Големина и тежина

Димензии (Ш x В x Д)
220 X 32 X 157мм
Тежина
320 гр.

Општи карактеристики

Затворен вид
Да
Звучник
50 мм, динамички – тип на купола
Опкружувачки вид
Да
Динамичен вид
Да
Магнет 
Неодимиум
Импеданса (оми)
24оми
Дијафрагма
PET
Фреквентен одзив
5–25.000Hz
Чувствителности (dB/mW)
Извинете, овие податоци не се достапни.
Контрола на јачина на звук
Да (ротирачки)
Должина на кабел
Приклучник
Оптички дигитален излез – правоаголен (испорачан кабел за оптички влез)
Време на полнење
3 ч.
Начин на носење
Headband, Поставување преку увото

Што има во пакетот

  • Адаптер за наизменична струја
  • Оптички кабел од 1,5 м (приклучок во квадратна форма)
  • USB кабел
  • Гарантен лист
  • Инструкции за користење
Placeholder

Функции

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

9.1-кан. VPT за поприроден опкружувачки звук

VPT (технологија Virtualphones) е нашата технологија за виртуелен опкружувачки звук кој им овозможува на слушателите да уживаат во реалистичен опкружувачки звук како во кино. Освен 5.1-кан. опкружувачки звук, VPT се одликува со задни звучници за опкружувачки звук (2-кан.) и предни високи звучници (2-кан.) кои создаваат поголема длабочина и насочување за да добиете пореалистично и импресивно звучно поле.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Безжичниот опсег од 30 м ви нуди огромна слобода

 Кажете им збогум на јазлите и заплетканите кабли и уживајте во потполна слобода за движење со опсегот за безжично слушање од 30 м на MDR-HW700DS. 

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Стабилен безжичен пренос преку две фреквенции

Слушалките MDR-HW700DS се одликуваат со две фреквенции за безжичен пренос: Фреквенцијата од 2,4 GHz ги елиминира пречките предизвикани од предмети, а фреквенцијата од 5 GHz спречува пречки во радио брановите. Прилагодувањето во реално време автоматски го избира слободниот канал без да го прекинува звукот, за да уживате во звук чиј квалитет не се намалува и во пренос на некомпресиран звук.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Чист звук без компромиси со DSP

Дигиталната обработка на сигнали (DSP) ги подобрува сите звуци за да го оптимизира слушањето преку слушалки, репродуцирајќи ја длабочината и прецизноста на извонредниот 9.1-кан. опкружувачки звук.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Динамичните звучници нудат реалистичен звук

Моќните неодимиумски звучници од 50 мм со големи отвори им обезбедуваат моќен ритмички бас на слушалките, дури и кај филмовите или песните со најголеми побарувања. Зголемете ја јачината на звукот и слушајте јасни и прецизни звуци низ целиот опсег.

Целосна поддршка за висококвалитетен HD звук

Уживајте во најдобриот звук што е достапен за вашите филмови, игри и музика преку HDMI влезовите за звук. Со поддршката за некомпресиран звук до 192 kHz/24 бита, ќе уживате во динамичен звук и пореална репродукција на оригиналниот звук низ целиот фреквентен опсег.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Dolby® TrueHD за звук како што замислил режисерот 

Уживајте во беспрекорен аудио квалитет со Dolby® TrueHD, кој нуди звук без загуби за сите филмови и песни. Репродуцирајќи звук кој е идентичен на оригиналните снимки, тој нуди ненадмината реалистичност на звук за Blu-ray Disc™ и преземени содржини.

Следете ги случувањата DTS Neo:X

Уживајте во прекрасен опкружувачки звук со напредно поставување на звукот во предно-висока и широка област. DTS Neo:Xâ„¢ репродуцира амбиентални и насочени ефекти, почнувајќи од капки дожд па сè до авиони кои летаат ниско и сè останато, за да ви обезбеди прекрасно доживување при слушањето.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Уживајте во подлабок звук со Dolby Prologic IIz 

Уживајте во поголема длабочина и присуство при репродукција на музика, филмови и игри. Dolby® Prologic IIz користи два предни високи канали при репродукцијата на звук за да создаде попросторен и пореалистичен опкружувачки звук за сите содржини што ги гледате или слушате.

Режими за кино, игри и повици

Изберете го најдобриот режим за звук без разлика што гледате, репродуцирате или слушате: Режимот на кино, создаден заедно со Sony Pictures Entertainment, репродуцира идеално звучно поле како во кино; Режимот за игри, создаден во соработка со Sony Computer Entertainment (PlayStation), репродуцира совршено звучно поле за вашите игри; Режимот за говор ја зголемува острината на дијалозите и ги засилува повеќе од звучните ефекти и музиката во заднина.  

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

DTS-HD™ за прецизност како кај оригиналните снимки

Уживајте во прецизен и детален звук во домот. Со DTS-HD Master Audio ќе уживате во оригинален и некомпресиран звук од вашите омилени Blu-ray Disc филмови - така како што замислил режисерот. DTS-HD звукот со висока резолуција нуди и детална репродукција на музички изведби, овозможувајќи подобрување на секоја нота со квалитет речиси како во студио.

4K-проследување на 4K-содржини

Задржете го 4K квалитетот од изворот до екранот. Функцијата за проследување на 4K овозможува пренесување 4K податоци кои потоа се прикажуваат на 4K телевизор или проектор, без намалување на квалитетот на сликата. Овозможувајќи ви вистинско 4K доживување, звучникот во вид на подлога MDR-HW700DS е совршен партнер за 4K телевизорите и плеерите и солидна основа за вашиот систем за домашна забава за во иднина.

Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот за целосна удобност

Меките кожни ушни перничиња кои го намалуваат притисокот се дизајнирани за да ја прилагодат формата според вашите уши, за да добиете удобно поставување. Меките материјали и беспрекорната изолација нудат хармонична комбинација од удобност и издржливост за слушање со часови.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Повеќе HDMI приклучоци за едноставно поврзување

Со HDMI влезовите ќе можете да ги поврзете сите ваши уреди на едноставен начин, меѓу кои и ресивер за интернет телевизија, Blu-ray Discâ„¢ плеер и конзола за игри. Згора на тоа, телевизорите со поддршка за HDMI-ARC и CEC ги враќаат командите за контрола на звук преку истиот кабел, со што се намалува сложеноста и нередот кај вашиот систем за домашно кино.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Долгото траење на батеријата е совршено за филмски маратони

Слушалките MDR-HW700DS се дизајнирани да овозможат слушање до 12 часа со едно полнење.

Слика од Безжични слушалки со дигитален опкружувачки звук MDR-HW700DS

Едноставно полнење преку USB

Полнете ги вашите слушалки и подгответе ги за користење преку наменскиот USB приклучок - совршен за полнење преку наменската базна станица или кој било стандарден USB приклучок.