето животни никогаш нема да биде исто благодарение на AF на очи во реално време за животни. Фотоапаратот ги фокусира и следи очите на животните за да добиете прекрасни портрети од домашни миленичиња и диви животни.

Создаден за брзо, лесно споделување

Досега сигурно сте се навикнале да споделувате слики на интернет преку телефонот. Со функцијата за споделување со допир, овие фотоапарати без огледало од Sony нудат полесно фотографирање, префрлување во паметни уреди и споделување со пријателите.

Imaging Edge Mobile
Фотографирајте, прегледувајте, организирајте и споделувајте со Imaging Edge Mobile

Апликацијата Imaging Edge Mobile ви овозможува да префрлувате слики во паметниот телефон безжично преку NFC и Wi-Fi или, пак, фотографирајте далечински преку паметен уред што овозможува прегледување и активирање на блендата. 

Патувајте и фотографирајте насекаде без напор

Фотоапаратите без огледало од Sony се компактни и практични за користење, па затоа ќе ги користите секојдневно. Батеријата на полнење, екранот што се врти и прилагодувањата се привлечна надградба за сите ентузијасти за фотографирање.

Слика од Компактна форма, но со сите неопходни функции
Компактна форма, но со сите неопходни функции

Фотоапаратите без огледала од Sony овозможуваат максимална практичност при користењето и имаат компактно и лесно куќиште.

Слика од Надворешно USB-напојување
Надворешно USB-напојување

Ако батеријата е слаба, тогаш фотоапаратот може да го напојувате преку стандардни и преносливи USB-полначи.

Слика од Фотографирајте со фотоапаратот во различни положби
Фотографирајте со фотоапаратот во различни положби

Некои од нашите фотоапарати имаат многу практичен LCD-екран што се врти за да овозможи удобно фотографирање кога го држите фотоапаратот блиску до подот или високо над вашата глава, во секакви услови на осветлување.

Фотоапарат без огледало само за Вас

Ви нудиме многу модели, така што нема да правите компромис при избирање на фотоапаратот што најмногу ќе ви одговара според потребите и желбите.

Фотоапарат што може да го носите и користите секојдневно

Најдобриот фотоапарат е тој што го имате со вас. Еден од овие три компактни, практични и висококвалитетни фотоапарати најверојатно ќе стане вашиот најдобар придружник за сите авантури.

Компактна практичност со максимални перформанси

Овие компактни фотоапарати без огледало се подобри од DSLR-фотоапаратите за целосна слика, а тежат двојно помалку од нив, нудат неверојатни детали, чувствителност и квалитет на слика - со тивко фотографирање што нема да им пречи на бебињата и дивите животни и нема да зафаќа многу простор на масата во ресторанот.