БРЗ БЛИЦ

Сите спецификации и функции

HVL-F60RM

Основни информации

Димензии (прибл.)
Ш 78,1 мм X В 139,5 мм X Д 104,6 мм (3 1/8 инчи × 5 1/2 инчи × 4 1/8 инчи)
Тежина (прибл.)
449 гр. (15,9 oz) (само главниот уред)

Вид

Вид
Автоматски електронски блиц (од тип на прикачување) со мерење со пробен блиц
Тип на приклучок
Приклучок за повеќе интерфејси.

Глава на блицот (уред што испушта светлина)

Максимален број на водич
60 (поставена покриеност на блицот 200 мм/стандардна дистрибуција на блицот, ISO100・м)
Покриеност на блицот
АВТОМАТСКИ/РАЧНО (од 20 мм до 200 мм)Аголот на гледање при фокусна должина од 14 мм се опфаќа со широкиот панел
Режим на блиц
TTL/РАЧНО/ПОВЕЌЕ
Времетраење на блицот (прибл.)
До 2,8 ms (1/1 РАЧНО)
Температурата на боите (прибл.)
5500K
Фреквенција (прибл.)
0,1-2,5 секунди (алкална батерија)/0,1-1,7 секунди (Ni-MH-батерија)
Повторување (Прибл.)
Повеќе од 150 пати (алкална батерија)/повеќе од 220 пати (Ni-MH-батерија)
Перформанси за континуиран блиц
40 блицови, со 10 блицови во секунда
Одбивање на блицот
Да
Агол на одбивање
Нагоре 150 степени (0 степени/30 степени/45 степени/60 степени/75 степени/90 степени/120 степени/150 степени) Надолу 8 степени, Лево и десно 90 степени (0 степени/30 степени/45 степени/60 степени/90 степени)
Блиц за тестирање
Да
Контрола на блицот
Контрола на блицот со пробен блиц (P-TTL/ADI)
Компензација на блицот
Да
Менување ниво на моќност
25 нивоа (1/1-1/256) 1/3 чекори
Синхронизација со голема брзина (HSS)
Да
Блиц за моделирање
Да
Вграден широк панел
Да (14 мм)
Вграден панел за одбивање светлина
Да

AF осветлување

AF осветлување
Да
Работен опсег (прибл.)
0,5-3 м [[F_DN0028]]/0,5-10 м

Безжично користење со контрола преку радиосигнали

Безжично користење со контрола преку радиосигнали
Да (управувач/приемник)
Фреквенции
2.4 GHz појас
Канали
14 канали (автоматски/рачно)
Растојание на комуникација (прибл.)
30 м
Групи
3 групи (TTL/РАЧНО), 5 групи (фотографирање со група блицови)
Максимален број на блицови
15 уреди
Контрола на соодносот за осветлување
3 групи (TTL)

Безжично користење со контрола преку оптички сигнали

Безжичен блиц со оптичка контрола
Да (управувач/далечински)
Канали
4 канали
Растојание на комуникација (прибл.)
5 м
Групи
3 групи
Контрола на соодносот за осветлување
3 групи (TTL)

Функција со LED диоди

Интензитет на централно осветлување (прибл.)
1200 lx (0,5 м)/300 lx (1 м)
Растојание на осветлување (прибл.)
2 м (кога снимате видеоснимки поставете ISO 3200 и F5,6)
Поддржани фокусни должини
35 мм (агол на гледање со формат од 35 мм)
Континуирано време на осветлување (прибл.)
1 час (со алкална батерија од Sony со AA големина)
Температурата на боите (прибл.)
5500K
Менување ниво на моќност
15 чекори

Други функции

Автоматска контрола на зумот оптимизирана за големината на сензорот за слика
Да
Поставки за дистрибуција на блицот
Да
Автоматско прилагодување на балансот на белата боја
Да
Прилагодено поставување на копчиња
Да
Поставки за меморија
Да
Далечинско активирање
Да

Екран

LCD панел
Да (точкеста матрица)
Индикатор за напредокот на полнење
-

Надворешни приклучоци

Терминал за синхронизација
Да (ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ)
Повеќе/микро USB приклучок
Да

Извор на напојување

Извор на напојување
Четири Ni-MH или алкални батерии со AA големина
Адаптер за надворешна батерија
-

Други карактеристики

Дизајн кој е отпорен на прав и влага
Да

Функции

Слика од Брз блиц

Моќ GN60 и поддршка за голем опсег на фокусни должини на објективот

Големата излезна моќ GN60 на овој блиц на прикачување нуди доволно моќ за многубројни ситуации за фотографирање. Фокусните должини на објективот од 20 мм до 200 мм (14 мм со широк панел) се поддржани со соодветна покриеност на блицот. Фокусната должина може да се избере според потребата.

Погледнете ги деталите

Слика од Брз блиц

Поддршка за континуирано фотографирање

Времето на циклусот за полнење е 1,7 секунди или само 0,6 секунди со адаптерот за надворешни батерии (FA-EBA1) (изборен) при континуирано фотографирање. При континуираното фотографирање се одржува правилна синхронизација на блицот, за минимални грешки во активирање на блицот и уништени снимки.

Дознајте повеќе за FA-EBA1

Слика од Брз блиц

Оригинална технологија за брзо исфрлување со поместување од Sony

Брзото менување на положбата на блицот од хоризонтална во вертикална, лево или десно за 90°, нагоре за 150° и надолу за 8° овозможува флексибилно позиционирање и оптимално осветлување кога треба брзо да ги промените аглите на кадарот. Подобрениот и компактен механизам идеално одговара на фотоапаратите со E-приклучок, зголемувајќи ја компактната практичност и преносливост на системите со E-приклучок.

Погледнете ги деталите

Слика од Брз блиц

Директно прилагодување на излезната светлина

Независното копче за ниво на излезна светлина (копче LEVEL -/+) овозможува директна контрола врз излезната светлина или компензацијата, за ефикасен работен процес. Деталниот приказ ги олеснува прилагодувањата и потврдата на излезното ниво на блицот, а овозможува и интуитивен пристап до поставките за излезна моќ на безжично впарените блицови. [1] Копче LEVEL -/+ [2] LCD-екран

Погледнете ги деталите

Слика од Брз блиц

Прилагодливи копчиња и меморија на блицот TTL

На контролерот со четири насоки, централното копче и контролното тркало може да доделувате функции за лесно да пристапите до нив кога ќе бидат потребни. Освен тоа, излезната моќ на блицот TTL може да се зачува и повика кога треба да се употреби веднаш или откако ќе направите мали прилагодувања. Ова е уште една функција што може да го олесни работниот процес и да заштеди време.

Слика од Брз блиц

Сигурност во опкружувања со лоши услови

Дизајн што е отпорен на прав и влага и нуди сигурно користење во опкружувања со лоши услови. Заштитата од дожд (изборна) овозможува уште поголема заштита и сигурност. Друга функција што ја зголемува сигурноста е металниот приклучок за повеќе интерфејси. Сите овие функции придонесуваат за поголема сигурност во тешки услови.

Дознајте повеќе за FA-RG1

Слика од Брз блиц

Стабилна безжична комуникација со радиосигнали

Има поддршка и за оптичко далечинско активирање и за безжично активирање со радиосигнали. HVL-F60RM поставен на компатибилен фотоапарат и впарен со надворешни блицови нуди сигурна комуникација со радиосигнали без пречки, во услови што би ја отежнале оптичката комуникација. Поддржува бавна синхронизација, синхронизација со задната завеса и користење повеќе блицови.

Погледнете ги деталите

Слика од Брз блиц

Контрола на повеќе блицови со радиосигнали

Назначете најмногу 15 блицови во најмногу 5 групи и контролирајте ги безжично на оддалеченост до 30 метри. Изборниот безжичен управувач со радиосигнали (FA-WRC1M) и безжичниот приемник на радиосигнали (FA-WRR1) овозможуваат HVL-F60RM да се користи со блицови од Sony што немаат вградена функција за безжична употреба со радиосигнали, како и со HVL-F45RM што поддржува радиосигнали.

Контрола на блицот со P-TTL

Соодветната излезна моќ на блицот се одредува со употреба на пробен блиц за мерење на експозицијата.

Слика од Брз блиц

LED-светло и помош при AF

Вграденото LED-светло е практично за во студио, но и за надворешно фотографирање. Може да се користи и како светло за помош при AF за прецизно автоматско фокусирање при недоволна осветленост. LED-светлото го олеснува и рачното фокусирање во темни услови.

Слика од Брз блиц

Филтри во боја

Филтри во боја што се испорачуваат може да се користат за усогласување или збогатување на постоечкото осветлување за да се добие природен баланс на белата боја или да се создаде специфична атмосфера.

Слика од Брз блиц

Адаптер за одбивање светлина

Испорачаниот адаптер за одбивање светлина може да се прикачи за дополнително распрснување на светлината со што ќе се осветли поширока површина отколку со самиот блиц, а ќе се добијат и помеки сенки. Користете го адаптерот за одбивање светлина со широкиот панел за уште поголем интензитет на ефектот.

Приклучок за синхронизација (ВЛЕЗ/ИЗЛЕЗ)

Терминалот за синхронизација може да се користи и како влез или излез. Како влез, на пример, може да го прима сигналот за активирање што го испраќа мерачот на блицот при поставување на експозицијата. Како излез, може да го препрати сигналот за активирање на блицот до надворешен блиц или сличен уред, за поголема примена со повеќе блицови.

Можност за избор на дистрибуција на светлина

Достапни се три поставки за дистрибуција на светлина: „STD“ за стандардна дистрибуција, „CENTER“ за приоритет на GN и „EVEN“ за приоритет на широк агол.

Синхронизација со голема брзина

За стандардните максимални брзини за синхронизација на блицот, брзината на блендата мора да се намали при употреба на блиц за пополнување при дневна светлина, што го отежнува создавањето ефекти на дефокусирање на заднината. Синхронизацијата со голема брзина му овозможува на блицот да се синхронизира со целиот опсег на брзини на блендата за да може да се користат големи отвори на блендата за создавање ефекти на дефокусирање во секоја прилика.

Звучен сигнал за подготвеност на блицот

Звучниот сигнал за „подготвено“ го информира корисникот кога блицот е целосно наполнет и подготвен за следната експозиција, дури и кога користите безжичен блиц.

Далечинско активирање

Функцијата за далечинско активирање може да се користи за далечинско активирање на блендата на фотоапаратот во синхронизација со еден и повеќе блицови, што овозможува истовремено фотографирање на објект од повеќе агли, на пример.

Повеќе/микро USB приклучок

Блицот може да се поврзе со компјутер преку неговиот повеќенаменски/микро USB-приклучок за практично ажурирање на софтверот.