Безжични слушалки MDR-1ABT
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
Реалистична музика под вашите прсти
Почувствувајте ги емоциите од секоја нота. Одликувајќи се со новосоздадениот LDAC кодек – оптимизиран за проследување звук со висока резолуција преку Bluetooth® – овие удобни слушалки ја доловуваат суштината на секоја песна. Иновативните контроли за допир на ушните капачиња ви овозможуваат да се поврзете со музиката за прекрасно доживување при слушањето.
Слушајте длабоки ниски тонови и целосен опсег на звукот до 100kHz, кога слушате преку жична врска.
Користете NFC за брзо поврзување, а потоа проследувајте ги омилените песни преку Bluetooth®.
Слушајте во текот на целиот ден со Bluetooth®.
Секоја суптилна нота, прецизно репродуцирана
Слушајте звук кој е верен на оригиналната снимка, без разлика колку е зголемена јачината на звукот. Моќниот звучник од 40 мм, со дијафрагмата со течни кристали и слој од полимер (LCP) која е обложена со алуминиум, ги репродуцира дури и најмоќните ритами со огромна прецизност.
Звукот со висока резолуција ја претвора аналогната музика во дигитална со повисока стапка отколку CD дисковите(24 бита/192kHz, наместо 16 бита/44,1kHz). Кај CD дисковите и MP3 песните највисоката фреквенција изнесува 20kHz, а звукот со висока резолуција поддржува фреквенции над 24kHz (до 100kHz кај овој модел).
Репродуцирајте гласна и јасна музика од кој било домашен систем или пренослив уред со висока чувствителност од 98dB/mW.
DSEE ја подобрува компресираната дигитална музика (MP3, ACC, ATRAC и WMA). Ги обновува високите и ниските звуци кои се губат при компресирањето, репродуцирајќи богат звук кој е сличен со CD квалитетот.
Bluetooth® LDAC кодекот од Sony нуди ново ниво на проследување музика. Тој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®, стапки на семплирање до 96kHz и поефикасно кодирање за безжичен звук со CD квалитет.
Поддршка за LDAC кодек
Почист звук од стандардното проследување преку Bluetooth®.
Брзо безжично поврзување преку NFC со еден допир.
Благодарение на вградениот микрофон, можете да одговарате на повици без користење на рацете и без отстранување на слушалките.
Вградената поддршка за кодеците AAC и SBC ги елиминира загубите во сигналот при проследување од вашиот паметен телефон или компјутер.
Музика на допир на вашите прсти со контрола преку сензор на допир
Едноставно допрете ги ушните перничиња за да запирате или репродуцирате песни, прелистувајте налево и надесно за претходната и следната песна, пребарувајте и запирајте за да премотувате или, пак, прелистувајте нагоре и надолу за да ја прилагодите јачината на звукот.
Дизајнот со обвиткување со ергономски 3D ушни перничиња ја задржува музиката и ги одбива несаканите звуци. Акустиката се одбива кон вашите уши за најсуптилен звук.
Оставете впечаток на стил
Овие извонредни слушалки изгледаат подеднакво добро како и чувството кое го будат кај корисниците, со елегантна метална лента за на глава која совршено ги надополнува обложените кожни ушни перничиња.
Меките кожни ушни перничиња се обвиткуваат околу вашите уши за прилепено и удобно поставување.
Со помазни материјали и беспрекорно спојување, удобноста и издржливоста се исклучителни.
Понесете ја вашата музика насекаде. Металната лента на лизгање за на главата и можноста за преклопување на слушалките овозможуваат лесно сместување на слушалките во куфер или торба.
Спецификации и функции
- Звучник
- 40мм
- Фреквентен одзив
- 4 Hz - 100.000Hz (при користење на испорачаниот кабел за слушалки)
- Капацитет
- 100mW (при користење на испорачаниот кабел за слушалки)
- Должина на кабел
- Прибл. 1,2 м