Слика од Слушалки MDR-1ADAC
Слика од Слушалки MDR-1ADAC
Слика од Слушалки MDR-1ADAC
Слика од Слушалки MDR-1ADAC
Слика од Слушалки MDR-1ADAC
Слика од Слушалки MDR-1ADAC
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Јасен и реалистичен, во секое време

Секоја песна звучи реалистично, независно од изворот

Овие слушалки имаат вграден засилувач со USB дигитален-аналоген конвертор (DAC) и се поврзуваат дигитално со вашите уреди за да ѝ овозможат на вашата музика да звучи уште послично на оригиналната снимка. А бидејќи сигналот се претвора во аналоген дури кога ќе дојде до звучниците, ќе уживате во беспрекорна јасност и прецизност од секоја песна.

Звучник од 40мм
Удобно слушање

Уживајте во прекрасната акустика од голем звучник и слушалки кои удобно се прицврстуваат околу вашите уши..

Извонредно широк фреквентен опсег
Извонредно широки фреквенции

Слушајте длабоки ниски тонови и неверојатно високи тонови со звук со целосен опсег до 100kHz.

Висока чувствителност од 102 dB/mW
Голема чувствителност

Репродуцирајте гласна и јасна музика од кој било домашен систем или пренослив уред со висока чувствителност од 102 dB/mW.

Врвна конверзија, чист звук

Повеќето преносливи уреди содржат поедноставен дигитален-аналоген конвертор, што резултира со малку намален квалитет на звукот. Овие слушалки, со вграден наменски засилувач USB DAC, ја преземаат контролата врз процесот за конверзија од вашиот уред, а потоа го засилуваат звукот со вградениот дигитален засилувач S-Master HX. 

Ненадмината јасност и прецизност 

Дигиталното поврзување ја прави музиката слична со оригиналот

Слушалките со вграден наменски DAC засилувач можат да ги контролираат конверзијата и засилувањето. Музиката останува дигитална подолго време, а се конвертира во аналогна кога ќе дојде до звучниците. 

Директна дигитална врска
DAC во уредот – аналоген сигнал до слушалките
Директна дигитална врска
DAC во слушалките – чист дигитален сигнал 
Повеќе влезови
Повеќе начини на поврзување

Слушајте музика од вашиот компјутер, паметен телефон Xperia™, Walkman® или iPhone преку еден од испорачаните дигитални кабли. Или, пак, поврзете ги со други плеери преку стерео аудио кабелот од 3,5 мм.

Страст за звук

Секоја суптилна нота, прецизно репродуцирана 

Слушајте јасен и балансиран звук кој е верен на оригиналните снимки. Дијафрагмата со течни кристали и слој од полимер (LCP) со многу брз одзив е обложена со алуминиум, а во комбинација со HD звучникот од 40 мм овозможува подоследен и попрецизен звук низ целиот фреквентен опсег, за разлика од стандардните дијафрагми.  

Што е звук со висока резолуција?

Звукот со висока резолуција се однесува на група дигитални процеси кои овозможуваат кодирање и репродукција на музика со повисоки стапки на семплирање од оние кај CD дисковите. 

Снимање со висока фреквенција
Снимајте со поголема фреквенција од CD дисковите

Звукот со висока резолуција обично се снима со 96kHz/24 бита или, пак, со 192kHz/24 бита – многу повеќе од CD дисковите.

Извонредно широк фреквентен опсег 
Слушајте пореален и поемотивен звук

Додека кај CD дисковите и MP3 песните највисоката фреквенција изнесува 20kHz, звукот со висока резолуција поддржува фреквенции над 24kHz (до 100kHz кај овој модел) и поширок динамички опсег.

S-Master HX
Дигитален засилувач S-master HX

Ги елиминира аналогните компоненти во повратната фаза за да овозможи беспрекорна јасност.

Pulse Code Modulation
Pulse Code Modulation

Слушајте музика која е верна на оригиналниот звук со декодирање до 192kHz/24 бита.

Direct Stream Digital
Direct Stream Digital

Слушајте природен звук со широк динамички опсег и поддршка до DSD128.

Задржете го звукот

Дизајнот со обвиткување со ергономските 3D ушни перничиња ја задржува музиката и ги одбива несаканите звуци. Акустиката се одбива кон вашите уши за најсуптилен звук. 

Структура на превиткување
Луксузен изглед и чувство

Стил и удобност во совршена хармонија

Прекрасен изглед со елегантна метална лента за на глава и обложени ушни перничиња со црна кожа. Неверојатна удобност со затворен и опкружувачки дизајн кој цврсто се поставува преку вашите уши. 

Затворен, опкружувачки дизајн
Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот

Меките кожни ушни перничиња се обвиткуваат околу вашите уши за прилепено и удобно поставување.

Затворен, опкружувачки дизајн
Беспрекорен дизајн

Со помазни материјали и беспрекорно спојување, удобноста и издржливоста се исклучителни.

Спакувајте ги и појдете

Металната лента на лизгање за на глава и можноста за преклопување на слушалките овозможуваат лесно сместување на слушалките во куфер при патувања.

Вртливи слушалки
Полнење преку микро USB
Брзо надополнување со енергија

Полнете ги вашите слушалки и подгответе ги за користење преку микро USB приклучокот.

Траење на батеријата до 8 часа
Слушајте преку целиот ден

Репродуцирајте музика преку целиот ден со батеријата која трае до 8 часа.

Преземете ја контролата

Практично прилагодување на јачината на звукот кај вашата музика со помош на ротирачкиот контролер на слушалките.

Контролер за јачина на звук

Компатибилност со Apple

Произведени за iPod, iPhone и iPad

Спецификации и функции

Овие слушалки имаат вграден засилувач со USB дигитален-аналоген конвертор (DAC) и се поврзуваат дигитално со вашите уреди за да ѝ овозможат на вашата музика да звучи уште послично на оригиналната снимка. А бидејќи сигналот се претвора во аналоген дури кога ќе дојде до звучниците, ќе уживате во беспрекорна јасност и прецизност од секоја песна.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • Звучник со течни кристали и слој од полимер и брз одзив за јасен звук

  • Траење на батеријата до 8 часа

  • Контролата на одзив за ритамот ги намалува изобличувањата на моќниот бас

  • Слушалки на преклопување за полесна преносливост

Звучник
40мм
Фреквентен одзив
4–40.000 Hz (дигитално), 4–100.000 Hz (аналогно)

Што има во пакетот

Футрола за носење, Кабел за слушалки (1,2 м), Кабел со Lightning приклучок (1,2 м), Дигитален кабел за Walkman® (1,2 м), Дигитален кабел за Xperia™ (1,2 м), USB кабел, Гарантен лист, Кратко упатство за почеток, Референтен водич, Инструкции за користење

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина