Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- ТЕЖИНА
- 300 гр.
Општи карактеристики
- ЗВУЧНИК
- 40 мм, динамички
- Опкружувачки вид
- Да
- Динамичен вид
- Да
- ИМПЕДАНСА (ОМИ)
- 40Ω при 1kHz
- ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
- 4–40.000 Hz (дигитално), 4–100.000 Hz (аналогно)
- ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
- 102 dB/mW
- КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
- Да (ротирачки)
- ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
- 1,2 м
- ПРИКЛУЧОК
- Стерео мини
- СТИЛ НА НОСЕЊЕ
- Headband, За на уво
Опции на бои
Што има во пакетот
- Футрола за носење
- Кабел за слушалки (1,2 м)
- Кабел со Lightning приклучок (1,2 м)
- Дигитален кабел за Walkman® (1,2 м)
- Дигитален кабел за Xperia™ (1,2 м)
- USB кабел
- Гарантен лист
- Кратко упатство за почеток
- Референтен водич
- Инструкции за користење

Функции
Уживајте во музиката така како што ја замислил изведувачот со звукот со висока резолуција
Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите (до 384kHz/32 бита, наместо до 44,1kHz/16 бита), звукот со висока резолуција ви овозможува да се приближите до оригиналната студиска снимка и да уживате во музиката како што замислил изведувачот.
Непроменет звук со USB DAC
Благодарение на наменскиот вграден USB DAC засилувач, овие слушалки ја преземаат контролата врз процесот за дигитална-аналогна конверзија во вашиот уред, а потоа го засилуваат звукот со помош на вграден засилувач. Сигналот останува дигитален подолго време, а се конвертира во аналоген кога ќе дојде до звучниците, за да обезбеди беспрекорна јасност и прецизност. Благодарение на дигиталното поврзување, секоја песна звучи непроменето, независно каков уред е изворот.
Повеќе видови поврзувања за различно слушање
Уживајте во одлично поврзување. Слушајте музика од вашиот компјутер, паметен телефон Xperia™, Walkman® или iPhone преку еден од испорачаните кабли за дигитално поврзување. Или, пак, поврзете ги со други плеери преку стандардниот стерео аудио кабел од 3,5 мм. Автоматскиот избор ги менува влезовите за да беспрекорно поврзување.
Динамичните HD звучници нудат реалистичен звук
Моќните HD звучници од 40мм со големи отвори им обезбедуваат моќен ритмички бас на слушалките, дури и кај песните со најголеми побарувања. Зголемете ја јачината на звукот и слушајте јасен и прецизен звук низ целиот опсег.
Широк фреквентен одзив за звук со целосен опсег
Широкиот фреквентен опсег – од 3Hz до 100kHz – е дизајниран за денешните различни музички стилови. Ниската фреквенција од 3Hz на фреквентниот опсег нуди доволно слобода дури и за најдлабоките бас тонови. При максимален опсег од 100kHz, ќе можете да уживате во вокали, детални звучни хармонии и тонови, внесувајќи повеќе реалистичност во вашата музика.
Висока чувствителност за гласни и јасни перформанси
Со голема чувствителност од 102dB/mW, овие слушалки имаат голема ефикасност при конвертирање на струјата во акустични сигнали. Тоа значи дека ќе слушате погласен звук низ целиот звучен опсег (во споредба со слушалките со помала чувствителност) кога слушате музика преку истиот извор и со истата јачина на звук.
LCP дијафрагма обложена со алуминиум за поголема прецизност
Дијафрагмата со течни кристали и слој од полимер која е обложена со алуминиум нуди поконстантен звук низ целиот фреквентен опсег отколку стандардните звучници. Звучната енергија која се губи при преносот кон куќиштето на слушалките е порамномерна, за да се обезбедат вистински перформанси. Исто така, ќе уживате во порамен фреквентен опсег, дури и кога слушате неверојатно високи фреквенции од звукот со висока резолуција.
Отвори за подобрување на басот за моќни ритами
Прецизно обликуваните отвори го максимизираат протокот на воздух во слушалките, овозможувајќи полесно дишење на LCP дијафрагмата и моментален одзив за добивање моќни бас тонови.
S-Master HX дигитален засилувач за префинет звук
Чист, нефилтриран звук. Користејќи поедноставна патека на сигнали и целосна дигитална обработка, технологијата S-Master HX овозможува засилување на звучните сигнали во дигитални без потреба од нивно претходно претворување во аналогни. Ова значи дека сигналите ја задржуваат својата чистота до крајната излезна моќност на звучниците, така што ќе можете да уживате во пореалистично и балансирано аудио доживување.
Целосна поддршка за DSD и PCM кодирање
Со поддршката за форматите за кодирање DSD128 (Direct Stream Digital) и 192kHz/24-битни PCM (Pulse Code Modulation), ќе добиете многу пореална репродукција на оригиналниот звук низ целиот фреквентен опсег. DSD128 го снима и репродуцира звукот со извонредно висока фреквенција до 128 пати поголема од CD, користејќи 1-битен сигнал за природен звук со широк динамички опсег. PCM примероците од 192kHz/24 бита со четири пати поголема бит-стапка од CD, се репродуцираат попрецизно со 24 бита.
Дизајнот со затворена задна страна со превиткување го задржува звукот
Дизајнот со затворена задна страна се обвиткува околу увото, задржувајќи ја музиката и одбивајќи ги несаканите звуци. Акустиката се одбива назад кон вашите уши, за да ги слушате и најдеталните звуци. Исто така, ќе можете да го почувствувате секој ритам, бидејќи дизајнот со затворена задна страна помага да се максимизира препознатливоста на басот од вашата музика.
Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот за целосна удобност
Меките кожни ушни перничиња кои го намалуваат притисокот се дизајнирани за да ја прилагодат формата според вашите уши, за да добиете удобно поставување. Меките материјали и дискретната изолација нудат хармонична комбинација од удобност и издржливост за слушање со часови.
Дизајнот со преклопување и завртување го олеснува патувањето
Понесете ги овие слушалки насекаде. Дизајнот со преклопување и завртување овозможува лесно чување кога не се во употреба или додека патувате. Слушалките се преклопуваат за лесно пакување во куфер или чување во чанта.
Надополнувајте енергија преку USB
Полнете ги вашите слушалки и подгответе ги за користење преку микро USB приклучокот. Слушајте најмногу 8 часа со едно полнење – тоа е доволно енергија за целиот работен ден.