FDR-AX100E
FDR-AX100E поддржува 4K-резолуција што нуди 4X повеќе детали од Full HD. Таа ви овозможува да ги доловите неверојатните детали и живописноста на реалниот живот.
FDR-AX100E
FDR-AX100E поддржува 4K-резолуција што нуди 4X повеќе детали од Full HD. Таа ви овозможува да ги доловите неверојатните детали и живописноста на реалниот живот.
Подобрете го вашиот фото апарат за да уживате во полесно снимање.
Уживајте во широкоаголен Vario-Sonnar T* објектив од 29 мм од ZEISS® кој е специјално прилагоден за 4K видео. Идеален за снимање огромни пејзажи, со оптички зум до 12x.
Површината на сензорот што ја прима светлината е приближно 4,9 поголема од површината кај тековните сензори и нуди поголема јасност на сликата, го намалува шумот и овозможува неверојатно заматување на заднината.
Новиот BIONZ процесор постигнува пореалистични слики и го овозможува додавањето на нови функции кои ги користат предностите на побрзата обработка.
Ќе бидете изненадени од снимката која е четири пати појасна од Full HD. Почувствувајте ја разликата користејќи го лизгачот подолу.
Уживајте во нова димензија на резолуцијата со четири пати подобар квалитет на Full HD сликата.
Поддршка за HD со висока бит-стапка
Адаптиран од популарниот професионален формат, XAVC S претставува врвен стандард за снимање 4K/HD видео записи. Со поддршка до HD 50Mbps, можете да снимате видео записи во висока резолуција дури и во снимка со интензивно движење.
Уживајте во вистински кино квалитет на вашите 4K видео снимки преку поврзување на вашата видео камера со вклучен HDMI кабел.
Уживајте во Full HD репродукција со извонреден приказ на вашиот HD телевизор, кој го користи вишокот од 4K податоци за автоматско конвертирање на 4K снимките во Full HD. За да отсечете 4K слика во Full HD, едноставно поставете го вашиот прст на LCD екранот на видео камерата за да ја означите областа.
Камерата FDR-AX100E е прва што ги обединува опциите за снимање во 4K, интуитивните контроли и рачната големина, поради што претставува достигнување на растечкиот пазар на видеокамери.
Професионалната Handycam® камера FDR-AX1 нуди влез за XLR микрофон и ненадминат квалитет на слика. Со 4K/60p видео и репродукција во практичен формат, оваа видеокамера е подготвена за снимателите со големи очекувања.
Што има во пакетот
Комплет батерии на полнење, AC адаптер, Кабел за напојување, Упатство, Микро HDMI® кабел, Кабел за USB, Далечински управувач, Сенило, Капаче за објектив
It was also a good opportunity to test the new FREE XAVC-S 4K update. (firmware 3.0 boosting the data rate from 60 Mbps to 100 Mbps). In my opinion this camera together with Sony’s XLR-K2M can prove to be a very powerful combination - Cinema5D