Мост помеѓу сликите и фантазијата
Овој извонреден сензор ги содржи сите елементи за слики од светска класа: неверојатна чувствителност, огромен динамички опсег, ненадминати детали и мал шум.
Очекувајте врвни резултати со најновиот процесор за обработка од Sony: прикажување на пореалистични бои, подобро намалување на шум и неверојатно реалистични детали добиени со исклучително брза обработка.
Високата чувствителност ви овозможува да снимате при слаба осветленост без блиц или јасно да ги замрзнете динамичните сцени, да го намалите шумот и да ги подобрите деталите.
Sony е произведувач бр. 1 во светот на сензори за слика за дигитални фото апарати и видео рекордери.
Полесно доловување на сите прекрасни спомени
Без разлика дали снимате фотографија од себеси со најдобрите пријатели или снимате живописна ноќна снимка во возбудливиот град, овие иновации им овозможуваат на вашите фотографии да бидат подеднакво прекрасни како и доживувањата кои ги инспирирале.
Сега можете да се фотографирате во совршени пози - сами или со некоја драга личност. Само превртете го LCD екранот и обликувајте го кадарот. За најдобри резултати, ефектот на мека кожа интелигентно ги израмнува сите набори.
Ефектот на мека кожа ги израмнува сите набори, за да бидете сигурни дека секогаш ќе изгледате најдобро.
Овие функции овозможуваат лицата да изгледаат фантастично, со јасно фокусирање и насмевки доловени во совршениот момент.
Оваа функција ја отсекува вашата снимка за најдобар изглед - без позначителни загуби во квалитетот, благодарение на технологијата By Pixel Super Resolution и сензорот Exmor®.
Професионалните опции отвораат нови можности.
Зголемете го задоволството при фотографирањето уште повеќе и надополнете ги вашите фотографии со професионален изглед со помош на галантеријата која е специјално создадена за овој модел.
Imaging Edge нуди максимален квалитет на слика и подобра ефикасност. „Далечински управувач“ за контрола на фотографирањето; „Уреди“ за претворање RAW-податоци во фотографии и „Прегледувач“ за приказ, оценување и избирање фотографии.
Capture One Express (за Sony) е бесплатен софтвер што нуди обработка на RAW, лесно управување и алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.
Спецификации и функции
- Компатибилност со објективи
- Објективи со E приклучок од Sony
- Тип на сензор
- APS-C тип (23,5 x 15,6мм) "Exmor®" APS HD CMOS сензор
- Број на точки (ефективни)
- Прибл. 20,1 милиони точки
- ISO чувствителност
- Фотографии: ISO 100-16000 еквивалент, АВТОМАТСКИ (ISO 100-16000, можност за избор на долна и горна граница) Видео снимки: ISO 100-6400 еквивалент (чекори од 1/3 EV) / АВТОМАТСКИ (ISO 100-6400 еквивалент, можност за избор на долна и горна граница)
- Траење на батеријата (фотографии)
- Прибл. 420 снимки (LCD монитор)
- Тип на монитор
- TFT екран од 7,5см (тип 3.0)
Што има во пакетот
AC-UB10 AC полнач (полнење на внатрешната батерија преку USB), SELP1650, Капаче за објектив, Батерија на полнење (NP-FW50), Лента за на рамо, Капаче за куќиште, Микро USB кабел