Слика од Поден стерео звучник
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Повторно создавање на чувството од концертните сали

SS-NA2ES е наменет за луѓето кои очекуваат звук со најфин квалитет и беспрекорна изработка. Се добива префинето доживување при слушањето кое ќе внесе реалистичност во музиката и филмовите.

Изработка за добивање на природен звук

Европската бреза е материјал кој е познат по својата акустична резонанса. Обработена со користење на традиционални техники, таа нуди топол звук со музичка прецизност.

Скандинавско дрво
Европско дрво

Големата густина на европската бреза обезбедува идеално одекнување на звукот.

Јапонска изработка
Јапонска изработка

Традиционалните јапонски методи за преработка на дрво овозможуваат голема цврстина на куќиштето.

Слушнете го секој одделен инструмент

Системот I-Array™ се одликува со уникатен дизајн и распоред на високотонци кои овозможуваат комбинирање на повеќе извори на звук без никаква обоеност или мешање на звуците.

Систем I-Array™
Дводелно куќиште
Раздвојување на високите од ниските фреквенции

Дводелното куќиште кај звучникот овозможува изолирање на вуферот од другите одделни звучници. Ова го спречува пренесувањето на вибрациите и обезбедува чист природен звук.

Звук од подот до таванот

Секој од подните звучници има 6 составни звучници, почнувајќи од високотонец со мека купола од 25мм за високите фреквенции, па сè до 2 вуфери со двоен погон од 165мм за длабоките басови.

Подготвени за домашно кино

SS-NA2ES функционира беспрекорно со серијата ES на звучници од Sony, овозможувајќи реалистична репродукција на музиката и впечатливи филмови.

Звук со широк опсег

Не пропуштајте ниту една нота. SS-NA2ES ви овозможува да слушате кристално јасни високи и длабоки ниски тонови со фреквентен опсег од 45Hz до 45kHz.

Спецификации и функции

  • 3-системски подни звучници со 6 составни звучници и бас рефлекс

  • I-Array систем на високотонци за природен звук

  • Рачно изработено куќиште од цврсто европско дрво

  • Дводелно куќиште за изолирање на вуферите

  • Фреквентен опсег од 45Hz до 45kHz

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина