Достапен е нов софтвер.
Подобрете ја вашата камера за да уживате во полесно снимање.

Зачекорете во светот на професионално снимање

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Слика од мост кој се рефлектира од водена површина навечер, со згради во заднина
Филмско изразување
Слика од видео со забавени движења во кое се прикажани маж и жена кои танцуваат, со морето во заднина
Удобно самостојно снимање
Слика на која е прикажан производот FX3 со копчето за снимање осветлено со црвена боја
Можности за проширување и ракување

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

За подобро филмско изразување
Снимање целосна слика при слаба светлина

Сензорот за целосна слика на FX3 користи иновативни техники за собирање светлина за да ви овозможи да снимате јасни и употребливи слики дури и при слаба осветленост. Чувствителноста ISO од 80-102400 за видео може да се прошири до 409600.

Широк динамички опсег, креативно изразување

FX3 нуди извонреден динамички опсег со 15+ чекори за да може да снимате во добро осветлени простории и на отворено па сè до утрински, вечерен и среден период од денот. Доловете ги сите нијанси и добијте слобода во градацијата на боите при снимањето.

Прекрасен ефект на дефокусирање и креативност

Доловете ја сцената со филмска 4K-резолуција, мала длабочина на полето, прекрасни ефекти на дефокусирање и филмска слобода благодарение на сензорот за целосна слика.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Наука за филмски бои со S-Cinetone™

Стандардот S-Cinetone, создаден за докажаната камера FX9 од Sony, е зададениот изглед за филмско изразување на FX3. Прецизно прилагоден за да ги задоволи потребите на денешните креатори на содржини, тој нуди богати бои и природни тонови на кожата како кај другите камери Cinema Line без градација на боите.

4K со 120 fps и сите кадри во фокус 

Дури и при високи стапки на слики, може да снимате детални 4K-снимки благодарение на прецизниот AF и големата брзина на читање на сензорот на FX3. Режимот за бавни и брзи движења (S&Q) ви нуди целосна контрола врз стапката на слики за снимање, за да снимате прекрасни сцени од движења со 5x помала брзина (и 24p).

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Слика од згради кои се рефлектираат од водена површина, со активиран S-Log3 на левата половина, но не и на десната
Снимање со HDR и S-Log3 со 10 бита за рамномерни градации

S-Log3 и S-Gamut3.Cine овозможуваат снимање со висококвалитетна репродукција на бои со широк динамички опсег и усогласување на снимените материјали со снимки од други камери Cinema Line во обработката по снимањето. Профилот за слика HLG (Hybrid Log-Gamma) HDR овозможува директна репродукција во HDR (HLG) на компатибилни телевизори без обработка по снимањето.

Снимање во 16-битен RAW HDMI-формат 

За процесите на обработка по снимањето е достапно снимање во 16-битен RAW-формат преку HDMI-врска со надворешни снимачи, а во камерата истовремено се снимаат и датотеки XAVC HS 4K, XAVC S 4K или XAVC S-I 4K и прокси датотеки. Видеоснимките во RAW-формат имаат резолуција од 4264 x 2408 [16:9], која ја надминува резолуцијата DCI-4K. Исто така, кога користите надворешен снимач, поддржани се RAW-форматите како ProRes RAW и Blackmagic RAW, кои нудат поголема флексибилност за професионалните опкружувања за уредување.

Слика од производот, страничен приказ на FX3 со HDMI-приклучок и приклучоци за микрофон и слушалки
Цртеж на кој е прикажана детална репродукција на тонови со 10 бита, што резултира со побогато и подетално визуелно изразување
Уживајте во богати детали и реалистични бои

FX3 нуди внатрешно снимање во 4K, длабочина од 10 бита и семплирање на бои 4:2:2 со компресија All Intra и Long-GOP. Тоа ви овозможува да добиете уште подобри градации на бои, а притоа да ги задржите природните нијанси, за потполна слобода при уредувањето.

[1] All-Intra (All-I) [2] Long-GOP [3] Група слики 

Компензација за промени во фокусната должина

Кога е вклучена функцијата за компензирање на промените во фокусната должина, камерата ви овозможува да снимате видеоснимки со поголема стабилност ако користите компатибилни објективи.

Метаподатоците за промени во фокусната должина може и да се зачуваат, за да може да извршите компензација со најновиот софтвер Catalyst Browse/Prepare Plugin при обработката по снимањето.

Слика во која фокусот е врз часовник во преден план, со жена со ефект на дефокусирање во заднина, прикажани се минимални промени во фокусната должина при поместување на фокусната површина
Дизајнирана за удобно самостојно снимање
Сигурен и прецизен автоматски фокус

AF со широка површина и интелигентно следење врши откривање фаза во фокусната рамнина за да овозможи континуирано следење на субјектот речиси низ целиот кадар.  Брзиот хибриден AF фокусира прецизно дури и кога снимате со мала длабочина на полето и со висока стапка на слики од 120p во 4K(QFHD).

Современо следење со AF за стабилен фокус

Функциите за следење нудат стабилен фокус за субјектите, за да може да се концентрирате на композицијата. AF на очи во реално време прецизно ги фокусира очите и лицето, а следењето во реално време е можно со алгоритмите на Sony за препознавање субјекти со AI.

Рамномерно движење и контрола на допир за фокусот

FX3 ја има функцијата за брзина на движење на AF во седум поставки, за лесно поместување на фокусот, а нуди и пет поставки за чувствителност на поместувањето на AF во однос на субјектот, што на корисникот му овозможуваат да прилагоди колку лесно AF ќе преминува или ќе се задржува на субјектот. Субјектот што сакате да го фокусирате може да го изберете со допирање на LCD-екранот.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Предности на објективите од Sony за снимање видео

Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и фотоапарати од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.

Одлична преносливост, каде и да одите

FX3 е дизајнирана за врвна преносливост со компактна големина и мала тежина. Прикачената рачка и отворите за директно прикачување додатоци овозможуваат брзо поставување, непречено снимање и брзо пакување. Куќиштето и капаците се изработени од лесна магнезиумска легура што ја зголемува издржливоста и перформансите дури и во лоши услови.

Слика од производот, приказ од горна страна на FX3 со пет отвори за завртки 1/4-20 UNC за прикачување додатоци
Слика од човек кој ја држи камерата FX3 со рачка, XLR-адаптер и микрофон со насочување
Отстранлива рачка со XLR

Рачката опремена со XLR-адаптер и два XLR-приклучоци со стандардна големина може да се прикачи на приклучокот за повеќе интерфејси (MI) на камерата заради поудобно и постабилно ракување во ситуации со лоши услови, како снимање од ниска положба.

Вградена стабилизација на слика 

Активниот режим е вграден систем за оптичка стабилизација на слика со 5 оски кој нуди подобра стабилизација на слика за снимање видео. За да го задржи квалитетот на слика, жироскопот прецизно го мери тресењето на камерата и врши оптичка компензација. На тој начин добивате стабилни видеоснимки дури и кога снимате рачно без користење механизми за стабилизација, кога пешачите, па дури и во 4K-резолуција.

[1, 2] аголно тресење (вртење нагоре-надолу и странично вртење) [3, 4] тресење со поместување (оски X и Y), [5] ротациско тресење (вртење по оската Z)

Цртеж од стабилизацијата на слика во куќиштето на камерата, со пет оски во црвена боја
Слика од човек кој користи компјутер
Метаподатоци за полесно уредување со Catalyst

Софтверите Catalyst Browse и Prepare на Sony се идеални партнери за продукција за FX3. Камерата снима повеќе видови метаподатоци: LUT, стабилизација на слика, промени во фокусната должина, поставки за ND-филтер конфигурирани на камерата и ознаки за снимки. Тие може да се искористат при прегледувањето и подготовката за уредување во бесплатниот софтвер Catalyst Browse или во платениот софтвер Catalyst Prepare од Sony.

Опции за проширување и ракување за креаторите на содржини
Често користени параметри на едно место

FX3 го наследува BIG6 (Home) screen од врвните камери CineAlta, како што се моделите VENICE, кој овозможува лесно следење на шест неопходни параметри во режимот за ВИДЕО: FPS (стапка на слики), ISO, бленда (брзина/агол), решетка или ND-филтер, изглед и баланс на белата боја. Докажаниот BIG6 (Home) screen придонесува за непречено и интуитивно ракување, а нуди и брз пристап до променливи/фиксни параметри.

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Слика на која е прикажан производот FX3 со копчето за снимање осветлено со црвена боја
Предни и задни светлосни индикатори

Светлосните индикатори на предната и задната страна на FX3 покажуваат дали камерата снима. Јасно се видливи и за снимателот и за лицето што настапува пред камерата.

Слика на која е прикажано како ротира LCD-екранот со променлив агол и како се користи панелот на допир
LCD-екран со променлив агол

LCD-екранот на допир од 3,0 инчи (1,44 милиони точки) има дизајн со странично отворање заради флексибилно позиционирање и подобра видливост кога камерата е монтирана на механизми за стабилизација. Поддршката за екран на допир нуди и интуитивна контрола на менито за многу од поставките на камерата.

Неопходни контроли за ефикасно снимање

Освен шесте приспособливи копчиња, лесно може да ги дофатите и често користените контроли со една рака, за втората рака да ви биде слободна за ракување и балансирање на објективот. Достапни се и повеќе отвори за завртки на куќиштето и рачката за директно прикачување додатоци.

Слика од корисник кој ја носи камерата FX3, на нејзината горна и задна страна се гледаат различни контроли
Цртеж на кој е прикажано како функционираат ладилникот и вентилаторот за ладење
Непрекинато снимање во 4K/60p

За да овозможи непрекинато снимање во 4K/60p, FX3 има систем за иновативна дисипација на топлина. Поставувањето на ладилниците, структурата за проток на воздух и бесшумниот вентилатор за ладење го оптимизираат ладењето дури и при долго снимање.

XLR-адаптер и дигитален влез за квалитетен звук

Освен вградениот микрофон на камерата, може да поврзете различни професионални микрофони надворешно преку приклучоците XLR со стандардна големина на рачката, користејќи интерфејс за дигитален звук преку приклучокот за повеќе интерфејси (MI). Достапни се три формати за снимање, вклучувајќи и 4-канален со 24 бита. Дигитален звук може да снимате и со приклучување дигитален микрофон како ECM-B1M, дури и ако не ја користите рачката. 

Слика од производот на која е прикажан XLR-адаптер со влезни и излезни приклучоци
Слика од производот на која се прикажани двата отвори за медиуми со мемориски картички
Два отвори за медиуми со голема брзина 

Картичките CFexpress Type A поддржуваат снимање со висока бит-стапка. Отворите за медиуми на камерата поддржуваат CFexpress Type A, како и стандардни картички SDXC UHS-I и UHS-II, а бидејќи отворите се идентични, може да снимате со пренасочување или да снимате резервна копија.

Слика од следење при снимањето, со паметен телефон прикачен врз FX3, се користи апликацијата Monitor & Control
Безжично следење и далечинска контрола

Поврзувањето паметен телефон или таблет со камерата преку апликацијата Monitor & Control овозможува безжично следење, приспособување на експозицијата со голема прецизност и контрола на фокусот на поголем екран.

Лого за Creators’ App
Вчитувајте видеоснимки на Cloud или во вашиот паметен телефон

Creators' App е апликација за паметни телефони која ви овозможува да го поврзете вашиот фотоапарат од Sony со Cloud, што ја подобрува функционалноста и ја зголемува практичноста за фотографирање и споделување.

Лого за Creators' Cloud
Платформа Creators' Cloud

Creators' Cloud е платформа која поддржува креативна работа, почнувајќи од фотографирање па сè до продукција, спојувајќи ги напредните технологии за фотоапарати од Sony со Cloud. Ова е место за откривање и соработка со креатори од целиот свет. Разгледајте апликации на интернет, за мобилни уреди и за компјутери кои нудат ефикасни решенија за интеграција на фотоапаратите со услуги и апликации за фотографирање и снимање.

Спецификации и функции

Камерата FX3 Cinema Line, со неверојатно компактен дизајн, нуди голема чувствителност и филмско изразување во формат на целосна слика. Освен професионално ракување, оваа креативна алатка нуди зголемена преносливост за лесно самостојно фотографирање, поради што е идеална за снимање на вашата замисла.
  • Перформанси за форматот целосна слика со голема чувствителност и широк динамички опсег

  • Процесор за обработка на слика BIONZ XR со високи перформанси

  • Снимање во 4K (QFHD) со голема стапка на слики од 120 fps

  • Наука за филмски бои со S-Cinetone™

  • Зголемена преносливост за самостојна работа

ТИП НА СЕНЗОР
Exmor R CMOS-сензор од 35 мм за целосна слика (35,6 x 23,8 мм)
Точки
Прибл. 10,3 мегапиксели (ефикасни) за видеоснимки, прибл. 12,1 мегапиксели (ефикасни) за фотографии, прибл. 12,9 мегапиксели (вкупно)
ЧУВСТВИТЕЛНОСТ
[Видео] еквивалент на ISO 80-102400 (може да се прошири до ISO 409600), АВТОМАТСКИ (ISO 80-12800, можност за избор на долна и горна граница), [Фотографии] ISO 80-102400 (може да се прошири до ISO 40- 409600), АВТОМАТСКИ (ISO 80-12800, можност за избор на долна и горна граница)
ТИП НА МЕДИУМ
Картичка CFexpress Type A / SD (x2), истовремено снимање, подредување, автоматска промена на медиуми, копирање
LCD
Тип 7,5 см (тип 3,0), прибл. 2,36 милиони точки, панел на допир, агол на отворање: прибл. 176 степени, агол на ротација: прибл. 270 степени
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина