Иновативната технологија EXTRA BASS е скроена за музика за танцување и нуди звук со длабок и моќен бас.
Наменет за љубителите на бас. Притиснете го копчето EXTRA BASS и добијте длабок и моќен звук и уживајте во танцувањето додека ритамот ве движи.
GTK-XB7 е создаден да се движи со вас. Благодарение на многубројните практични функции, можете да ја исполните секоја просторија со звук за забава.
Вградениот сензор автоматски ги активира двата горни високотонци, за да уживате во стерео звук кога системот е поставен и вертикално и хоризонтално.
Започнете веднаш да проследувате музика од вашата дигитална збирка откако ќе воспоставите врска преку NFC со еден допир.
Поврзете го вашиот паметен телефон или таблет-уред преку USB приклучокот за полнење и репродукција на песни.
LED светилките создаваат атмосфера како во ноќен клуб
Направете атмосфера со светилките и звучните ефекти за диџеи. Внесете свои елементи во песните со звучните ефекти, а трепкачкото светло, линијата и светилките на звучникот се синхронизираат со ритамот за да ја подобрат атмосферата на забавата.
Понесете ја забавата со вас каде и да одите со помош на рачката за носење и едноделниот дизајн. Уживајте во истиот одличен звук, независно дали системот е поставен вертикално или хоризонтално, благодарение на флексибилното поставување на два начина.
GTK-XB7 е достапен во повеќе впечатливи и живописни бои, за да можете да ја изберете соодветната нијанса што одговара на вашиот стил.
Спецификации и функции
- Влезни и излезни приклучоци
- USB приклучок (1), Аналоген аудио влез (1), Аналоген аудио излез (1)
- Големина на главен уред (Ш x В x Д)
- 326 x 650 x 340 мм
Што има во пакетот
Далечински управувач (со батерија), Инструкции за користење