Слика од Слушалки за во уво MDR-EX650AP
Слика од Слушалки за во уво MDR-EX650AP
Чист звук, помалку вибрации.

Изработени од месинг за јасен, стабилен звук со мала резонантна фреквенција

Слушнете ја секоја нота со поголема јасност и помалку несакани вибрации. Нашите слушалки MDR-EX650AP користат куќишта од месинг за минимизирање на изобличувањата и широки цевки од месинг за поголема стабилност на звукот. Благодарение на новиот аголен дизајн на ушните влошки кои безбедно се поставуваат во увото, нема ни да забележите дека ги носите.

Мал звучник, но со голема моќ

Слушнете ја секоја нота со совршена јасност преку компактните звучници со голема чувствителност.

Широк фреквентен одзив

Слушајте длабоки ниски тонови и неверојатно високи тонови со зголемен опсег на звукот.

Месингот ги минимизира изобличувањата

Месингот е одличен метал за елиминирање на несаканите вибрации и стабилизирање на звукот. Куќиштето од месинг има помала резонанца од куќиштата од обични материјали и овозможува јасни средни и високи тонови и порамномерни звуци со ниска фреквенција.

Јасен и стабилен звук

Во потрагата по поголема стабилност и појасни високи звуци, користевме проширени цевки од месинг со 15% поголем внатрешен дијаметар за разлика од цевките кај стандардните слушалки.

Прецизно функционирање

Од рок до клупски хитови и познати поп песни - слушајте јасен и моќен звук кој ги нагласува сите детали во вашата музика.

Контрола на одзив за ритамот

Тие користат обликувани отвори за воздух за оптимизирање на ниските фреквенции и прецизна репродукција на ритами со длабок бас.

Неодимиумски звучник од 12мм

Малиот и моќен звучник има купола со иста големина како и звучниците од 16мм, за голема чувствителност и мало изобличување.

Извонредно голема чувствителност

Чувствителноста ја мери ефикасноста со која електричниот сигнал се претвора во звук. Овие слушалки со неверојатно голема чувствителност ќе ви овозможат да ја зголемите јачината на звукот максимално без намалување на јасноста.

Удобно слушање

Дизајнирани да се вметнат во вашите уши и да ви овозможат удобно слушање со часови.

Аголен профил

Звучникот со мали димензии се поставува во задниот дел од вашите уши и нуди многу удобно вметнување и подобра звучна изолација.

Хибридни силиконски ушни влошки

Изработени од тврд силикон за долготрајност и помек силикон на надворешноста за удобност. Четири големини на ушни влошки за сигурно вметнување во вашите уши.

Подготвени за патувања

Практични за користење со паметни телефони, дизајнирани да ве следат секаде

Со тежина од приближно 9 гр. и испорачана торбичка за носење, овие слушалки се одлични за слушање во движење. Засечениот кабел спречува заплеткувања и има лизгач за прилагодување на неговата должина. Одговарајте на повици без користење на рацете со помош на вградениот далечински управувач.

Прилагодете ја вашата музика

Преземете ја бесплатната апликација SmartKey од Sony и поставувајте ги функциите за музика на вашиот паметен телефон со Android. Репродуцирајте, паузирајте, прескокнувајте песни и менувајте ја јачината на звукот, сето тоа преку слушалките.

Контрола врз вашите повици

Прилагодете го копчето за повици на вашиот паметен телефон со Android. Одговарајте на повици или, пак, прилагодувајте ја јачината на звукот со далечинскиот управувач на кабелот. Сето тоа е можно со бесплатната апликација SmartKey од Sony.

Спецификации и функции

  • Куќиштето од месинг и цевката за звук ги минимизираат несаканите вибрации

  • Дизајн за удобно и безбедно вметнување

  • Неодимиумски звучници од 12мм за динамички звук

  • Фреквентен опсег од 5–28.000Hz

  • Далечински управувач и микрофон на кабелот, компатибилни со паметни телефони

Звучник
12 мм, динамички – тип на купола
Фреквентен одзив
5–28.000Hz
Должина на кабел
1,2 м

Што има во пакетот

Футрола за носење, Прилагодувач на должината на кабелот на слушалките, Ушни влошки, Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина