Функции

CD
Не
DVD
Не
USB1
Да (репродукција)
USB2
Не
FM
Не
AM
Не
Аудио влез 1
Да (RCA)
Аудио влез 2
Не
Bluetooth®
Да (iAP преку BT)

Влезови и излези

Аналоген аудио влез
Да (RCA)
Аналоген аудио излез
Да (RCA)
Композитен видео излез
Не
USB влез
1
Влез за микрофон
1

Функции на звук

Музички еквалајзер
EDM / HIP-HOP / R & B / POP / ROCK / COUNTRY / JAZZ / SALSA / FLAT
Еквалајзер за латино музика
Не
Еквалајзер за африканска музика
Не
Режим за фудбал
Не
Видео EQ
Не
Режим FIESTA
Не
Функција за засилување на басот
EXTRA BASS
DSEE дигитално подобрување на звукот
DSEE (АВТОМАТСКИ)
Party Chain(жично)
Да
Функција за додавање звучник (Bluetooth®)
Да
ClearAudio+
Да

Забава со звук

Звучни ефекти
Да
Изолатор
Да
Распространување
Не
Wah
Да
Семплер
Да

Ефект на осветлување

Светилка во звучникот
Да
ЛИНИСКА СВЕТИЛКА 
Да
ТРЕПКАЧКО СВЕТЛО 
Да
БЕСКОНЕЧНО ОГЛЕДАЛО
Да

Караоке

Регулирање на јачината на вокалот
Не
Контрола на копчиња
Не
Резервација на песни
Не
Бодување
Не
Микрофон јачина на звук
Да
Ехо
Не

Практични функции

Контрола со гестикулации
Не
Тајмер за заспивање
Не
Копчиња на допир
Не

Потрошувачка на енергија

Потрошувачка на енергија (во режим на подготвеност)
0,5 W (во еко режим на подготвеност)

Безжично поврзување

Впарување со NFC со еден допир
Да

Bluetooth®

LDAC
Да
apt-X
Не
AAC
Да
A2DP(приемник)
Да (Вер.1.2)
AVRCP
Да (вер. 1.3)
SPP
Да (Вер.1.2)

Апликација

Компатибилни апликации за паметни телефони
Да (Music Center / Fiestable)

Општо

Рачка за носење
Да
Вертикален и хоризонтален распоред
Да (стерео звук за двата распореди)

Спецификации на преден звучник

Високотонец
6 см x3 (конусен тип)
Бас
18 см x2

Главен уред

Димензии на главен уред (ШxВxД см)(прибл.)
336 x 670 x 335 мм
Тежина (кг)(прибл.)
14 кг

Еколошки, заштеда на енергија

Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
недостапно
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
0.5W
Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
1,5 W (Bluetooth) / 1,5 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
Режимот на подготвеност е активиран
По 15 минути
Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
По 15 минути (Bluetooth®)
Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
Инсталирајте ја апликацијата „Sony | Music Center“ во паметниот телефон -- Поврзете го паметниот телефон со уредот преку BT -- Отворете го менито за поставки на Sony | Music Center, а потоа изберете „Друго“ - „Режим на подготвеност со BT“ -- изберете „ВКЛУЧЕНО“ или „ИСКЛУЧЕНО“

Функции

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Почувствувајте го ритамот на EXTRA BASS™

Разиграјте го подиумот за танцување со активирање на EXTRA BASS™. Тој ги подобрува ниските фреквенции на песната и создава ритами што ќе ги раздвижат сите.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Моќ за правење забави насекаде, со батерија на полнење

Нема приклучок за напојување? Батеријата нуди енергија за вашата забава за 16 часа кога светилките се исклучени и јачината на звукот е поставена на 16. При максимална јачина на звук со вклучен EXTRA BASS™ и осветлување може да се забавувате 3 часа. Ако батеријата е слаба, активирајте го режимот на издржливост за поголемо траење на батеријата (4,5 часа).

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Земете ги и појдете

Практичните рачки за носење го олеснуваат пренесувањето на GKT-XB90 на следната забава. 

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Поврзете дополнителни звучници без дополнителни жици

Уживајте во истата песна со безжичниот Party Chain. Поврзете најмногу 10 компатибилни безжични звучници преку технологијата Bluetooth® и синхронизирајте ги музиката и осветлувањето за да можат сите да танцуваат по истиот ритам.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Осветлувањето со бесконечно огледало создава неверојатни визуелни ефекти 

Уживајте во прекрасни ефекти на осветлување со бесконечните огледала. Тие се позиционирани околу светилките на звучниците и бесконечно ја одбиваат светлината наназад и нанапред, создавајќи возбудлива атмосфера за забава.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Повеќе светилките што создаваат атмосфера за забава

Загрејте ја атмосферата со LED осветлување како во ноќните клубови со повеќе извори на светлина. Линиските светилки околу звучниците светат во повеќе бои, од бела боја до ефект на виножито. Светилките во боја на звучниците осветлуваат сè од задната страна, а трепкачките светилки создаваат трепкачки ефекти како во ноќните клубови. Светлината се синхронизира со ритамот и се прилагодува кон атмосферата.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

NFC со еден допир за брзо поврзување

Технологиите Near Field Communication (NFC) и Bluetooth® ја елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете го звучникот за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth®.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

USB приклучокот овозможува приклучување и репродукција

Со помош на USB приклучокот ќе можете да приклучите USB уред и да ги слушате сите ваши дигитални датотеки. Компатибилноста со MP3, WMA и WAV формати ви овозможува да ги слушате омилените листи за репродукција на забавата.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Влезот за микрофон ви овозможува да пеете на забавата

Ако сакате да запеете на забавата треба само да приклучите микрофон. GTK-XB90 ќе ги додаде вокалите директно во музиката.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Контролирајте ги песните со апликацијата Sony | Music Center за Android

Апликацијата Sony | Music Center за Android овозможува избирање песни, менување поставки за звук и создавање листи за репродукција - сето тоа преку вашиот телефон.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Контролирајте ги песните со апликацијата Sony | Music Center за iOS

Апликацијата Sony | Music Center за iOS овозможува избирање песни, менување поставки за звук и создавање листи за репродукција - сето тоа преку вашиот телефон.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Контролирајте ја атмосферата на забавата со Fiestable за Android

Fiestable за Android ви нуди контрола врз боите на светилките, овозможува прилагодување на еквалајзерот или активирање на контролите за диџеи. Направете промени со само еден потег со дланката, благодарение на функцијата за интуитивна контрола со движења.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Контролирајте ја атмосферата на забавата со Fiestable за iOS

Fiestable за iOS ви нуди контрола врз боите на светилките, овозможува прилагодување на еквалајзерот или активирање на контролите за диџеи. Правете промени со замавнување на раката, благодарение на интуитивната контрола со движења.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

ClearAudio+ ја збогатува вашата музика

Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, независно дали играте игри или уживате во музика и филмови.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

DSEE автоматски ги обновува деталите кај дигиталната музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Поврзувањето повеќе уреди им овозможува на повеќе лица да ја контролираат музиката

Заедно со пријателите може да впарите три паметни телефони со GTK-XB90 во исто време преку технологијата Bluetooth®. Така ќе можете да репродуцирате песни од вашите музички збирки и ќе имате уште поголем избор на песни.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Уживајте со висококвалитетно проследување преку BLUETOOTH® со LDAC

LDAC е нова технологија за звук од Sony што ви овозможува да уживате во најквалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.  

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Party Chain (проследување забава) ви овозможува да го проширите вашиот систем на звучници

Додајте дополнителна моќ на вашиот систем за звук. Поврзете повеќе стерео уреди преку аудио кабел за репродукција на звук со поголема моќ. Активирајте еден уред како „домаќин на забавата“ и синхронизирајте ја музиката со останатите системи во серијата.

Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

Влез и излез за звук

Поврзете аудио/визуелна опрема преку влезниот и излезниот приклучок за звук. Поврзете телевизор или дополнителен звучник за да го засилите звукот на вашата забава.