HiFi систем со Wi-fi/BLUETOOTH® технологија
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Сè е на едно место - уживајте во CD, аудио фајлови и услуги за музика со приближно висока резолуција со DSEE HX. Опуштете се и слушајте радио или поврзете се безжично со музиката зачувана во друг уред преку WI-FI® и Bluetooth® со поддршка за LDAC. Можете дури и да ја споделувате музиката низ целиот дом со можноста за слушање во повеќе простории.
Сè што ви е потребно е во кутијата. Комплетот содржи пар висококвалитетни звучници, за да уживате во музика која звучи одлично.
Избришете ја правта од вашата CD колекција и уживајте во старите омилени песни со остар и прецизен звук.
Добијте огромен избор на DAB радио станици со чист звук или слушајте FM и AM радио.
Поврзете паметен телефон, таблет-уред, USB мемориски уред, па дури и компјутер за да добиете звук со висока резолуција.
Исто како и конверзијата на видеоснимки со стандардна резолуција во HD, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет од MP3 песните и CD дисковите. Дигиталниот засилувач S-Master HX™ ги намалува потенцијалните изобличувања, за секогаш да уживате максимално во звукот - како што бил снимен во студио.
Спој на хардвер, софтвер и страст
Дозволете ѝ на комбинацијата од S-Master HX и DSEE HX да ви обезбеди пријатно доживување со звук со висока резолуција. Уживајте во истата песна која ќе ве следи низ домот со можноста за слушање во повеќе простории. Уживајте во звук со висока резолуција преку Wi-Fi® и квалитетно LDAC Bluetooth проследување со приближно висока резолуција.
Стандардните засилувачи вршат повеќе конверзии од дигитален во аналоген сигнал. S-Master од Sony е 100% дигитален и не создава изобличувања, ја подобрува ефикасноста и има помали димензии. Подготвен за звук со висока резолуција, дигиталниот засилувач S-Master HX ги намалува нивоата на шум за добивање на потребната прецизност за високите фреквенции(над 40kHz).
Подготвен за звук со висока резолуција
S-Master HX нуди прецизни високи фреквенции (над 40kHz).
Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) ги подобрува компресираните фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA), за да наликуваат на звукот со висока резолуција. DSEE HX ги обновува тоновите со висока фреквенција кои се губат при компресирањето.
ClearAudio+ ги обединува неколкуте технологии за обработка на звук кои се ексклузивни за Sony, за да обезбеди непроменлив, јасен и висококвалитетен звук, без разлика каква музика ви се допаѓа.
Висококвалитетното безжично проследување преку LDAC, во комбинација со слушањето во повеќе простории, ви овозможува да ги слушате омилените мелодии со звук кој ќе ве воодушеви - без кабли.
LDAC е нова аудио технологија од Sony која ви овозможува да слушате висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со 3x повеќе пренесени податоци, LDAC нуди подобрено уживање при безжичното слушање за целата ваша музика.
Поддршка за LDAC кодек
Уживајте во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®
Репродуцирајте музика зачувана во вашите омилени производи од Apple. Само впарете ги уредите кои поддржуваат AirPlay преку LAN врска и започнете да ги проследувате омилените песни.
Проследувајте музика зачувана во одредени паметни телефони и таблет-уреди. Ракувањето е едноставно - само поврзете се преку Wi-Fi®, NFC или Bluetooth® и тоа е сè.
Поврзете се и проследувајте музика од уреди кои поддржуваат DLNA - како вашиот компјутер, телевизор и преносливи сервери - кон безжичниот звучник преку вашата домашна LAN мрежа.
Беспрекорно проследување преку DLNA, AirPlay или Chromecast built-in и Spotify
Проследувајте безжично од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку DLNA, AirPlay или Chromecast built-in и Spotify Connect. Набавете нови песни од онлајн услугите за музика или слушајте песни од вашиот компјутер преку етернет. Направете впарување преку Bluetooth за секунда со помош на NFC со еден допир и контролирајте сè преку вашиот паметен телефон со апликацијата SongPal.
Со производите со вграден Google Assistant може да контролирате аудио производи од Sony со вашиот глас. Може да ја зголемувате јачината на звукот, да прескокнете на следната песна или да ја запрете музиката - сето тоа без да мрднете со прстот.
Погледнете ги снимките
Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.
Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.
Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.
Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.
Едноставна контрола на проследувањето со новата апликација SongPal
SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја апликацијата SongPal на одредени паметни телефони и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - преку една апликација.
SongPal 3.0
Достапно за iOS и Android
Штом влезете во домот, допрете го паметниот телефон наспроти конзолата за да ја префрлите Bluetooth® врската од вашите слушалки во аудио системот - уживајте во вашата музика беспрекорно и исполнете ја просторијата со квалитетен звук.
Спецификации
- Димензии на звучник
- 14,5 x 24,5 x 22,5 см
- Излезна моќност
- 100W
- Wifi
- ДА
- AirPlay
- ДА
- Chromecast built-in
- ДА
- Spotify Connect
- Да