Функции

CD
Да
DVD
Да
USB1
Да
FM
Да
Аудио влез 1
Да
TV
Да (HDMI), (АУДИО ВЛЕЗ)
Bluetooth®
Да(iAP преку BT)

Влезови и излези

Аналоген аудио влез
1
Аналоген аудио излез
1
HDMI® излез
1
Композитен видео излез
1
USB влез
1
Влез за микрофон
2 (еден приклучок за 6φ/гитара - МИКРОФОН 2/ГИТАРА)

Функции на звук

Музички еквалајзер
Музика (еквалајзер според емоции)
Режим за фудбал
ДА
Видео EQ
ФИЛМ/ИГРИ/ДРАМА/ВЕСТИ
Режим FIESTA
Да
Функција за засилување на басот
MEGA BASS
DSEE дигитално подобрување на звукот
DSEE (АВТОМАТСКИ)
Party Chain(жично)
Да
Функција за додавање звучник (Bluetooth®)
Да
ClearAudio+
Да

Опкружувачки звук

Dolby® Digital
Да
Кино простор/опкружувачки звук
-/Да

Забава со звук

Звучни ефекти
Да
Изолатор
Да
Распространување
Да
Wah
Да
Семплер
Да (гребнатини и друго)

Ефект на осветлување

Светилка во звучникот
Да (небесно сина боја за вуфер и среднотонец)
Светло за забави
Да (светилки за забава од 360°, Ц/З/С)

Караоке

Регулирање на јачината на вокалот
Да (за сите функции)
Контрола на копчиња
Да (за сите функции)
Бодување
Да (за сите функции)
Микрофон јачина на звук
Да (за сите функции)
Ехо
Да (за сите функции)
Вокален водич
Да (за сите функции)(само апликации)
Промена на глас
Да (за сите функции)

Практични функции

Контрола со гестикулации
Да
Тајмер за заспивање
Да
Излез за полнење преку USB приклучок
1A
Копчиња на допир
Да (горниот панел е отпорен на прскање)
USB СНИМАЊЕ
Да

Потрошувачка на енергија

Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност)
0.5W

Безжично поврзување

Впарување со NFC со еден допир
Да

Bluetooth®

LDAC
Да
AAC
Да
A2DP(приемник)
Да
AVRCP
Да (вер. 1.3)
SPP
Да

Апликација

Компатибилни апликации за паметни телефони
Да (Music Center и Fiestable)

Спецификации на приемник

Појас
FM
RDS
Да
Опсег на поставување (FM)
87,5-108MHz/50KHz
Меморирани канали
FM20

Општо

Заклучување на местото за поставување
Да
Заклучување за деца
Да
Отпорност на прашина / водоотпорност
Отпорност на прав/прскање (само контролниот панел)
Заклучување за забави
Да
Рачка за носење
Да (преден и заден)
Тркалца
Да

Дискови кои можат да се репродуцираат (аудио)

CD
Да
CD-R
Да
CD-RW
Да
8см диск (CD)
Да
8см диск (DVD)
Да

Дискови кои можат да се репродуцираат (видео)

DVD
Да
DVD+R
Да
DVD-R
Yes
DVD+R DL
Да
DVD+RW
Да
DVD-RW (видео)
Да
VCD
Да

Формати на репродукција (податоци)

MP3
Да
Xvid
Да
Mpeg4 *едноставен профил
Да (поддршка и за MPEG1)

Спецификации на преден звучник

Високотонец
5 смx4 (конусен тип)
Среден опсег
12 смx2, 10 смx2 (конусен тип)
Бас
30 см x 1

Главен уред

Димензии на главен уред (ШxВxД см)(прибл.)
44,5 x 106,0 x 42,7
Тежина (кг)(прибл.)
26,5 кг

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
2,0 W (HDMI CEC, Bluetooth®, сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (HDMI CEC, Bluetooth)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
BT STANDBY: променете ја опцијата BT STANBY (OPTION-->BT STANDBY-->ON/OFF)

Што има во пакетот

  • FM антена
  • Далечински управувач:
Placeholder

Функции

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Уживајте во ЗВУК ВО ЖИВО ОД 360°

Уживајте во звук со истиот висок квалитет, без разлика каде стоите на забавата. ЗВУКОТ ВО ЖИВО ОД 360° го распространува звукот во секоја насока за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Звучници под агол

Среднотонците и високотонците го насочуваат звукот врз поширока површина.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Задни високотонци

Задните високотонци спречуваат загуби во квалитетот на звукот за сите што стојат зад системот.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Распространувачки генератор на звук

Генераторот за распространувачки звук го насочува звукот низ целиот подиум за танцување за да можат сите да уживаат во слична острина и јачина на звук.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Осветлување на забави од 360°

Осветлете го целиот простор за забава со светилките за забава од 360° и уживајте во реалистична атмосфера како во ноќен клуб или на фестивал.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Режим Taiko

Свирете со урнеци од бонго, тарабука, сурдо и јапонскиот тапан Taiko, само со допирање врз горниот панел според ритамот. 

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Режим Taiko Game

Обидете се да држите ритам со режимот Taiko Game - допирајте го горниот панел според трепкањето на светилките и погледнете кој ќе освои најмногу поени за време на забавата.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Разбудете ја поп-ѕвездата во Вас

Забавувајте ги сите - со двата влеза за микрофони може да се натпреварувате со гостите во пеење на вашите омилени песни. Може да внесете и доза на рокенрол во забавата со приклучување микрофон и гитара за одличен музички настап или, пак, приклучете бас-гитара и искористете го звучникот како засилувач со ефекти на прекумерно засилување.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Бидете диџеј со контролата со гестикулации

Збогатете ја забавата со еден лесен потег. Забавната и интуитивна контрола со гестикулации ви овозможува контрола на сите функции за забава, меѓу кои и ефектите за диџеи, миксетата и функциите за караоке. За да менувате песни треба да прелистувате лево и десно, или нагоре и надолу за менување на јачината на звукот. Разубавувањето на вашата забава никогаш не било позабавно.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Подобрете ја забавата со дополнителни звучници

Уживајте во помоќен звук со поврзување повеќе аудио системи во домот преку Bluetooth®. Поврзете најмногу 50 компатибилни аудио системи во домот и синхронизирајте ги музиката и осветлувањето.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Управувајте со забавата од подиумот за танцување

Апликацијата Sony | Music Center ви овозможува да ги контролирате поставките за музика и звук преку вашиот телефон. Апликацијата Fiestable, пак, ви нуди контрола врз боите на светилките и ви овозможува да активирате режими за диџеи и караоке. Правете промени со само еден потег со дланката, благодарение на интуитивната контрола со движења. 

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Станете крал на забавата

Споделете статус за вашата забава на социјалните медиуми со само едно кликнување во апликацијата Fiestable. Потоа, засилете ја јачината на звукот за да ги развеселите сите и да станете вистински крал на забавата.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

HDMI™ излез

Гледајте ги омилените серии на вашиот стандарден екран, а притоа уживајте во силен звук од вашите моќни звучници.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Возбудата од стадионот во вашиот дом со режимот за фудбал

Вклучете го режимот за фудбал на MHC-V81D за да уживате во реална атмосфера како на стадион. Исклучете го коментаторот за да уживате во навивањето на публиката, преку минимизирање на звукот на коментаторот и зголемување на звукот на публиката.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Вграден DVD-плеер

Гледајте филмови на едноставен начин преку вградениот DVD-плеер и уживајте во богат звук што внесува реалистичност во вашите омилени сцени.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Беспрекорно проследување со NFC и BLUETOOTH®

Технологиите Near Field Communication (NFC) и Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Допрете го вашиот уред што поддржува NFC до MHC-V81D за брзо и беспрекорно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку технологијата Bluetooth® и тоа е сè.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Поврзување со повеќе уреди

Заедно со пријателите може да впарите најмногу три паметни телефони во исто време преку технологијата BLUETOOTH®. 

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Уживајте во висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC™

LDAC™ пренесува приближно трипати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос од 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, за врвно уживање во безжичното слушање. 

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

DSEE автоматски ги обновува деталите кај дигиталната музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Горниот панел е отпорен на прскање

Горната површина на MHC-V81D е отпорна на прскање и прав и лесно се чисти, така што ќе можете да продолжите со забавата цела ноќ, дури и ако истурите пијалак.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

Закосување и туркање за поголема преносливост

Кога ќе посакате да го поместите MHC-V81D, фатете ја практичната рачка за носење и навалете го наназад. Цврстите тркала ви овозможуваат да го донесете на секоја забава.

Диџеј ефектите ви овозможуваат да оставите сопствен белег на песните 

Забавувајте ја публиката со диџеј ефектите. Четири различни ефекти за подготовка на вашата забава: Ефектот Flanger создава ефект на длабок звук сличен на звукот на млазен авион; Ефектот WAH автоматски ја поместува фреквенцијата на филтерот нагоре и надолу; Isolator издвојува одреден фреквентен појас; a PAN го префрлува звукот меѓу звучниците. Ефектите за диџеи може да ги користите преку апликацијата Fiestable и контролата со гестикулации, така што никогаш не било полесно да бидете креативни со песните од листите за репродукција.

Слика од Аудио систем V81D со голема моќ и технологија BLUETOOTH®

USB приклучокот овозможува приклучување и репродукција

Репродуцирајте песни складирани во USB-уред или направете листа за репродукција со можност за директно снимање од CD-кон-USB. Само поврзете го вашиот уред во приклучокот PLAY / REC и ќе можете да ја подобрите следната забава со сите ваши омилени песни.