Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®
Чувствувајте се како на концерт, каде и да сте. Со ЗВУКОТ ВО ЖИВО од 360° и осветлувањето што ги нуди MHC-V81D, сите на забавата ќе можат да уживаат во истиот висококвалитетен звук и атмосфера како на концерт.
Чукајте на ударен инструмент според ритамот на музиката со допирање на панелот на допир. Натпреварувајте се со пријателите со режимот Taiko Game.
Користете NFC-поврзување со еден допир за да воспоставите Bluetooth®-врска и веднаш започнете да проследувате.
Рачката и тркалото овозможуваат лесно тркалање на MHC-V81D од едно на друго место.
Уживајте во звук со истиот висок квалитет, без разлика каде стоите на забавата. ЗВУКОТ ВО ЖИВО ОД 360° го распространува звукот во секоја насока за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.
Осветлете го целиот простор за забава со светилките за забава од 360° и уживајте во реалистична атмосфера како во ноќен клуб или на фестивал.
Внесете сопствен ритам на тропање во музиката со режимот Taiko и дознајте дали вашиот ритам е подобар во натпревар против пријателите со режимот Game.
Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење песни. Внесете доза на рокенрол во забавата со приклучување гитара во еден од влезовите и користете го системот како засилувач за гитара. Користете три режими - „Јасен“ за јасен звук, „Прекумерно засилување“ за изобличен звук на гитарата и „Бас“ за вашата бас-гитара.
Збогатете ја забавата со еден лесен потег. Забавната и интуитивна контрола со гестикулации ви овозможува контрола на сите функции за забава, меѓу кои и ефектите за диџеи, миксетата и функциите за караоке. За да менувате песни треба да прелистувате лево и десно, или нагоре и надолу за менување на јачината на звукот. Разубавувањето на вашата забава никогаш не било позабавно.
Уживајте во помоќен звук со поврзување повеќе аудио системи во домот преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни аудио системи во домот и синхронизирајте ги музиката и осветлувањето.
Sony | Music Center овозможува контрола на музиката и поставките за звукот преку телефон. Fiestable ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со раката, благодарение на интуитивната контрола со движења.
Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.
Вклучете го режимот за фудбал на MHC-V81D за да уживате во реална атмосфера како на стадион. Исклучете го коментаторот за да уживате во навивањето на публиката, преку минимизирање на звукот на коментаторот и зголемување на звукот на публиката.
Гледајте филмови на едноставен начин преку вградениот DVD-плеер и уживајте во богат звук што внесува реалистичност во вашите омилени сцени.
Гледајте ги омилените серии на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во силен звук од вашите моќни звучници.
Горната површина на MHC-V81D е отпорна на прскање и прав и лесно се чисти, така што ќе можете да продолжите со забавата цела ноќ, дури и ако истурите пијалак.
Кога ќе посакате да го поместите MHC-V81D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркала ви овозможуваат да го донесете на секоја забава.
Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони во исто време преку технологијата BLUETOOTH®.