FDR-AX53
Замислете си извонредни движења. Посакајте да ги доловите. Внесувајте нови елементи постојано. Со 4K Handycam® камерата во рака, најемотивните моменти стануваат реални.
FDR-AX53
Замислете си извонредни движења. Посакајте да ги доловите. Внесувајте нови елементи постојано. Со 4K Handycam® камерата во рака, најемотивните моменти стануваат реални.
Подобрете го вашиот фото апарат за да уживате во полесно снимање.
Перформансите со кои се одликува најдобрата 4K Handycam® камера се беспрекорни. Балансираниот оптички SteadyShot™ и брзиот интелигентен AF создаваат слики какви што посакувате. Микрофонот со нова структура ја доловува атмосферата насекаде околу него. Можете дури и да експериментирате со времето и движењата или да ја преземете контролата врз професионалните/рачните функции. Можностите и задоволството се бесконечни.
Напредните перформанси на објективот и сензорот за слика го подобруваат приказот со голема прецизност, чувствителноста и моќта.
Извонредната стабилизација на сликата ви овозможува да снимате стабилно низ целиот опсег на зумот додека одите.
Ефикасното движење на објективот и предвидувањето на растојанието за AF овозможуваат брзо преместување на фокусот од далечните до блиските објекти.
Новата структура на микрофонот снима звуци од пет насоки со приближно 40% помалку шум за да добиете реалистична атмосфера.
Бидете креативни со функциите за снимање со голема брзина и за снимање забрзани снимки за да направите прекрасни видео записи.
Снимајте како професионалец со функциите за рачно поставување, EVF, временски код и снимање кориснички податоци.
Новосоздадениот објектив и сензорот на сликата ја подобруваат извонредната резолуција до 4K, со особена чувствителност за снимање висококвалитетни видеоснимки при слаба осветленост.
Vario-Sonnar T* објективот од ZEISS® со најширок агол од 26,8 мм ви овозможува да опфатите поголем дел од објектот во кадарот.
Поголемите точки ја подобруваат чувствителноста за снимање видеоснимки со помалку шум, дури и во темнина.
Снимањето со висока бит-стапка во XAVC S формат јасно ги доловува дури и променливите сцени со многу движења.
На 4K видеоснимките автоматски им се намалува резолуцијата до Full HD за да се репродуцираат на HD телевизор.
Поминете со прстот по LCD екранот за намалување на кадарот од 4K филмот што се репродуцира на телевизорот во Full HD.
Краткиот видео запис подолу ги прикажува ефектите од компензирање на тресењето на фотоапаратот со балансираниот оптички SteadyShot (десно) и оптичката стабилизација на сликата (лево), соодветно.
Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото
Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).
За снимање видео со неверојатна стабилност, од широк агол до телефото. Во режимот за снимање во HD, интелигентниот активен режим со 5 оски уште повеќе го намалува тресењето на фотоапаратот, дури и кога снимате додека трчате.
Брзиот и интелигентен AF не само што нуди исклучителна брзина за автоматско фокусирање, туку и извонредна прецизност.
Новиот AF алгоритам ја оптимизира комуникацијата помеѓу објективот и процесорот за слика за да овозможи извонредно брз AF, а современиот систем за предвидување на растојанието за AF го задржува објектот во фокус.
Структурата на новиот микрофон е дизајнирана за снимање висококвалитетен звук што ја доловува атмосферата и има приближно 40% помалку шум.
Забавата при користењето на Handycam® продолжува и по снимањето, додека го подобрувате, трансформирате или уредувате снимениот материјал за да добиете видео за паметење.
Снимете видеоснимка со висока стапка на слики како 100 fps во Full HD. Видеоснимката со забавени движења ќе ви понуди извонреден квалитет на слика во секој момент од случувањата.
Со функцијата за снимање забрзани снимки можете да снимате фотографии од некоја сцена во определен временски период со определен интервал помеѓу секоја снимка и да ја претворите низата снимки во висококвалитетна 4K видеоснимка со забрзани движења.
Во функциите со професионален стил спаѓа прстен и копче за рачна контрола на разни функции што се доделуваат, како и снимање кориснички податоци и временски код.
Снимајте со временски код и кориснички податоци
Овие функции се незаменливи за напредно уредување. Изборните далечински управувачи, исто така, овозможуваат попрактично уредување.
Што има во пакетот
Батерија на полнење (NP-FV70), AC адаптер, Кабел за напојување, Водич за ракување, HDMI®(микро) кабел, Микро USB кабел