БЕЗЖИЧНИ СЛУШАЛКИ MDR-1ABT

Сите спецификации и функции

MDR-1ABT

Големина и тежина

ТЕЖИНА
Прибл. 300 гр.

Општи карактеристики

ЗВУЧНИК
40мм
Капацитет
100mW (при користење на испорачаниот кабел за слушалки)
ИМПЕДАНСА (ОМИ)
24Ω
ФРЕКВЕНТЕН ОДЗИВ
4 Hz - 100.000Hz (при користење на испорачаниот кабел за слушалки)
ЧУВСТВИТЕЛНОСТ (DB/MW)
98 dB/mW (1 kHz) (при користење на испорачаниот кабел за слушалки)
КОНТРОЛА НА ЈАЧИНА НА ЗВУК
Сензор за допир
ВИД НА КАБЕЛ
Едностран (отстранлив)
ДОЛЖИНА НА КАБЕЛОТ
Прибл. 1,2 м
ПРИКЛУЧОК
Позлатен мини стерео приклучок во форма на L
Време на користење
Лента за на глава која се поставува преку увото
Време на полнење
Прибл. 4 часа (целосно полнење)

Во пакетот

Галантерија
Кабел за слушалки (прибл. 1,2 м); Микро USB кабел (прибл. 0,5 м)

Микрофон

Тело на микрофонот
Електрет кондензаторски микрофон
Насока на микрофонот на кабелот
Сите насоки

Опции на бои

silverblack

Функции

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Динамичните HD звучници нудат реалистичен звук

Моќните HD звучници од 40мм со големи отвори им обезбедуваат моќен ритмички бас на слушалките, дури и кај песните со најголеми побарувања. Лесната и цврста дијафрагма со течни кристали и слој од полимер нуди брз одзив за репродукција на исклучително јасни вокали и ноти со среден до висок опсег. Зголемете ја јачината на звукот и слушајте јасен и прецизен звук низ целиот опсег.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

LCP дијафрагма обложена со алуминиум за поголема прецизност

Дијафрагмата со течни кристали и слој од полимер која е обложена со алуминиум нуди поконстантен и прецизен звук низ целиот фреквентен опсег дури и од стандардните LCP звучници. Звучната енергија која се губи при преносот кон куќиштето на слушалките е порамномерна, за да се обезбедат вистински и автентични перформанси. Исто така, ќе уживате во порамен фреквентен опсег, дури и кога слушате звук со висока резолуција.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Отвори за подобрување на басот за моќни ритами

Прецизно обликуваните отвори го максимизираат протокот на воздух во слушалките, овозможувајќи полесно дишење на LCP дијафрагмата и моментален одзив за добивање моќни бас тонови.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Звук со висока резолуција за беспрекорен звук

Издигнете ја вашата колекција на дигитална музика на повисоко ниво со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција создава речиси совршени снимки од музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Широк фреквентен одзив за звук со целосен опсег

Широкиот фреквентен опсег – од 4Hz до 100kHz при слушање со жична врска – е дизајниран за денешните различни музички стилови. Ниската фреквенција од 4Hz на фреквентниот опсег нуди доволно слобода дури и за најдлабоките бас тонови. При максимален опсег од 100kHz, ќе можете да ги почувствувате суптилните хармонични тонови, внесувајќи повеќе реалистичност во вашата музика.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Висока чувствителност за јасни перформанси

Со голема чувствителност од 98dB/mW, овие слушалки имаат голема ефикасност при конвертирање на струјата во акустични сигнали. Тоа значи дека ќе слушате појасен звук низ целиот звучен опсег (во споредба со слушалките со помала чувствителност) кога слушате музика преку истиот извор и со истата јачина на звук.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

DSEE врши обновување на деталите на вашата дигитална музика

Зголемете го квалитетот на вашите компресирани музички фајлови. Кога оригиналниот музички извор е компресиран, се губат делови од високите фреквенции кои ги збогатуваат вашите омилени песни и им додаваат детали. Процесорот за подобрување на дигитален звук (DSEE) верно ги обновува истите за да создаде звук со висок квалитет кој е поблиску до оригиналната снимка.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Сензор за допир за едноставна и практична контрола

Контролирањето на вашата музика е полесно од кога било со практичниот сензор за допир. Едноставно допрете ги ушните перничиња за да запирате или репродуцирате песни; прелистувајте налево и надесно за претходната и следната песна; пребарувајте и запирајте за да ја премотате музиката нанапред или наназад; или, пак, прелистувајте нагоре и надолу за да ја прилагодите јачината на звукот. Сите основни функции се лесно достапни, така што нема да имате потреба да ги барате контролите на вашиот уред.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Безжично проследување со Bluetooth®

Безжично проследување на звук од вашите омилени песни и апликации со Bluetooth®. Впарете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со овие слушалки кои поддржуваат Bluetooth® и ќе можете да уживате во музиката и да ги контролирате листите за репродукција и јачината на звукот преку вашиот уред.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Уживајте со висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC

LDAC е нов кодек развиен од Sony за проследување звук преку Bluetooth® со највисок квалитет. Тој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®, стапки на семплирање до 96kHz и поефикасен начин на кодирање. Резултатот? Врвен звук со помала компресија за да овозможи безжичен звук со подобар квалитет од звукот со CD квалитет.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Слушање со еден допир за моментално репродуцирање музика

Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) ја елиминира потребата од поврзување со кабли и сложените постапки за поставување. Само допрете го вашиот паметен телефон или друг уред* со NFC до ознаката N на куќиштето и почнете да слушате музика. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно во поставките за Bluetooth®. *Погледнете компатибилни уреди

Пронајдете компатибилни уреди

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Дизајнот со затворена задна страна со превиткување го задржува звукот

Дизајнот со затворена задна страна се обвиткува околу увото, задржувајќи ја музиката и одбивајќи ги несаканите звуци. Акустиката се одбива назад кон вашите уши, за да ги слушате и најдеталните звуци. Исто така, ќе можете да го почувствувате секој ритам, бидејќи дизајнот со затворена задна страна помага да се максимизира препознатливоста на басот од вашата музика. 

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Ушни перничиња кои го намалуваат притисокот за целосна удобност

Меките кожни ушни перничиња кои го намалуваат притисокот се дизајнирани за да ја прилагодат формата според вашите уши, за да добиете удобно поставување. Меките материјали и беспрекорната изолација нудат хармонична комбинација од удобност и издржливост за слушање со часови.

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Дизајнот со завртување го олеснува патувањето

Понесете ги овие слушалки насекаде. Ушните капачиња со дизајн на вртење овозможуваат лесно складирање кога не ги користите, како и поголема преносливост додека патувате. Слушалките се преклопуваат, за да можете да ги спакувате во куфер или торба без да се грижите дека ќе ви одземат многу простор. 

Слика од Безжични слушалки MDR-1ABT

Одделниот кабел за заземјување ги елиминира пречките

Со посебниот кабел за заземјување со 4-жици се подобрува разделувањето на аудио каналите со цел да се добие подобар звук. За разлика од стандардните слушалки, кои имаат заедничка жица за заземјување, кабелот содржи лева, десна и независна жица за заземјување за двата канали, поради што ќе слушате помалку изобличувања и пречки.

Порамномерен звук со кабел за звук обложен со сребро

Сакате ли да ја слушате вашата музика без Bluetooth®? Само поврзете го испорачаниот аудио кабел во вашите слушалки, а потоа приклучете го и омилениот музички плеер, за да уживате во висококвалитетен звук. OFC (Бакар без кислород) кабелот за звук обложен со сребро ја намалува загубата на сигналот при пренос за да овозможи помала деградација на звукот и порамномерни високофреквентни звуци.