Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ТЕЖИНА
- Прибл. 385 гр. (14 oz) без кабел
Општи карактеристики
- ЗВУЧНИК
- 70 мм, во вид на купола (CCAW звучна намотка)
- Динамичен вид
- Затворени, динамични (со целосно покривање на увото)
- МАГНЕТ
- Неодимиум
- ИМПЕДАНСА (ОМИ)
- 64 Ω при 1 kHz
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- 4 Hz - 120.000 Hz
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
- 100 dB/mW
- КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
- нема
- ВИД НА КАБЕЛ
- Отстранлив, во форма на Y
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- Кабел за слушалки (прибл. 3 м (118 1/8 in), жици од OFC обложен со сребро, позлатен стерео мини приклучок), Кабел за слушалки за балансирано поврзување (прибл. 1,2 м (47 1/4 in), жици од OFC обложен со сребро, позлатен стандарден балансиран приклучок во форма на L)
- ПРИКЛУЧОК
- Кабел за слушалки (позлатен мини стерео приклучок), кабел за слушалки со балансиран приклучок (позлатен стандарден балансиран приклучок во форма на L)
- Време на користење
- нема
- Време на полнење
- нема
- СТИЛ НА НОСЕЊЕ
- Целосно покривање на увото
Што има во пакетот
- Универзален приклучок со адаптер (позлатен)
- Кабел за слушалки (прибл. 3,0 м, жици од OFC обложен со сребро, позлатен стерео мини приклучок)
- Кабел за слушалки за балансирано поврзување (прибл. 1,2 м, жици од OFC обложен со сребро, позлатен стандарден балансиран приклучок во форма на L)
- Тврда торбичка

Функции
Секоја нота, секоја нијанса.
Новосоздадената мембрана со купола од магнезиум и раб од течни кристали и полимер овозможуваат репродукција на звук со висока резолуција до 120 kHz. Резултатот е звук со неспоредлива чистота и прецизност.
Чист звук, без шум
Отстранување на непотребното со куќиштето без резонанса. Специјален акустичен филтер го контролира отпорот на воздухот и ги елиминира одекнувањата кои ги произведува движењето на звучникот, така што до вас доаѓаат само чисти и јасни фреквенции.
Ергономски ушни перничиња од овча кожа
Ергономски изработените слушалки се дизајнирани удобно да ја опкружат вашата глава со звук; спречувајќи „истекување“ на звукот и овозможувајќи ефективни и моќни ниски тонови. Ушните перничиња од вистинска овча кожа го обвиткуваат вашето уво со луксузна мекост.
Дизајн со структура на превиткување
Дизајнот со обвиткување е прилагоден за да го опфаќа целото уво, да ја задржи музиката и да ги одбива несаканите звуци. Акустиката се одбива назад кон вашите уши, за да ги слушате и најдеталните звуци.
Лента за на глава од титаниум и кожа
Флексибилни и со мала тежина, но сепак издржливи, за поприродно поставување преку увото. Бета титаниумот има висока еластичност која го враќа во првобитната форма дури и кога се превиткува. Вистинската кожа нуди цврстина и удобност.
Оптимизирани за удобност при долготрајно носење
Лентата за на глава од титаниум е флексибилна и лесна, овозможувајќи ви целодневно носење. Нема да знаете дека ги носите.
Мембрана со раб од LCP обложена со алуминиум со купола од магнезиум за поголема прецизност
Мембраната на куполата од магнезиум ги шири вибрациите кои ги создава звучната намотка до делот на куполата и овозможува репродукција на звукот во извонредно високиот фреквентен опсег. Комбинацијата од повеќе материјали кои нудат висока звучна изолација резултира со помала обоеност на звукот и јасен звук.
Тврда кутија за чување
Слушалките и придружните кабли се испорачуваат во стилска торбичка за чување, со преградени делови и луксузна внатрешност обложена со сатен.
Кабел за балансирано поврзување од 4,4 Φ
Новосоздадениот кабел за балансирано поврзување со 4,4 Φ ги одделува левиот и десниот звучен сигнал, притоа минимизирајќи ја загубата на сигналот при пренос и деградацијата на звукот што произлегува од неа. Како резултат се добиваат рамномерни високи фреквенции и врвен квалитет на звукот.
Бакар без кислород обложен со сребро
За MDR-Z1R се користат кабли од бакар без кислород обложени со сребро, дизајнирани да го минимизираат отпорот и загубите при пренесувањето на сигналот. Како резултат се добива помало деградирање на звукот, пофини детали и порамномерни високи тонови.
Експертски произведени во Јапонија
Производите на Sony произведени во Јапонија претставуваат синоним за апсолутен квалитет и перформанси, а слушалките MDR-Z1R не се исклучок. Тие се изработени со љубов од најдобрите компоненти со користење на најусовршените техники за производство; што резултира со извонреден квалитет на звукот.
Компатибилност со TA-ZH1ES за врвен звук
Добијте го најдоброто од вашите слушалки и вашата музика со неподвижниот засилувач TA-ZH1ES од Signature Series, кој за првпат во светот се одликува со иновативен целосно дигитален засилувач со аналогно проследување напред, за почист звук со подобар одзив. Ги поддржува звучните формати PCM 32-бита / 384 kHz и DSD 11,2 MHz, како и балансирано и небалансирано поврзување.