Големина и тежина

ТЕЖИНА
Прибл. 27 гр.

Општи карактеристики

ЗВУЧНИК
9 мм, во вид на купола (прифатен CCAW)
ИМПЕДАНСА (ОМИ)
32 Ω при 1 kHz (кога напојувањето е вклучено), 17 Ω при 1 kHz (кога напојувањето е исклучено)
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
5 Hz - 40.000 Hz
ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
103 dB/mW
ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
Прибл. 1,5 м
ПРИКЛУЧОК
Позлатен мини приклучок со 4 пина во форма на L
Време на полнење
Прибл. 2,5 часа (целосно полнење)
СТИЛ НА НОСЕЊЕ
In-ear

Опции на бои

redpinkgreengrayblack

Што има во пакетот

  • Микро USB кабел - прибл. 1,0 м
  • Хибридни силиконски ушни влошки - SS, S, M, L x2 големини
  • Слајд
  • Футрола за носење
  • Адаптер за употреба во авион
  • Упатство за употреба
Placeholder

Функции

Звук со висока резолуција за беспрекорен звук

Уживајте максимално во дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција овозможува беспрекорна репродукција на музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.

Слика од Слушалки за во уво MDR-EX750NA h.ear in со поништување на шум

Дигитално поништување на шумот за помалку пречки

Дигиталното поништување на шум намалува различни амбиентални шумови при слушањето музика. Во слушалките има вградено два микрофони - еден однадвор и еден во куќиштето - кои заедно со дигиталното поништување на шумот ги елиминираат несаканите звуци. 

Слика од Слушалки за во уво MDR-EX750NA h.ear in со поништување на шум

Поништувањето на шумот AI се приспособува кон вашето опкружување

Функцијата за автоматско поништување на шумот AI постојано ги анализира компонентите на амбиенталниот звук во опкружувањето и автоматски го избира најефикасниот режим за поништување шум.

Слика од Слушалки за во уво MDR-EX750NA h.ear in со поништување на шум

Долго траење на батеријата за повеќе музика во движење

При целосно полнење, вградената литиум-јонска батерија на полнење ви овозможува да слушате приближно 16 часа. 

Слика од Слушалки за во уво MDR-EX750NA h.ear in со поништување на шум

Моќен бас со контрола на одзив за ритамот

Технологијата за контрола на одзив за ритамот обезбедува цврст и длабок бас, што ја прави совршена за музичките стилови фокусирани на ниските фреквенции. Акустичкиот отвор на куќиштето го контролира протокот на воздух на нискиот фреквентен опсег и го оптимизира движењето на мембраната за да овозможи попрецизна репродукција на бас.

Слика од Слушалки за во уво MDR-EX750NA h.ear in со поништување на шум

Звучници од 9 мм со висока чувствителност

Новосоздадените звучници од 9 мм нудат комбинација од компактен и лесен дизајн со голема чувствителност низ широк фреквентен опсег. Дизајнирани да поддржуваат звук со висока резолуција, тие нудат моќни ниски тонови и балансирани високи тонови - независно од жанрот на музиката. 

Кабел кој не се заплеткува 

Кабелот има дизајн со засекувања за да ги спречи заплеткувањата, така што слушалките нема да направат јазол.

 Далечински управувач и микрофон кои се вградени во кабелот за повици без користење на рацете

Одговарајте на повици без да ги користите рацете и менувајте песни без воопшто да го допирате вашиот телефон, благодарение на вградениот далечински управувач и микрофон.