Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Големина на главен уред (Ш x В x Д)
- 455 × 165 × 330 мм
- Тежина на главен уред
- 5,9 кг
- Големина на преден звучник (ШxВxД)
- 368 × 585 × 358 мм
- Тежина на преден звучник
- 14,5 кг
Засилувач
- Излезна моќност- преден(RMS 10%THD)
- 1200W
- Излезна моќност - музичка моќност
- 1200W
- EQ со поставени параметри
- Музика
- Функција за засилување на басот
- BASS BAZUCA
- Тајмер на приемник (снимање/репродукција/заспивање)
- ДА/ДА/ДА
- CD тајмер (снимање/репродукција/заспивање)
- Не/Да/Да
- Режим за заштеда на енергија
- Да
Функции
- CD функции
- Да
- DVD функции
- Да
- ПРИЕМНИК
- Да
- USB
- Да
- Bluetooth®
- Да(iAP преку BT)
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- USB приклучоци(2), Аналоген аудио излез(1), Аналогни аудио влезови(2), Влезови за микрофон(2 (6φ)), Композитен видео излез(1), Предни излези за звучници(2)
Функции на приемникот
- Опсег на поставување (FM)
- 87,5-108MHz/50KHz
- Опсег на поставување (AM)
- 531kHz-1602kHz/9kHz чекор
- Однапред поставени станици
- FM20 / AM10
- RDS (PS / PTY / EON)
- Да
- Приклучок за надворешна антена
- Да (75 оми)
DVD / SACD / VCD / CD плеер
- DVD
- Да
- DVD+R
- Да
- DVD+R DL
- Да
- DVD+RW
- Да
- DVD-RW (видео)
- Да
- VCD
- Да
- JPEG
- Да
- CD
- Да
- CD-R
- Да
- CD-RW
- Да
- 8см диск (CD)
- Да
- 8см диск (DVD)
- Да
- mp3
- Да
- WMA
- Да
- AAC
- Да
Поврзување во мрежа
- NFC
- Да
- Bluetooth®
- Да
Звучник
- Високотонец
- 2,5смx1(тип на хорна)
- Звучник - вуфер
- 25смx1(MRC)
- Звучник - сабвуфер
- 250 мм, конусен тип
- Приклучок за звучници (преден звучник)
- ДИРЕКТЕН КАБЕЛ
- Должина на испорачан кабел (звучник)
- 2,5м
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- недостапно
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
- 0.5W
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 1,7 W (Bluetooth®) / 1,7 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
- Режимот на подготвеност е активиран
- По 15 минути
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 15 минути (Bluetooth®)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- Променете ја поставката за BT STANBY (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ СО BLUETOOTH) (OPTION (ОПЦИИ)-->BT STANDBY (РЕЖИМ НА ПОДГОТВЕНОСТ СО BLUETOOTH)-->ON/OFF(ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО))
Моќност
- Потрошувачка на енергија при работа
- 375W
- Потрошувачка на енергија во режим на подготвеност
- 0.5W
Што има во пакетот
- Кабел за наизменична струја
- Антена
- Батерија (AAA/манган)
- Далечински управувач (RMT-AM120U)
- Упатство за употреба

Функции
Нова технологија Sound Pressure Horn за бас кој можете да го почувствувате
Воодушевете се од моќниот бас со новата технологија Sound Pressure Horn. Дизајнот на внатрешно преклопена хорна ефикасно го зголемува акустичниот притисок преку потиснување на енергијата низ канал за засилување. Резултатот е многу поефикасен во однос на стандардните засилувачи кои трошат енергија и стандардната обработка на сигналот, со што се добива смелост и исполнетост која можете да ја почувствувате во сите бас тонови.
Систем со двосистемски звучници за неверојатно високи тонови и моќни длабоки тонови
Од високи ноти до бас тонови, слушајте звук со целосен опсег од системот со двосистемски звучници, со високотонци од 2,5 см (1”) и вуфер од 25 см (9,8”). Структурата на хорната кај високотонецот создава остри и јасни високи тонови, а сабвуферот го репродуцира најдлабокиот бас – за неверојатно моќен звук.
DSEE ги обновува деталите на вашата дигитална музика
Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.
ClearAudio+ за јасност и острина
Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук - без разлика каква музика ви се допаѓа.
Тенок и компактен за сместување во најмал простор
Со димензии од само 6,5см x 10,5см (2.6” x 4.1”), PlayStation TV е најмалата PlayStation конзола дизајнирана за домашно поврзување со телевизор. Бидејќи е многу тенка и компактна, лесно ќе ја сместите во тесен простор во соби во кои просторот ви е многу важен.
MEGA BASS додава моќ на вашите бас тонови
Притиснете го копчето MEGA BASS за да им дадете голема моќ на ниските фреквенции на вашата музика. Тоа е можно преку засилување на бас тоновите за да се добие помоќен звук. Само притиснете го копчето за да го активирате режимот и воодушевете се од резонантниот бас.
Режимот за фудбал ве носи на стадион
Прекрасната игра никогаш не звучела толку добро. Користејќи ги акустичките податоци снимени на фудбалски стадион во Бразил, овој наменски режим го подобрува природниот амбиентален звук кај спортските настани, со цел да се чувствувате како да сте дел од публиката. Не ви се допаѓа коментаторот? Посебно дизајниран алгоритам внимателно го следи звукот и овозможува целосно отсекување на гласот на коментаторот.
LED диодите на звучниците создаваат атмосфера за забава
Загрејте ја атмосферата со LED осветлување на звучниците како во ноќните клубови. Звучниците со LED диоди се достапни во десет шаблони за бои, од чиста бела до виножито. Синхронизирајќи се со ритамот, моќта и брзината на приказот со светилки одговара на музичкото расположение и атмосферата
Контролирајте ја вашата забава со апликациите Fiestable
Контролирајте ја забавата од подиумот за танцување со апликацијата за забава. Едноставно преземете ја на вашиот паметен телефон и уживајте во безжичната контрола над вашите поставки за забава. Сменете ја бојата на LED диодите на звучниците или експериментирајте со диџеј ефектите и звучните ефекти на микрофонот за да ја прилагодувате забавата на забавен начин.
Party Chain (проследување забава) ви овозможува да го проширите вашиот систем на звучници
Додајте дополнителна моќ на вашиот систем за звук. Верижно поврзете повеќе SHAKE уреди за создавање повисока излезна моќност на звукот, без доцнење на звукот меѓу системите. Активирајте еден уред да биде ‘домаќин на забавата’ и понудете ѝ на забавата потполно ново ниво на звук.
Диџеј ефектите ви овозможуваат да оставите сопствен белег на песните
Забавувајте ја публиката со диџеј ефектите. Четири различни ефекти за подготовка на вашата забава: Flanger создава длабок, громогласен ефект; WAH го изобличува звукот; Isolator издвојува одреден фреквентен појас; a PAN го префрлува звукот меѓу звучниците. Можете да ги користите диџеј ефектите преку апликацијата Fiestable и контролата со гестикулации, така што никогаш не било полесно да бидете креативни при составувањето на листите за репродукција за забавите.
Функциите за караоке ви овозможуваат да пеете заедно со песната
Лесно организирајте караоке натпревари со вашите пријатели: само поврзете го SHAKE-X3D со телевизор, вметнете DVD со караоке и запејте ги зборовите што се појавуваат на екранот. Двата влезови за микрофон и функциите како резервација на песни, бодување и ехо ви овозможуваат да ги здружите силите со вашите пријатели за најдобриот натпревар во пеење. Вградениот Караоке PON дури и ги стишува гласовите на CD дисковите за да можете да ги пеете омилените песни.
Поврзување преку Bluetooth® за едноставно проследување
Основана на радио бранови, технологијата Bluetooth® ви овозможува да воспоставите брзо, безжично поврзување на кратко растојание каде што патеката на сигналот нема да биде попречена од предмети. Штом ги впарите, слободно можете да ги проследувате вашите омилени содржини – вклучувајќи филмови, слики и музика – од вашиот паметен телефон или таблет уред на компатибилен уред.
Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика
Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди
Обединете ја вашата музика со SongPal
Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Wi-Fi или Bluetooth® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или омилена онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук.
Двата USB приклучоци ви овозможуваат да приклучите и репродуцирате
Репродуцирајте песни складирани на USB и снимајте ги на CD или на друго USB. Едноставно поврзете го вашиот уред на PLAY/REC приклучокот и ќе бидете подготвени за пренесување. Доколку снимате директно на USB, исто така е можно да се надгради бит-стапката од стандардните 128kbps на 256kbps за подобрен квалитет на звукот.
Вграден CD плеер за вашата колекција од дискови
Слушајте класични албуми или дискови со компилации со вградениот CD плеер. Овој домашен аудио систем е компатибилен со CD, CD-R и CD-RW дискови – така што ќе можете да уживате во секаква музика, почнувајќи од студио снимки до музички компилации и преземени песни.
Аудио влезови за проширување на вашиот систем за звук
Извлечете максимум од вашиот домашен аудио систем. Двата RCA аудио влезови ви овозможуваат да се поврзете со телевизор, конзола за игри или дополнителен SHAKE уред за поголема моќност на тоа што го слушате или гледате.
FM/AM радио приемник за вашите омилени емисии
Сакате а ги слушнете вашите омилени диџеи? Едноставно вклучете се преку FM/AM вртливото копче на радиото и дознајте што се нуди.