HI-FI-СИСТЕМИ

Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија

GTK-XB90
Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Слика од Аудио систем XB90 со голема моќ, EXTRA BASS и вградена батерија
Понесете ја енергијата, понесете ја забавата

Внесете енергија во вашата забава со EXTRA BASS™ ритамите и светилките за забава на GTK-XB90. Прекрасното осветлување со бесконечно огледало создава визуелни ефекти на повисоко ниво, а батеријата на полнење ви овозможува да организирате забави насекаде.

Овој уред не е отпорен на вода или прав, ве молиме користете го на соодветно место.

GTK-XB90 со батерија на полнење
Батерија на полнење

Ако нема приклучок за напојување во близина, батеријата на полнење ви нуди репродукција од 16 часа.

GTK-XB90 со NFC и BLUETOOTH®
Безжично поврзување

Воспоставете брза BLUETOOTH® врска со NFC со еден допир или проследувајте преку Wi-Fi.

GTK-XB90 со бесконечно огледало
Осветлување со бесконечно огледало

Бесконечните огледала околу звучникот ја одбиваат светлината наназад и нанапред, создавајќи возбудлива атмосфера за забава.

Почувствувајте го ритамот на EXTRA BASS™

Разиграјте го подиумот за танцување со активирање на EXTRA BASS™. Тој ги подобрува ниските фреквенции на песната и создава ритами што ќе ги раздвижат сите.

Моќ за правење забави насекаде, со батерија на полнење 

Нема приклучок за напојување? Батеријата овозможува забава до 16 часа кога светилките се исклучени и јачината на звук е поставена на 16. При макс. јачина на звук со вклучен EXTRA BASS™ и осветлување може да се забавувате 3 часа. Ако батеријата е слаба, активирајте го режимот на издржливост за подолго траење на батеријата (4,5 часа).

Земете ги и појдете

Практичните рачки за носење го олеснуваат пренесувањето на GTK-XB90 од една на друга забава.

Рачки за носење на GTK-XB90
Повеќе светлина, повеќе забава, повеќе енергија

Направете атмосфера како во ноќен клуб со трепкачкото светло и светилките во боја на звучниците што се менуваат според музиката. Бесконечните огледала се поставени околу рабовите на звучникот и континуирано ја одбиваат светлината наназад и нанапред, создавајќи возбудлива атмосфера за забава.

Линиска светилка

Лентата што свети во повеќе бои се протега по рабовите на звучникот

Светилка во звучникот

Бели LED светилки што светат според музиката.

Трепкачко светло

Силно трепкачко светло го осветлува подиумот за танцување.

Поврзете дополнителни звучници без дополнителни жици

Сакате да ја зголемите јачината на звукот? Поврзете најмногу 10 компатибилни звучници преку функцијата за безжично проследување забава за да добиете посилен звук и возбудлива атмосфера за забава со синхронизирани светилки. Сето тоа се врши преку технологијата Bluetooth® - не ви требаат кабли за поврзување.

Поврзување и контрола
GTK-XB90 со NFC и BLUETOOTH®
Поврзете се со технологијата NFC и Bluetooth®

Воспоставете безжична врска со еден допир со вашиот уред со NFC или искористете ги поставките за Bluetooth® за да се поврзете.

GTK-XB90 со USB приклучок
Поврзувајте уреди преку USB

Пристапете до вашите дигитални музички датотеки MP3, WMA и WAV со поврзување на вашиот USB уред.

GTK-XB90 со влез за микрофон
Додајте сопствени вокали

Запејте на забавата во секој момент - само приклучете микрофон и ќе го слушнете вашиот глас во мелодијата.

Sony | Music Center
Контролирајте ја забавата со Sony | Music Center и Fiestable 

Управувајте со забавата од подиумот за танцување со Sony | Music Center. Избирајте песни, менувајте поставки за звук и создавајте листи за репродукција преку телефонот. Fiestable ги контролира боите на светилките, го прилагодува еквалајзерот и ги активира контролите за диџеи. Правете промени со движење на раката, со интуитивната контрола со движења.

Sony | Music Center за Android
 Sony | Music Center за iOS

Спецификации и функции

Правете забави со електронска музика насекаде со EXTRA BASS™ ритами од GTK-XB90. Осветлувањето со бесконечно огледало ја разубавува веселата атмосфера, а батеријата на полнење ви овозможува да слушате музика дури и без приклучок за напојување.
  • EXTRA BASS™ за длабок и моќен звук

  • Вградената батерија ви овозможува да се забавувате насекаде

  • Бесконечното огледало создава забавна атмосфера

  • Контролирајте го звукот и светлосните ефекти со апликацијата Sony | Music Center и Fiestable

  • Поврзете повеќе звучници со безжичната функција Party Chain (проследување забава)

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина