Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS
Бидете дел од случувањата при секое притиснување на копчето за репродукција
Ставете ги овие безжични слушалки и уживајте во возбуда како во кино и потполна удобност. Благодарение на виртуелниот опкружувачки звук со 9.1 канали, вашите филмови и игри ќе станат пореалистични. Забавувајте се со највисок квалитет, без разлика што гледате или играте.
Добијте моќен звук за секоја филмска сцена и игра од големиот неодимиумски звучник.
Слушајте ниски тонови и неверојатно високи тонови со зголемен опсег на звукот.
Почувствувајте како случувањата се одвиваат околу вас со прекрасни детали.
Уживајте во природниот амбиент на кино салите
Технологијата Virtualphones со 9.1 канали од Sony нуди прецизен опкружувачки звук со 5.1 канали, плус 2 задни канали за опкружувачки звук и 2 предни високи канали низ вашите слушалки, за да се чувствувате како да слушате звук од повеќе звучници.
Дигиталната обработка на сигнали (DSP) ви ја нуди моќта која е потребна за совршена репродукција на длабочината и прецизноста на опкружувачкиот звук со 9.1 канали. Со поддршката на некомпресиран звук со 192kHz/24-бита ќе уживате во најдобрата забава.
Подобрете го вашето доживување при слушањето со специјални режими за кино, игри и повици. Овие режими, создадени со реални податоци, избираат идеално звучно поле за кино сала, игри или телефонски повици кои ќе ве пренесат во центарот на случувањата.
Поврзете ја вашата домашна забава на едноставен начин преку одделната базна станица со напредни HDMI функции. Базната станица овозможува и проследување на 4K за максимално подобрување на вашата идна забава.
Контролирајте ја целата опрема за домашна забава со еден далечински управувач.
Контролирајте ја целата опрема за домашна забава со еден далечински управувач.
Забавувајте се со висока резолуција со конзолите за игри, Blu-ray Disc™ плеерите и телевизорите.
Седнете пред вашиот телевизор и задлабочете се во омилените филмови и игри. Овие слушалки се дизајнирани за удобно слушање со часови.
Изолирајте ја вашата музика со прилепено и удобно поставување.
Гледајте филмови и многу повеќе пред да мора да ја полните батеријата.
Спецификации и функции
- Звучник
- 50 мм, динамички – тип на купола
- Фреквентен одзив
- 5–25.000Hz
- Должина на кабел
- —
Што има во пакетот
Адаптер за наизменична струја, Оптички кабел од 1,5 м (приклучок во квадратна форма), USB кабел, Гарантен лист, Инструкции за користење