HD

Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика

NEX-VG900E
Слика од Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика
Слика од Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика
Слика од Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика
Слика од Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика
Слика од Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика
Слика од Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика
Слика од Handycam® камера VG900 со заменливи објективи за целосна слика
Снимање на целосна слика, без компромиси

NEX-VG900E е видео камера со можност за снимање на целосна слика. Малата длабочина на поле и перформансите при слаба осветленост се надополнети со слика и звук како во кино и избор на објективи.

Missing Video data!

Кај сензорите, големината е многу важна

Exmor® HD CMOS сензорот од 35мм за целосна слика со 24,3MP ви нуди широко видно поле, врвни перформанси при слаба осветленост, мала длабочина на полето и прекрасно дефокусирање.

Exmor сензор со 35 мм за целосна слика со 24,3MP
Бидете креативни во Full HD

Снимајте во AVCHD формат верзија 2.0 со висока резолуција и во режим со 60p (NTSC) / 50p (PAL). Или, пак добијте препознатлив кино изглед со 24p и Cinema Tone Gamma™/Cinema Tone Color™.

Можностите се неограничени

Со NEX-VG900E можете директно да прикачите цела палета на објективи со E-приклучок кои имаат рачен или моторизиран зум. Или, пак, користете го испорачаниот адаптер за да прикачите објективи за целосна слика со A-приклучок.

Заборавете на претпоставките при снимање

Електронскиот OLED визир ви прикажува како ќе изгледа вашата видео снимка, дури и со ефекти на дефокусирање. LCD мониторот се испорачува со екран на допир со интуитивна контрола.

OLED визир
Гледајте сè со OLED квалитет

OLED визирот ви нуди врвна острина, контраст и бои.

LCD екран на допир
Контрола преку екран на допир

Прилагодливиот LCD екран на допир нуди едноставно ракување на дофат на прстите.

Прецизен звук

Вградениот микрофон со просторна структура од четири капсули се одликува со повеќенасочен дизајн кој ви овозможува да снимате стерео или 5.1-кан. опкружувачки звук.

Приклучок за слушалки
Слушајте внимателно

Приклучокот за слушалки овозможува прецизно следење и снимање на звукот.

Додајте микрофон или блиц
Прилагодете го вашиот фото апарат

Адаптерот за приклучокот со повеќе интерфејси ви овозможува да додадете каква било галантерија.

Спецификации и функции

  • Exmor® CMOS сензор за целосна слика од 35мм со 24,3MP

  • Контроли за ирис, брзина на бленда, баланс на белата боја и засилување

  • Изберете го кој било објектив со E-приклучок според сцената

  • Сензорот за целосна слика од 35мм снима со 25p, 50i, 50p и 24p fps

  • XGA OLED визир кој нуди подобра слика од HD

Вид на објектив
Заменлив објектив
Тип на сензор
Exmor® HD CMOS од 35мм за целосна слика
Тип на екран
3,0 Xtra Fine LCD™
Влезни и излезни приклучоци
USB;HDMI®;мини HDMI®;видео излез;надворешен микрофон;приклучок за слушалки

Што има во пакетот

Капаче за куќиште, AC адаптер, Кабел AV, Кабел за USB, Безжичен далечински управувач, Заштитник за ветер

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина