Сензор

Тип на сензор
35 мм, целосна слика (35,9 x 24,0 мм) Exmor® R CMOS сензор, сооднос на сликата 3:2
Број на точки (ефективни)
Прибл. 42,4 MP
Број на точки (вкупно)
Прибл. 43,6 MP
Број на точки (бруто)
Прибл. 43,6 MP

Објектив

Вид на објектив
Vario-Sonnar T* од ZEISS®, 8 елементи во 7 групи (3 асферични елементи, вклучувајќи и AA леќа)
F-број (максимална решетка)
F2
Фокусна должина
f=35мм
АГОЛ НА ГЛЕДАЊЕ (ЕКВИВАЛЕНТ НА ФОРМАТОТ ОД 35 MM)
63 степени (35 мм)
Опсег на фокусирање (од предниот дел на објективот)
Прибл. 24 см до бесконечност (нормален режим), прибл. 14 см до 29 см (макро режим)
Јасно зумирање на слики (фотографија)
[Фотографија] 2x, [Видео] 2x
Дигитален зум (фотографија)
До 8x
Дијаметар на филтер
49 мм
Maкс. Зголемување (стандардно/макро)
0,15x / 0,26x (со помош на прстенот за вклучување макро)
Оптички варијабилен нископропусен филтер
Да
Вид на решетка
Дијафрагма за ирис (9 листови)
Дигитален зум
[Фотографија] 42 M прибл. 4x / 18 M прибл. 6,2x / 11 M прибл. 8x, [Видео] прибл. 4x
Опсег на фокусирање (од фокусната рамнина)
Прибл. 30 см до бесконечност (нормален режим), прибл. 20 см до 35 см (макро режим)

Екран

Тип на екран
7,5 см (тип 3,0) (4:3) / 1.228.800 точки / Xtra Fine / TFT LCD екран
Контрола на јасноста
Автоматски / Рачно (5 чекори) / Режим на сончево време
Прилагодлив агол
Нагоре прибл. 109 степени, надолу прибл. 41 степен, макс.
Избирач на екран (визир/LCD)
Автоматски / EVF / монитор
Зголемување со помош при MF
5,0x, 12,5x

Визир

Вид на екран/Број на точки
Електронски визир (OLED) од тип 0,39, 2.359.296 точки
Покриеност на поле
100%
Зголемување
Прибл. 0,74x (со екв. на објектив од 50 мм при бесконечност, -1 м-1)
Точка на окото
Прибл. 19 мм од леќата на окуларот, 18,4 мм од рамката на окуларот при -1 м-1 (CIPA стандард)
Прилагодување на диоптерот
-4,0 до +3,0м-1
Визир
Електронски визир (OLED) од тип 0,39
Контрола на јасноста
Автоматски, рачно (5 чекори)

Камера

Дел за обработка на сликата
BIONZ™ X
STEADYSHOT (ФОТОГРАФИЈА)
Електронски тип (за видеоснимки)
Вид на фокусирање
Брз хибриден AF(AF со откривање на фаза/AF со откривање на контраст)
Режим на фокусирање
AF за единечни снимки (AF-S) / континуиран AF (AF-C) / директен рачен фокус (DMF) / рачен фокус
Површина на фокусирање
Широкоаголно (399 точки за AF со откривање на фаза / 25 точки за AF со откривање на контраст) / центрирано / флексибилна точка (S/M/L) / флексибилна точка која се проширува / AF со заклучување (широкоаголно / центрирано / флексибилна точка (S/M/L) / флексибилна точка која се проширува)
Режим за мерење на светлината
Повеќе примероци / центрирано / во точка
Компензација на експозицијата
+/-5,0 EV (во чекори од 1/3 EV), со вртливо копче за компензација на експозицијата: +/-3,0 EV (во чекори од 1/3 EV)
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
ISO 100-25600 (чекори од 1/3 EV) (може да се прошири до ISO 50/64/80/32000/40000/51200/64000/80000/102400), АВТОМАТСКИ (ISO 100-102400, може да се избере горна / долна граница), NR за повеќе слики: ISO 100-102400 (чекори од 1 EV), АВТОМАТСКИ (ISO 100-102400, може да се избере горна / долна граница)
ISO чувствителност (видео)
ISO 100-25600
Режими на балансот на белата боја
Автоматски / дневна светлина / сенка / облачно / блескаво / флуор.: топли бели тонови / флуор.: ладни бели тонови / флуор.: дневни бели тонови / флуор.: дневна светлина / блиц / темп. на бои / филтер / прилагодено
Детално прилагодување на WB
Да (G7 до M7 (57 чекори), A7 до B7 (29 чекори))
Брзина на блендата
Автоматска програма (30”-1/4000* сек.) / приоритет на решетка (30”-1/4000* сек.) / приоритет на бленда (30”-1/4000* сек.) / рачна експозиција (светилка, 30”-1/4000* сек.) / iAuto (4”-1/4000* сек.) *При вредност на решетката од F5,6 или поголема. Најбрзо ограничување при F2 е 1/2000 сек.
Решетка
F2-22
Контрола на сликата
Контраст, заситеност, острина, креативен стил, простор на бои (sRGB/Adobe RGB), квалитет (RAW / RAW и JPEG / екстра фино / фино / стандардно)
Некомпресиран RAW
Да
Намалување на шумот
NR со долга експозиција: Вклучено / исклучено, достапно при брзини на отворање на блендата поголеми од 1 сек., NR при високи ISO вредности: Нормално / ниско / исклучено, NR за повеќе слики: Автоматски / ISO 100-102400
Функции со динамички опсег
Исклучено, оптимизатор на динамички опсег (автоматски / ниво 1-5), автоматски висок динамички опсег: Исклучено, разлика при автоматска експозиција, ниво на разлика на експозиција (1,0-6,0 EV, 1,0 EV чекор)
Режим за снимање
АВТОМАТСКИ (интелигентен автоматски режим / врвен автоматски режим) автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзината на бленда, рачна експозиција, MR (повикување на меморија) 1,2,3, режим на видео (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција), панорама, избор на сцени
Избор на сцени
Портрет, спортски случувања, пејзаж, зајдисонце, ноќна сцена, рачно снимање во самрак, ноќен портрет, спречување на заматувањето на движењата
Брзина на континуирано фотографирање (максимум) (со макс. точки за снимање)
Континуирано фотографирање со приоритет на брзина: прибл. 5 fps, Континуирано фотографирање: прибл. 2,5 fps (AF-S)
Тајмер
10 сек. / 5 сек. / 2 сек. / 3 или 5 последователни снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек., / групирани снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек.
Режими на придвижување
Единечно фотографирање, континуирано фотографирање, континуирано фотографирање со приоритет на брзина, тајмер, тајмер (конт.), конт. групирање , единечно групирање , групирање при баланс на белата боја , DRO групирање , LPF групирање
Ефект на слика
[Фотографија] Фотоапарат - играчка, модерни бои, правење постери, ретро фотографија, меки и осветлени тонови, делумни бои, еднобојни слики со висок контраст, мек фокус, HDR слика, богати црно-бело тонови, минијатурен ефект, водени бои, цртеж, [Видео] Фотоапарат - играчка, модерни бои, правење постери, ретро фотографија, меки и осветлени тонови, делумни бои, еднобојни слики со висок контраст.
Креативен стил
Стандардно, живописно, неутрално, јасно, длабочина, осветлено, портрет, пејзаж, зајдисонце, ноќна сцена, есенски лисја, црно-бело, сепија, стилска кутија
Автоматска ротација на слика
Да
Вид на мерење
Мерење со проценка на 1200 зони
Број на препознаени сцени
[Фотографија] Врвен автоматски режим: 44, Интелигентен автоматски режим: 33, [Видео] 33
Снимање во RAW формат
14 бита
Минимална осветленост
Автоматски: 1,5 лукси (брзина на блендата 1/30")
Корекција на црвени очи со вграден блиц
Вклучено / исклучено

Блиц

Режим на блиц
Исклучен блиц / автоматски блиц / блиц за пополнување / бавна синхронизација / задна синхронизација / безжично (со изборен компатибилен блиц)
AF осветлување
Автоматски / исклучено

Снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick Duo, Memory Stick PRO Duo, Memory Stick PRO Duo (со голема брзина), Memory Stick PRO-HG Duo, Memory Stick Micro , Memory Stick Micro (Mark2) , SD мемориска картичка, SDHC мемориска картичка, SDXC мемориска картичка, microSD мемориска картичка , microSDHC мемориска картичка , microSDXC мемориска картичка
Формат на снимање
[Фотографија]: JPEG (DCF вер.2.0, Exif вер.2.3, MPF Baseline усогласеност), RAW (Sony ARW 2.3 формат), [Видео]: Компатибилност со XAVC S, AVCHD формат вер.2.0, MP4
Формат за снимање (звук во видео)
XAVC S: LPCM 2-кан. / AVCHD: Dolby Digital (AC-3) 2-кан. (Dolby Digital Stereo Creator) / MP4: MPEG-4 AAC-LC 2-кан.
Простор на бои (фотографија)
sRGB, Adobe RGB
Фотографија, Број на снимени точки (големина на слика)
[3:2] L: 42 M (7.952 x 5.304) / M: 18 M (5.168 x 3.448) / S: 11 M (3.984 x 2.656), [4:3] L: 38 M (7.072 x 5.304) / M: 16 M (4.592 x 3.448) / S: 9,4 M (3.536 x 2.656), [16:9] L: 36 M (7.952 x 4.472) / M: 15 M (5.168 x 2.912) / S: 8,9 M (3.984 x 2.240), [1:1] L: 28 M (5.296 x 5.296) / M: 12 M (3.440 x 3.440) / S: 7,1 M (2.656 x 2.656), [режим на панорама] стандардно (3.872 x 2.160 / 8.192 x 1.856) / широкоаголно (5.536 x 2.160 / 12.416 x 1.856)
Режим за снимање видео (NTSC)
AVCHD: 28 M PS (1.920 x 1.080/60p) / 24 M FX (1.920 x 1.080/60i) / 17 M FH (1.920 x 1.080/60i) / 24 M FX (1.920 x 1.080/24p) / 17 M FH (1.920 x 1.080/24p), XAVC S HD: 60p 50 M (1.920 x 1.080/60p) / 30p 50 M (1.920 x 1.080/30p) / 24p 50 M (1.920 x 1.080/24p) / 120p 50 M (1.280 x 720/120p), MP4: 28 M (1.920 x 1.080/60p) / 16 M (1.920 x 1.080/30p) / 6 M (1.280 x 720/30p)
Режим за снимање видео (PAL)
AVCHD: 28 M PS (1.920 x 1.080/50p) / 24 M FX (1.920 x 1.080/50i) / 17 M FH (1.920 x 1.080/50i) / 24 M FX (1.920 x 1.080/25p) / 17 M FH (1.920 x 1.080/25p), XAVC S HD: 50p 50 M (1.920 x 1.080/50p) / 25p 50 M (1.920 x 1.080/25p) / 100p 50 M (1.280 x 720/100p), MP4: 28 M (1.920 x 1.080/50p) / 16 M (1.920 x 1.080/25p) / 6 M (1.280 x 720/25p)

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Повеќе/микро USB приклучоци , микро HDMI, микрофон (стерео мини приклучок од 3,5 мм), приклучок за повеќе интерфејси
NFC
Далечински управувач со еден допир, Компатибилност со NFC форум Type 3 Tag, Споделување со еден допир
WI-FI
Да (IEEE802.11b/g/n (фреквенција од 2,4GHz))
Поврзување преку Wi-Fi®
Eye-Fi, Wi-Fi®, Далечински управувач со еден допир, Компатибилност со NFC форум Type 3 Tag, Споделување со еден допир

Моќност

Извор на напојување
DC 3,6 V (испорачана батерија) / DC 5,0 V (испорачан AC адаптер)
Систем на батерии
Комплет батерии на полнење NP-BX1
Потрошувачка (режим на камера)
Прибл. 2,5 W со LCD екран и прибл. 2,7 W со визир (CIPA стандард)
Полнење преку USB/Напојување преку USB
Да (испорачан AC адаптер)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ФОТОГРАФИИ)(CIPA) 
[Фотографии] : Монитор: Прибл. 220 снимки / прибл. 110 мин., Визир: Прибл. 200 снимки / прибл. 100 мин., [Видеоснимки (реално снимање)] : Монитор: Прибл. 30 мин., Визир: Прибл. 30 мин. (Во [MP4 28M] режим, макс. континуирано време на снимање е прибл. 20 мин. и макс. големина на фајл е 4 GB.), [Видеоснимки (континуирано снимање)] : Монитор: Прибл. 50 мин., Визир: Прибл. 50 мин. (Во [MP4 28M] режим, макс. континуирано време на снимање е прибл. 20 мин. и макс. големина на фајл е 4 GB.)
Испорачана батерија
Комплет батерии на полнење NP-BX1

Други

Playmemories Camera Apps
Да
Функции за снимање
Интелигентен телеконвертор (прибл. 1,4x / 2x) / AF на очи / AF со заклучување / откривање лице / регистрирање на лице / бленда со функција за насмевки / линии во форма на решетка / Quick Navi / дигитална либела (две оски на завртување) / групирање на експозиција / групирање на балансот на белата боја / DRO групирање / групирање на блиц / LPF групирање / помош при MF / изострување / црни и бели ленти / приказ на обележувачи / име на фотограф и авторски права / минимална брзина на блендата при автоматско ISO / далечинска контрола преку компјутер / автоматско обликување на предмети
Функции за репродукција
BRAVIA Sync (контрола за HDMI) / единечно (со или без информации за снимање, RGB хистограм и предупредување за осветлени делови/делови под сенка) / индексен приказ 9/25 слики / режим на зголемен приказ / автоматска ориентација / слајдшоу / панорамско придвижување / автоматско прегледување (10 сек./5 сек./2 сек./исклучено) / премотување напред/назад (видео) / бришење / заштита / репродукција на 4K фотографии
Работна температура
Прибл. 0°C до 40°C (32F° до 104F°)
Зум при репродукција
Во зависност од големината на сликата
Индексна репродукција
9 / 25 слики

Отпечати

Отпечати
Exif печатење, усогласување на отпечатени слики PRINT (PIM3)

Големина и тежина

ТЕЖИНА (УСОГЛАСЕНОСТ СО CIPA)
480 гр. (1 lb 0,9 oz.) / 507 гр. (1 lb 1,9 oz.) (со батерија и Memory Stick PRO Duo)
ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д) (ПРИБЛ.)
113,3 x 65,4 x 72,0 мм

Испорачана галантерија

ШТО ИМА ВО КУТИЈАТА
Адаптер за наизменична струја, Капаче за објектив, Капаче за окулар, Капаче за приклучок, Комплет батерии на полнење NP-BX1, Лента за на рамо, Микро USB кабел, Полнач на батерии, Ткаенина за чистење, Упатство за употреба

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • Комплет батерии на полнење NP-BX1
  • Адаптер за наизменична струја
  • Микро USB кабел
  • Лента за на рамо
  • Капаче за објектив
  • Капаче за приклучок
  • Упатство за употреба
  • Ткаенина за чистење
  • Полнач на батерии
  • Капаче за окулар
Placeholder

Функции

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Повисок квалитет во компактни димензии

Одличните можности на компактниот фотоапарат RX1R II беспрекорно се сместуваат во вашата дланка. Компатибилноста со формат за целосна слика и другите врвни иновации во сензорот и за обработка на сликата создаваат слики со исклучителен квалитет. Осветлениот објектив со фиксна фокусна должина го отсликува препознатливиот интегритет во оптиката на ZEISS®.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

CMOS сензор за целосна слика со повисока резолуција

Exmor R® CMOS сензорот од 35 мм за целосна слика нуди резолуција од 42,4 милиони точки, чувствителност до ISO 102400, широк динамички опсег и мал шум. Задно осветлената структура го зголемува размерот на електронското коло со нова бакарна инсталација за 3,5 пати побрзо читање на податоци. Подобрувањата му овозможуваат на RX1R II читање слики, одзив на AF и континуирано фотографирање со голема брзина.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Sonnar T* објектив од 35 мм со голема решетка F2 од ZEISS®

Sonnar T* објективот од 35 мм со F2 и врвен квалитет од ZEISS® со максимална решетка од F2 се одликува со AA (напреден асферичен) елемент на објектив и минимално движење на објективот, што овозможува цилиндерот на објективот да биде многу лесен и компактен. Површината за обработка на слика на сензорот и објективот се калибрирани за оптимизирање на резолуцијата со јасност која останува непроменета на секоја слика.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Надграден процесор BIONZ X™ за обработка на слика

BIONZ X обработува податоци со 42,4 милиони точки од CMOS сензорот за целосна слика од 35 мм за репродукција на мали и реалистични детали со намален шум во зависност од карактеристиките на површината на сликата. Тоа овозможува брзо, реалистично и детално прикажување на нијансите на светлината и текстурата. Дизајнот со фиксен објектив на RX1R II, исто така, помага при оптимизирање на обработката на информациите за сликата од објективот и сензорот.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Прецизен и брз хибриден AF

399-те AF точки за откривање на фаза во фокусната површина и 25-те AF точки со откривање на контраст го прават брзиот хибриден AF неверојатно брз и прецизен во секакви услови. Системот се одликува со опсежна покриеност на откривање на фаза (45% од површината на сликата) и 30% побрз AF, како и врвни перформанси на следење кои ви нудат можност да ги снимите одлучувачките моменти.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Оптички варијабилен нископропусен филтер

Поставките за ефектот на LPF ја користат високата резолуција на сензорот од 42,4 милиони точки за да ви овозможат врвен квалитет на сликата за вашите потреби. Изберете помеѓу поставките Исклучено (се дава приоритет на резолуцијата на сликата), Високо (за да се намали заматувањето и недоследностите во боите) или Стандардно (за балансирање на овие приоритети) за да го добиете карактерот на сликите кон кој се стремите. Групирањето на нископропусниот филтер ви овозможува преглед на ефектите од разните поставки.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

XGA OLED Tru-Finder™ со вовлекувачки дизајн

Визирот Tru-Finder со можност за вовлекување се одликува со зголемување од 0,74x, оптички систем со четири стаклени елементи на објективот и два асферични објективи од лиено стакло, јасна слика од еден до друг агол, минимално изобличување, анти-рефлективен слој T* од ZEISS® и извонредна репродукција на снимените материјали. Со EVF можете веднаш и прецизно да погледнете како вашите поставки ќе влијаат на сликата. Вклучено е одделно капаче за окулар.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

LCD екранот кој се врти се прилагодува на нивото на вашите очи

LCD екранот лесно се гледа во различни позиции при фотографирањето. Неговиот WhiteMagic екран од тип 3,0 со прибл. 1.229k точки, вклучувајќи ги и белите точки со голема осветленост, може максимално да се врти/позиционира од 109 степени нагоре до 41 степен надолу и овозможува одлична видливост во сите ситуации, дури и на отворен простор или во други светли опкружувања.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Вградена функција за снимање видеоснимки во Full HD и XAVC S формат

RX1R II го поддржува форматот XAVC S за снимање видео со кој можете да снимате видеоснимки со Full HD квалитет со стапка на слики од 60p (50p), 30p (25p) или 24p, со висока бит-стапка од 50 Mbps. Ова ви овозможува дополнително да ја изразите вашата визија со пореалистични слики кои содржат повеќе детали и минимален шум предизвикан од компресирање, дефокусирање и заматување.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Режим за фокусирање AF-C/фотографирање со 5 fps со AF со следење

Режимот за фокусирање AF-C (континуиран AF) му овозможува на RX1R II да ги следи објектите во движење, притоа задржувајќи го остриот фокус, дури и при континуирано фотографирање со 5 fps, благодарение на автоматското фокусирање со широка покриеност на системот со 399 AF точки за откривање на фаза низ голем дел од површината на сликата.

Поддржува 14-битен некомпресиран RAW формат

Новата компатибилност со 14-битен некомпресиран RAW формат ви овозможува да го изберете оптималниот формат за вашите потреби. Фотоапаратот обезбедува градација на тонови со извонреден квалитет што максимално го искористува широкиот динамички опсег на сензорот на сликата.

Компатибилност со повеќе соодноси на слика

Отсега, соодносите 1:1 и 4:3 им се придружуваат на 3:2 и 16:9 како соодноси на слика што ги поддржува претходниот модел. Соодносот на слика 1:1 со 28 M (наместо 42 M) точки ќе ви понуди соодветна можност за изразување за подоцнежно отсекување, без разлика дали сакате да отсекувате во вертикална или хоризонтална ориентација на сликата.

Wi-Fi® / NFC™ за брзо и едноставно споделување

Со вградениот Wi-Fi® во RX1R II, лесно можете да префрлувате фотографии или MP4 видеоснимки на вашиот паметен телефон или таблет-уред, а потоа да ги вчитате на вашите омилени социјални мрежи (SNS). Технологијата NFC (поле за комуникации во близина) уште повеќе го олеснува воспоставувањето врска помеѓу фотоапаратот и уредот, ако користите паметен телефон или таблет-уред кој поддржува NFC.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Автоматска функција за AF на очи

RX1R II ја користи функција AF на очи која автоматски ги открива и ги следи очите на објектот во движење, за уште поголема слобода при обликувањето на кадарот. Функцијата AF на очи е достапна дури и во режимот за фокусирање AF-C.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Цврсто и лесно куќиште од легура од магнезиум

Обликуваното лесно метално куќиште ја отсликува цврстата и одлична сигурност за фотографирање во секакви околности. Сите компоненти се внимателно рафинирани за да ја зголемат прецизноста и да го олеснат ракувањето и се дизајнирани да функционираат беспрекорно и сигурно на долготраен план.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Макро режим за јасно фотографирање од мошне мало растојание

Завртете го прстенот за вклучување макро за да го активирате макро режимот и да го намалите минималното растојание од објектот до сензорот за слика на 20 см. Минималното испакнување на објективот нуди удобност при фотографирањето. Можете да ги користите и предностите на директниот рачен фокус (DMF), функцијата за помош при MF, функцијата за изострување, како и XGA OLED Tru-Finder, итн. при макро фотографирањето.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Интуитивно и разновидно ракување со вртливо копче

Поставките може едноставно да се прилагодат при обликувањето на кадарот додека гледате низ визирот. Вртете ги прстените на цилиндерот на објективот со левата рака за да ја контролирате решетката или да го активирате макро режимот и детално да го прилагодите фокусот. Изберете режим на фокусирање со вртливото копче поставено на предната страна. Со десната рака можете да ракувате со вртливото копче за режим поставено на горната страна, вртливото копче за компензација на експозицијата, прилагодливото копче, AEL копчето, итн.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Попрецизно прилагодување на балансот на белата боја

RX1R II нуди повеќе чекори за прилагодување на балансот на белата боја (двојно повеќе од килибарната-сина оска; четири пати повеќе од зелената-магента оска) од RX1R, за прецизно прилагодување на балансот на белата боја со подискретна прецизност за добивање поприродни бои.

Минимална брзина на блендата при автоматско ISO

Спречете го заматувањето кај снимките со објекти во движење преку поставување на брзина на бленда за која ISO чувствителноста започнува да се менува при избор на АВТОМАТСКО ISO (во P или A режим, или при NR за повеќе слики).

Мерење со проценка на 1200 зони

Прецизното мерење со напредниот сензор за мерење со проценка на 1200 зони овозможува балансирани експозиции во различни услови на осветлување. Достапен е избор од режим за повеќе шеми, центриран режим или режим за мерење во точка.

Приоритетно поставување во AF-C/AF-S

Во режимот AF-S (AF за единечни снимки) или AF-C (Континуиран AF), изберете приоритет на AF за да фотографирате само кога објектот е во фокус, приоритет за активирање за да фотографирате дури и кога објектот не е во фокус, или балансиран приоритет за балансирање на опциите за активирање и AF за да добиете прецизен фокус, без да пропуштите одлучувачки моменти кога фотографирате подвижни објекти.

Креативен стил

Поставките за креативен стил извлекуваат максимум од вашата сцена. Изберете една од 13-те поставки (живописно, портрет итн.) и фотоапаратот ќе ги прилагоди параметрите на сликата. Исто така, можете прецизно да го прилагодувате контрастот, заситувањето и острината по ваша желба.

Автоматски HDR (висок динамички опсег)

Автоматскиот HDR ги спојува најдобрите детали од трите експозиции за да го зголеми динамичкиот опсег на вашите слики од најтемните сенки до најсветлите делови и да ги долови сите градации на тонови што ги гледа човечкото око.

Оптимизатор на D-опсег (DRO)

Во услови со лошо осветлување, DRO ги коригира сликите за да се добијат појасни и поприродни градации со повеќе детали во светлите делови и сенките. Може да го користите при континуирано фотографирање и при фотографирање подвижни објекти.

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

NR за повеќе слики (намалување на шум)

Овој режим ги составува најдобрите детали од четири снимки за значително намалување на шумот и зголемување на чувствителноста, овозможувајќи ви јасно да ги снимите темните сцени без статив или блиц. Исто така, заматувањето поради тресење на фотоапаратот се намалува, а контрастот и деталите се зголемуваат.

Зголемување на фокусот и функција за изострување

Јасно зголемување на сликата за полесно рачно прилагодување на фокусот, без разлика дали фотографирате или снимате. Функцијата за изострување може да се активира и за нагласување на најостро фокусираните делови од вашата слика.

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ви овозможува да го користите паметниот телефон или таблет-уредот како визир и далечински управувач за дигитални фотоапарати, а споделувањето со еден допир ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат. Без разлика за што ќе се одлучите, со инсталирање на апликацијата Imaging Edge Mobile во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android што поддржува NFC, ќе ги избегнете сложените поставки и ќе воспоставувате безжична врска со допирање на вашиот уред до фотоапаратот. Сега можете да го контролирате фотоапаратот преку паметниот телефон и да фотографирате од места кои претходно не ви биле достапни, или да бидете присутни во сопствената групна снимка, како и да префрлувате содржини во паметниот телефон за да ги споделите на SNS. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.

Дознајте повеќе

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Слика од Професионален компактен фотоапарат со сензор од 35 мм RX1R II

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги вашите фотографии со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете ја функцијата „Remote“ за далечинска контрола на фотографирањето; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Дознајте повеќе