Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д)
- Прибл. 58,0 x 65,8 x 83,7 мм
- Тежина
- Прибл. 93 гр. (без батерии)
Моќност
- Време на користење
- Прибл. 12 часа (со алкални батерии)
Моќност
- Извор на напојување
- Две алкални батерии со AA големина или NiMH батерии
Безжични функции
- Комуникација
- Радио
- Фреквенции
- Фреквенција од 2,4 GHz
- Канали
- 14 (можност за избор на автоматски/рачно)
- Maкс. Палета
- Прибл. 30 метри
- Групи
- 3 групи (TTL/рачно), 5 групи (група)
- Maкс. Блицови
- 15
- Оперативни модели
- Безжичен блиц (TTL/рачно/група), далечинско активирање
- Менување на ниво на напојување
- 25 нивоа (1/1, 1/2, 1/4, 1/8, 1/16, 1/32, 1/64, 1/128, 1/256) чекори од 1/3
- Синхронизација со голема брзина (HSS)
- Достапно при сите брзини на блендата кај дигиталните фотоапарати со заменливи објективи од Sony што имаат приклучок за повеќе интерфејси
- Блиц за тестирање
- Достапно е копче за тестирање
Надворешни приклучоци
- Приклучок за повеќе интерфејси
- Да
- Терминал за синхронизација
- Да (излез)
- Повеќенаменски/микро USB
- Да
Други
- Работна температура
- 0°C - +40°C
Компатибилни модели
- Компатибилни фотоапарати
- Дигитални фотоапарати со заменливи објективи од Sony
Функции
Контролирајте ги блицовите на едноставен начин преку безжични радиоприемници
Уживајте во сигурноста и флексибилноста на безжичното активирање на блицовите и фотоапаратот со радиосигнали, дури и во услови со силно осветлување или преку пречки, за полесно фотографирање во тешки услови и на пошироки површини (
Одлични можности за безжично користење
Безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M и безжичниот радиоприемник FA-WRR1 имаат максимален опсег до 30 м (98,4 ft) за да ви овозможат флексибилно создавање на системи со повеќе безжични блицови што покриваат голема површина, како и позиционирање на блицот зад фотоапаратот на начин што не би бил можен ако се користи стандарден инфрацрвен систем.
Поврзување со безжични радиоприемници без напор
Поврзувањето повеќе радиоприемници FA-WRR1 со безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M е брзо, за да трошите помалку време за поставување, а повеќе време за фотографирање. За активирање на режимот за впарување треба само да го задржите копчето за вклучување на приемникот неколку секунди, а потоа додадете ги сите приемници на управувачот со радиосигнали.
Практично далечинско потврдување на поставките за блицот
Изберете практично мерење на блицот преку објективот (TTL), рачен режим или најмногу 5 независни групи на блицови за ефикасна контрола на осветлувањето. Со централизираната контрола, при користење на безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M, прилагодувањето на осветлувањето е брзо и лесно.
Далечинско активирање на бленди кај повеќе фотоапарати
Користете повеќе фотоапарати за истовремено фотографирање на објекти од различни агли. Користете го кабелот за поврзување со повеќе приклучоци VMC-MM1 (се продава посебно) за да ги поврзете приемниците со фотоапаратите, а безжичниот управувач со радиосигнали FA-WRC1M за истовремено и далечинско активирање на бленди кај повеќе фотоапарати.
Режими за флексибилно фотографирање со блиц
Направете комбинација од повеќе приемници (до 15 приемници, во најмногу 5 групи) за прецизни безжични преноси. Контролирајте повеќе блицови за покреативни опции за осветлување, со минимална опрема.
Синхронизација со големи брзини за креативно фотографирање
Режимите за стандардна синхронизација 1/250 на блицот и синхронизација со голема брзина (HSS) овозможуваат далечинско користење и создавање системи со повеќе блицови за подвижни објекти и креативно пополнување на сцената со светлина.
За системи со повеќе надворешни блицови
Користете го со безжичните радиоприемници FA-WRR1 за создавање системи со повеќе надворешни блицови
За функцијата за далечинско активирање
Користете го со каблите за поврзување со повеќе приклучоци VMC-MM1, за да можете да ја користите функцијата за далечинско активирање
Компатибилни фотоапарати
Отворете го линкот подолу за да пронајдете компатибилни фотоапарати. Софтверот на некои фотоапарати можеби ќе треба да се ажурира за да можете да ги користите.