HI-FI-СИСТЕМИ

Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

SHAKE-X3D
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Слика од Домашен аудио систем со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Внесете моќен бас во домот

Без разлика дали правите забава или уживате во омилените песни, со SHAKE-X3D може да го почувствувате секој ритам. Тој се одликува со двосистемски звучници и технологија Sound Pressure Horn кои обезбедуваат звук со јачина од 2300 W (1200 W RMS, 114,0 dB SPL). Згора на тоа, LED светилките на звучникот и диџеј ефектите го зголемуваат уживањето во забавата.

Ниво на звучен притисок од 2300 W

Зголемете ја јачината на звукот на омилените песни. Со Sound Pressure Horn, SHAKE-X3D ќе ја исполни вашата просторија со моќен звук од 2300 W.

Создаден за моќен бас

Слушајте моќни удари на басот преку масивниот конусен вуфер од 25 см (9,8”). Тој нуди огромна моќ и е совршен за слушање листи за репродукција со зголемена јачина на звук.

Поголем притисок, поголема моќ

Уживајте во помоќен звук со новата технологија Sound Pressure Horn

Преклопената комора на хорната и зголемениот излезен отвор го зголемуваат акустичкиот притисок за да се создаде јачина на звук од 2300 W, како и моќен бас кој навистина можете да го почувствувате.

Вертикален дизајн на кутиите за безжичен домашен систем за звук со Bluetooth®
Систем за звук со двосистемски звучници за во домот
Слушнете ги сите високи и ниски тонови

Звук со целосен опсег од систем со двосистемски звучници

Систем со двосистемски звучници кој се одликува со високотонец од 2,5 см (1”) за јасни вокали и високи тонови, како и вуфер од 25 см (9,8”) кој репродуцира средни и ниски тонови.

Паметна голема моќ
Паметна голема моќ

Нашата енергетски ефикасна технологија Sound Pressure Horn создава поголем акустички притисок при помала излезна моќност - тоа е подобро и за звукот и за опкружувањето.

Слушнете повеќе од секоја песна

Процесор за подобрување на дигитален звук (DSEE)

DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со CD квалитетот.

Домашен систем за звук со DSEE
Подеднакво добар изглед и звук

SHAKE-X3D има одличен дизајн кој го прави совршен централен уред за вашата забава. Острите рабови, контролите од брусен алуминиум и осветлените копчиња го разубавуваат овој моќен систем, бидејќи за одлични забави треба одличен дизајн.

Чувствувајте ја музиката и гледајте ги боите

Направете реалистична атмосфера за танцување на забавата со живописните LED светилки во разни бои кои се синхронизираат со ритамот на вашата музика. Изберете од многубројните бои и шаблони за да ги пронајдете совршените поставки за вашата забава.

Поврзете се

Репродуцирајте ги омилените песни и листи за репродукција од одредени паметни телефони преку SHAKE-X3D. Користете NFC поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth® врска и веднаш започнете да проследувате.

Домашен систем за звук со NFC и Bluetooth®
Апликација Fiestable за вашиот систем за звук во домот
Задржете ја контролата врз забавата

Преземете ја апликацијата Fiestable за да ги контролирате светилките на звучниците, додавајте диџеј ефекти, уживајте во гласовна репродукција или, пак, прескокнете до следната песна - сето тоа преку паметниот телефон.

Подобрете ја забавата

Натерајте ги сите да танцуваат со одличните функции за забава. Бидете креативни со големиот избор на диџеј ефекти - од распространување на звукот и изолирање на вокали до додавање звучни ефекти и WAH, како и ефекти на семплирање и скречување. Со Party Chain (проследување забава), можете да поврзете и синхронизирате повеќе системи со аудио кабли за да добиете помоќен звук.

Домашен систем за звук со DVD плеер и функции за караоке
Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Репродуцирајте караоке DVD дискови и пејте пред екранот. Достапни се два приклучоци за микрофони и голем број функции - режимот караоке PON ги стишува вокалите на CD дискот за да можете да пеете.

Побарајте ја вашата колекција филмови

Уживајте во омилените филмови со SHAKE-X3D

Благодарение на вградениот DVD плеер, можете да ги погледнете сите ваши омилени филмови на едноставен начин. Поврзете го системот со вашиот телевизор и оптимизирајте го звукот со трите поставки за подобрување.

MEGA BASS
Засилете го басот

Едноставно вклучете ја функцијата MEGA BASS и подобрете ги вашите песни и омилени динамични сцени.

Режим за фудбал
Седнете во првите редови покрај теренот

Режимот за фудбал ви овозможува да ги подобрите природните амбиентални звуци на спортските настани кои ги гледате. Можете дури и да го намалите гласот на коментаторот и да се чувствувате како дел од публиката.

ClearAudio+
Слушајте гласно и јасно

Слушајте музика со неверојатна острина со ClearAudio+. Ова е колекција на технологии за звук од Sony кои ја оптимизираат репродукцијата на целата ваша музика.

Апликација SongPal за едноставна контрола на вашиот систем за звук во домот
Далечинскиот управувач станува паметен со SongPal

Цел свет на музика во вашите раце

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја на вашиот мобилен телефон и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку оваа апликација.

Приклучете, репродуцирајте, префрлете

Два USB приклучоци и CD плеер отпорен на прав

Лесно копирајте и префрлувајте песни од CD на USB уред или од еден USB уред на друг без да користите компјутер. Можете да ги репродуцирате омилените MP3 песни, да ги доживеете одново вашите стари CD дискови или да направите листа за репродукција.

Домашен систем за звук со два USB приклучоци и CD плеер
Домашен систем за звук со два аудио влеза
Два аудио влеза

Поврзете го SHAKE-X3D со вашиот телевизор, конзола за игри или втор систем за звук за да добиете повеќе опции за забава.

Домашен систем за звук со FM/AM радио
FM/AM радио

Слушајте ги омилените емисии или настапи на диџеи во живо со FM/AM радиото.

Спецификации и функции

Без разлика дали приредувате забава или ги слушате омилените песни, ќе го почувствувате секој ритам со SHAKE-X3D. Тој располага со систем со двосистемски звучници и нова технологија Sound Pressure Horn, која овозможува моќни и резонантни бас тонови. LED диодите на звучниците и диџеј ефектите лесно ја претвораат секоја соба во раздвижен подиум за танцување.
  • Нова технологија Sound Pressure Horn за моќен бас

  • Приказот со LED светилки и диџеј ефектите создаваат атмосфера за забави

  • Подобрувањето со DSEE го обновува квалитетот кај компресираните фајлови

  • Музика со одличен звук во еден чекор со ClearAudio+

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

Излезна моќност- преден(RMS 10%THD)
1200W
Излезна моќност - музичка моќност
1200W
Влезни и излезни приклучоци
USB приклучоци(2), Аналоген аудио излез(1), Аналогни аудио влезови(2), Влезови за микрофон(2 (6φ)), Композитен видео излез(1), Предни излези за звучници(2)
Големина на главен уред (Ш x В x Д)
455 × 165 × 330 мм
Големина на преден звучник (ШxВxД)
368 × 585 × 358 мм

Што има во пакетот

Кабел за наизменична струја, Антена, Батерија (AAA/манган), Далечински управувач (RMT-AM120U), Упатство за употреба

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина