RX1R II
Овој компактен дигитален фотоапарат е опремен со сензор од 35 мм за целосна слика со 42,4 милиони точки, за да можете полесно да фотографирате со подобар квалитет каде и да сте.
RX1R II
Овој компактен дигитален фотоапарат е опремен со сензор од 35 мм за целосна слика со 42,4 милиони точки, за да можете полесно да фотографирате со подобар квалитет каде и да сте.
Резолуцијата достигнува ново ниво
CMOS сензорот за целосна слика и дизајнот со фиксен објектив достигнуваат ново ниво кај компактниот фотоапарат RX1R II со резолуција од 42,4 милиони точки и напредната обработка на слика. Брзиот AF, електронскиот визир на вовлекување и првиот оптички варијабилен нископропусен филтер во светот ви овозможуваат да погледнете како најсовремените перформанси и удобноста може да функционираат заедно.
Сензорот за целосна слика со висока резолуција од 42,4 милиони точки, BIONZ X и објективот од ZEISS® нудат слики со исклучителни детали.
Неговите 399 AF точки за откривање на фаза во фокусната површина значително ја зголемуваат брзината и покриеноста на AF.
Оптимизирајте го квалитетот на сликата со контрола на ефектот на нископропусниот филтер во зависност од намерата/ситуацијата при фотографирањето.
Се одликува со T* слој од ZEISS®, како и високо зголемување од 0,74x, дефиниција и контраст.
Максимално завртување нагоре за прибл. 109 степени и надолу за прибл. 41 степен, за зголемување на флексибилноста на аголот на снимање.
Извонредна длабочина на деталите
Дизајнот со Exmor R® CMOS сензорот од 35 мм за целосна слика со 42,4 милиони точки со задно осветлување, напреден процесор за обработка на слика BIONZ X™ и фиксен објектив нуди ненадмината резолуција и подобрена чувствителност. Со овие технолошки предности сликите се неверојатно детални, природни и со одлична експозиција од центарот па сè до рабовите, без разлика на условите за фотографирање.
399 AF точки за откривање на фаза во фокусната површина
Со напредните можности за откривање на фаза и контраст, брзиот хибриден AF на RX1R II нуди неверојатно брз и прецизен автоматски фокус со опфаќање на широко поле и следење. Ќе можете да снимате подобри и појасни слики во секоја прилика, без да пропуштите ниту еден момент.
399-те AF точки за откривање на фаза се распоредени на голема површина на сликата (опфаќајки приближно половина од целиот кадар), а одзивот на AF е приближно 30% побрз.
Новиот режим за фокусирање AF-C и континуираното снимање до 5 fps, заедно со AF со следење, ви овозможуваат сигурно доловување на највозбудливите моменти.
Контролирајте го ефектот LPF за да ја доловите замислената фотографија
Имате избор од три поставки за ефектите на оптичкиот варијабилен нископропусен филтер: Исклучено (се дава приоритет на резолуцијата на сликата), Високо (за да се намали заматувањето и недоследностите во боите) и Стандардно (за балансирање на овие приоритети). Секоја од нив на свој начин оптимално ги користи предностите на сензорот за слика со резолуција од 42,4 милиони точки за врвен квалитет на сликата, во зависност од намерата и ситуацијата при фотографирањето.
LPF контрола со двојна намена за дополнителен ефект
На кој начин RX1R II нуди двојна намена за која обично е потребен повеќе од еден стандарден фотоапарат? Поделувањето на светлината [1] се контролира со различен напон на течните кристали [3] помеѓу нископропусниот филтер 1 [2] и нископропусниот филтер 2 [4] за да се активира, деактивира и менува ефектот на нископропусниот филтер. LPF групирањето ја поедноставува споредбата на LPF ефектите.
Подобрете ги фотографиите со Imaging Edge. Користете „Remote“ за далечинска контрола на фотографирањето; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.
Imaging Edge Webcam овозможува користење на фотоапарат од Sony како висококвалитетна веб камера со широка компатибилност, за одлични проследувања во живо и конференции.
Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.
Што има во пакетот
Комплет батерии на полнење NP-BX1, Адаптер за наизменична струја, Микро USB кабел, Лента за на рамо, Капаче за објектив, Капаче за приклучок, Упатство за употреба, Ткаенина за чистење, Полнач на батерии, Капаче за окулар
EUROPEAN PREMIUM COMPACT CAMERA 2016-2017
Sony’s BSI CMOS has class-leading noise levels, and for our low-light scores, that translates to the RX1R II having about a half-stop advantage in noise over the competitor.