Слика од Слушалки за во уво со балансирана арматура H3
Слика од Слушалки за во уво со балансирана арматура H3
Слика од Слушалки за во уво со балансирана арматура H3
Слушалки за во уво со балансирана арматура H3 на дело
Слушалки за во уво со балансирана арматура H3 на дело
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Врвен звук во ушната влошка

За добивање на најдобар можен квалитет на звукот, Sony вгради три звучници во прецизно обликуваното куќиште на XBA-H3. Кога работат заедно, тие создаваат одзив со висока резолуција од 3-40.000 Hz.

Проширување на спектарот на звуци

Со поширок фреквентен опсег и софистицирани звучници, звучниците XBA-H3 нудат звук со висока резолуција кој е сличен со изведбите во живо.

Систем со хибридни звучници од Sony

Секој од трите звучници покрива специфичен дел од фреквентниот опсег, за добивање на богат бас, прецизни средни тонови и чисти високи тонови.

Внатрешен аудиофилски звук

Звук со висока резолуција - сега во ушни влошки

Повеќето луѓе слушаат фреквенции од 20-20.000 Hz, а овие слушалки репродуцираат фреквенции од 3-40.000 Hz. Ова се должи на инфра и ултрасоничните фреквенции кои не се слушаат, туку чувствуваат. На овој начин се создава богато доживување на музика во живо и музика со квалитет како во студио - доживување кое го нема кај компресираните дигитални фајлови или кај другите слушалки.

слика од производот xba
Одличен звук, одлична ергономија

Освен врвните аудио перформанси, ушните влошки XBA-H3 се дизајнирани со неколку клучни карактеристики за удобност и прилагодување.

Посветеност на практичен дизајн

Откријте слушалки за во уво кои се прилагодени според вашите потреби. Врвен и веродостоен звук со разновиден дизајн кој ви овозможува неверојатно преносливо уживање во вашата музика.

Опции за задоволување на потребите

XBA-H3 се испорачуваат со два отстранливи кабли, еден со вграден микрофон, а другиот без, коишто можете да ги менувате по ваша потреба, за музика или да бидете подготвени да одговорате на повици.

Компатибилност за повици

Без разлика дали користите Android или iOS, далечинскиот управувач и микрофон на кабелот од Sony ви овозможуваат да одговорите на телефонските повици без да ги користите рацете, како и да ја контролирате јачината на звукот.

XBA H3
Пронајдете го совршеното поставување

За оптимална удобност и квалитет на звукот, вклучени се четири големини на ушни влошки од пенест силикон, кои се меки и овозможуваат добра изолација од амбиенталниот шум.

Усовршено преносливо слушање

Бидејќи не постојат две исти уши, XBA-H3 се дизајнирани со смеса која ја задржува формата и Teknorote® ушни прицврстувачи обложени со силикон за сигурно поставување без вибрации за секој слушател.

Спецификации и функции

  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • систем со хибридни звучници за длабок бас и јасни високи тонови

  • Далечински управувач и микрофон на кабелот, компатибилни со паметни телефони

  • Контролата на одзив за ритамот ги намалува изобличувањата на моќниот бас

  • Прилепени и сигурни силиконски ушни влошки со прицврстувач за уво

Звучник
HD хибридни 3-системски – динамичен од 16 мм + 2x балансирана арматура
Фреквентен одзив
3–40.000Hz
Должина на кабел
1,2 м

Што има во пакетот

Хибридни силиконски гумени ушни влошки (големини SS x2, S x2, M x2, L x2), Ушни влошки од пенест силикон (големини SS x2, S x2, M x2, L x2), Торба за носење, Слајд, Прилагодувач на кабел, Отстранлив прицврстувач за уво со далечински управувач

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина