Збогатете ја забавата со моќен звук од 360° и јасни вокали
Овозможете им на сите да танцуваат и да ги пеат нивните омилени песни, без разлика во кој од просторијата се наоѓаат. Благодарение на ЗВУКОТ ОД 360°, басот со голем опсег што го создава JET BASS BOOSTER и четирите среднотонци, вашите забави ќе бидат исполнети со моќен звук и јасни вокали.
Слушајте ја музиката како да се изведува во живо
Технологијата DSP создава атмосфера како на фестивал преку збогатување на вашата музика со реалистичен амбиент како на фестивалите и концертите во живо.
Обновете ги деталите во дигиталната музика
Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) ги обновува деталите во компресираните датотеки за музика, создавајќи висококвалитетен звук што повеќе наликува на оригиналната CD-снимка.
Осветлете го целиот простор за забава
Со светилките за забава од 360° и светилките во звучниците може да осветлувате дури и големи простории со црвени, сини и зелени бои за да добиете реалистична атмосфера како во ноќен клуб или фестивал под отворено небо.
Уживајте во светилките за забава од 360°
Погледнете го видеозаписот за светилките за забава од 360°.
Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас
Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Или, пак, внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.
Бидете диџеј со контролата со гестикулации
Прескокнувајте песни, променете од „flanger“ во WAH, зголемете ја јачината на микрофонот за караоке, контролирајте го микрофонот и музиката или засилете ја јачината на звукот со вертикално или хоризонтално замавнување со дланката. Контролата со гестикулации ви овозможува брза и лесна контрола на функциите на MHC-V82D за да се забавувате без прекин.
Обидете се да држите ритам со режимот Taiko
Внесете сопствен ритам на тропање во музиката со режимот Taiko и дознајте дали вашиот ритам е подобар во натпревар против пријателите со режимот Taiko Game.
Гласовна контрола преку Fiestable
Менувајте песни, вклучете го осветлувањето, активирајте трепкање во сите бои со вашиот глас. Изберете гласовна контрола преку апликацијата Fiestable и изговорете ја вашата команда - достапни се 39 команди што вклучуваат репродукција на музика, осветлување и режим за КАРАОКЕ.
Светилки за забава преку Fiestable
Допрете ја опцијата за светилки за забава во апликацијата Fiestable на вашиот паметен телефон и неговиот екран ќе почне да ги прикажува светлосните ефекти на системот за звук и ќе трепка и ќе ја менува бојата според музиката.
Станете крал на забавата
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Управувајте со забавата од подиумот за танцување
Апликацијата Sony | Music Center ви овозможува да ги контролирате поставките за музика и звук преку вашиот телефон. Апликацијата Fiestable, пак, ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со само еден потег со дланката, благодарение на интуитивната контрола со движења.
Sony | Music Center за Android
Sony | Music Center за iOS
Fiestable за Android
Fiestable за iOS
Филмови и телевизија, отсега со подобри ефекти
Поврзете го MHC-V82D со вашиот телевизор и уживајте во омилените филмови, телевизија и спорт на потполно нов начин.
HDMI™ излез
HDMI (ARC) излезот овозможува лесно поврзување на системот со вашиот телевизор. Гледајте телевизија и DVD-филмови на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во моќниот звук од звучниците на MHC-V82D.
Вграден DVD-плеер
Уживајте во возбудата од секоја сцена со моќен звук и звучен притисок што ќе ве внесат во центарот на случувањата. Претворете ја дневната соба во кино и приредувајте неверојатни филмски ноќи.
Подобрете ја забавата со дополнителни звучници
Уживајте во посилен звук со поврзување повеќе домашни системи за звук преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни домашни системи за звук и синхронизирајте ја музиката со осветлувањето.
Беспрекорно проследување со NFC и Bluetooth®
Користете NFC-поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth®-врска и веднаш започнете да проследувате.
Квалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC™
LDAC™ пренесува приближно трипати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth®-звук, за врвно безжично слушање.
Поврзување со повеќе уреди
Технологијата Bluetooth® ви овозможува заедно со пријателите да впарите најмногу три паметни телефони со MHC-V82D во исто време. Така ќе уживате во песни од сите ваши музички збирки.
Издржлив контролен панел отпорен на прскање
Горната површина на MHC-V82D е отпорна на прскање и лесно се чисти, така што забавата ќе продолжи дури и ако истурите пијалак. Достапно е и копче „Party Lock“ што ги блокира сите други копчиња во период од 30 секунди, за да можете да исчистите.
Навалете и тркалајте за лесно пренесување
Кога ќе посакате да го поместите MHC-V82D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркала ви овозможуваат да го донесете на секоја забава.
Спецификации и функции
Организирајте забава за повеќе луѓе со ЗВУК ОД 360° и бас со голем опсег. Танцувајте и пејте заедно со јасни и директни вокали, трепкачко осветлување од 360° за забави, светилки во звучниците и препуштете му на секого да биде диџеј со контролата со хоризонтални и вертикални гестикулации или преку вашиот паметен телефон.