Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Големина на главен уред (Ш x В x Д)
- 326 x 650 x 340 мм
- Тежина на главен уред
- 12 кг
Што има во пакетот
- Далечински управувач (со батерија)
- Инструкции за користење

Засилувач
- Функција за засилување на басот
- EXTRA BASS
Функции
- USB
- Да(репродукција)
- Bluetooth®
- Да(iAP преку BT)
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- USB приклучок (1), Аналоген аудио влез (1), Аналоген аудио излез (1)
Поврзување во мрежа
- NFC
- Да
Звучник
- Високотонец
- 5 см x3 (конусен тип)
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
- 0,5 W (во еко режим на подготвеност)
- Режимот на подготвеност е активиран
- Да
Опции на бои
Функции
EXTRA BASS™ ја зголемува моќта на басот
Притиснете го копчето EXTRA BASS за да им дадете огромна моќ на ниските фреквенции на вашата музика. Тоа е можно преку засилување на бас тоновите за да се добие длабок и моќен бас. Само притиснете го копчето за да го активирате режимот и воодушевете се од резонантниот бас.
LED светилките создаваат атмосфера за забава
Загрејте ја атмосферата со LED осветлување на звучниците како во ноќните клубови. Звучниците со LED диоди се одликуваат со разнобојни шеми на осветлување, почнувајќи од чиста бела боја до виножито. Синхронизирајќи се со ритамот, моќта и брзината на приказот со светилки се усогласува со музичкото расположение и атмосферата.
Двосистемски дизајн за флексибилно поставување
Флексибилното поставување на два начина овозможува одличен звук без разлика каде ќе го поставите системот. Поставете го хоризонтално за да добиете класичен изглед или свртете го вертикално доколку немате доволно простор. Вградениот сензор го оптимизира начинот на обработка на звукот во стерео звук, независно од опцијата што ќе ја изберете.
ClearAudio+ ја збогатува вашата музика
Ексклузивно за Sony, ClearAudio+ автоматски ги прилагодува поставките за звук за збогатено аудио доживување. Обединувајќи ги технологиите за дигитална обработка на сигнали, ClearAudio+ може да ги оптимизира аудио форматите за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, независно дали играте игри или уживате во музика и филмови.
Party Chain (проследување забава) ви овозможува да го проширите вашиот систем на звучници
Додајте дополнителна моќ на вашиот систем за звук. Поврзете сериски повеќе стерео уреди за звук со поголема излезна моќ. Активирајте еден уред како „домаќин на забавата“ и синхронизирајте ја музиката со останатите системи во серијата.
DSEE автоматски ги обновува деталите кај дигиталната музика
Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната CD снимка.
Едноделен дизајн за максимална преносливост
Носете ги и забавувајте се насекаде со GTK-XB7, благодарение на нивниот едноделен дизајн. Без разлика дали сте во домот со пријателите или се забавувате на друго место, компактниот дизајн содржи вградена рачка за преносливост и практичност.
Прилагодувајте ги поставките со апликацијата Sony | Music Center
Забавувајте се со вашите поставки за забава од подиумот за танцување со апликацијата Sony | Music Center (претходно нарекувана SongPal). Едноставно преземете ја на вашиот паметен телефон и уживајте во безжична контрола на сите поставки за забава. Менувајте ги шемите за осветлување или активирајте диџеј ефекти и поставки за EQ за да ја подобрите атмосферата. Можете да избирате омилени листи за репродукција од USB и да ја подготвите следната песна, без да бидете заробени во кабината за диџеи.
Беспрекорно проследување со NFC и Bluetooth®
Near Field Communication (NFC) и Bluetooth® технологијата ги елиминираат потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Со вашиот уред кој поддржува NFC допрете ги слушалките за брзо и лесно поврзување, а потоа започнете со проследување на вашата музичка збирка. Немате NFC? Нема проблем. Поврзете се преку Bluetooth® и ќе бидете подготвени.
Уживајте со висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC
LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во најквалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.
Влез и излез за звук
Поврзете аудио/визуелна опрема преку влезниот и излезниот приклучок за звук. Поврзете телевизор или дополнителен звучник за да го засилите звукот на вашата забава.
USB приклучокот овозможува приклучување и репродукција
Со помош на USB приклучокот, ќе можете да приклучите USB уред, паметен телефон, таблет-уред или лаптоп и да ги слушате сите ваши дигитални датотеки. Компатибилноста со MP3, WMA и WAV формати ви овозможува да слушате различни листи за репродукција на забавите.