EXTRA BASS™ ја зголемува моќта на басот
Притиснете го копчето EXTRA BASS за да ги засилите ниските фреквенции. Тоа е можно преку засилување на бас тоновите за да се добие длабок и моќен бас. Притиснете го копчето за да го активирате режимот и уживајте во моќен бас.
Вертикално и хоризонтално поставување
Флексибилното поставување на два начина овозможува одличен звук без разлика каде ќе го поставите системот. Поставете го хоризонтално за да добиете класичен изглед или свртете го вертикално доколку немате доволно простор. Вградениот сензор го оптимизира начинот на обработка на звукот во стерео звук, независно од опцијата што ќе ја изберете.
Исто како да сте таму
Слушајте ја вашата музика на поинаков начин - притиснете го копчето за ЗВУК ВО ЖИВО, а звучниците поставени под агол и технологијата DSP ќе ја испратат музиката кон поширока површина. Внесете енергија во забавата со уникатен тродимензионален звук и создавајте атмосфера како на концерт каде и да сте.
Осветлете ја забавата
GTK-XB72 има вградени линиски LED-светилки во разни бои напред, на страните и горе, пулсирачки светилки во главното куќиште и трепкачка светилка за подобар ефект. Совршен начин за да направите атмосфера како во ноќен клуб.
Линиска светилка
Светилка во звучникот
Трепкачка светилка
Прилагодувајте ги поставките со апликацијата Sony | Music Center
Преземете контрола врз поставките со апликацијата Sony | Music Center. Едноставно преземете ја на вашиот паметен телефон и уживајте во безжична контрола на музиката. Можете да ги прилагодувате поставките за звук, да избирате омилени листи за репродукција од телефон или од USB и да ја подготвите следната песна без да бидете врзани за системот за звук.
Поголема забава со апликацијата Fiestable
Апликацијата Fiestable ги контролира боите на светилките и нуди режими за диџеи и караоке. Допрете ја опцијата за светилки за забава во Fiestable и екранот на вашиот телефон ќе почне да ги прикажува светлосните ефекти на системот за звук и ќе трепка и ќе ја менува бојата според музиката. Нема ограничување за бројот на паметни телефони што може да се поврзат, што создава уникатно заедничко искуство.
Sony | Music Center за Android
Sony | Music Center за iOS
Fiestable за Android
Fiestable за iOS
Проширете го вашиот систем за звук
Зголемете ја моќта на вашиот систем за звук со безжичното проследување забава преку технологијата Bluetooth®. Поврзете повеќе звучници безжично преку технологијата Bluetooth® за да добиете звук со поголема моќ. Активирајте еден уред како „домаќин на забавата“ и синхронизирајте ја музиката и осветлувањето за да можат сите да танцуваат на истиот ритам.
Беспрекорно проследување со NFC и Bluetooth®
Допрете го вашиот уред што поддржува NFC до системот за звук за брзо и беспрекорно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth® и тоа е сè.
USB-приклучокот овозможува приклучување, репродукција и полнење
Приклучете USB-мемориски уред, паметен телефон или таблет-уред за да ги слушате сите ваши дигитални датотеки. Компатибилноста со форматите MP3 и WMA ви овозможува да се забавувате и да го полните вашиот уред во исто време.
Спецификации и функции
Подобрете ги забавите за танцување со овој моќен едноделен систем за звук. Со комбинацијата од EXTRA BASS и ЗВУК ВО ЖИВО со живописно LED-осветлување, вклучувајќи линиска светилка, светилки во звучникот и трепкачка светилка, ќе се чувствувате како на голем музички настан. Со безжичното проследување забава преку технологијата Bluetooth® може и да додавате дополнителни звучници за посилен звук.