Сензор

Тип на сензор
Exmor RS® CMOS сензор од тип 1,0 (13,2 мм x 8,8 мм), сооднос 3:2
Број на точки (ефективни)
Прибл. 20,1 милиони точки

Објектив

Вид на објектив
Vario-Sonnar T* објектив од ZEISS®, 15 елементи во 12 групи (8 асферични елементи, вклучувајќи и AA (напреден асферичен) објектив)
F-број (максимална решетка)
F2,8(Ш)-4,5(Т)
ND филтер
-
Фокусна должина
f=9,0-72 мм
АГОЛ НА ГЛЕДАЊЕ (ЕКВИВАЛЕНТ НА ФОРМАТОТ ОД 35 MM) (ФОТОГРАФИЈА)
84 степени-12 степени 30 мин. (24-200 мм)
Опсег на фокусирање (од предниот дел на објективот)
AF (Ш: Прибл. 8 см (0,27 ft.) до бесконечност, Т: Прибл. 100см (3,29 ft.) до бесконечност)
Оптички зум
8,0x
Јасно зумирање на слики (фотографија)
20 M прибл. 16x / 10 M прибл. 22x / 5,0 M прибл. 32x / VGA прибл. 121x
Јасно зумирање на слики (видео)
4K: Прибл. 12x, HD: Прибл. 16x
Дигитален зум (фотографија)
20 M прибл. 32x / 10 M прибл. 44x / 5,0 M прибл. 64x / VGA прибл. 121x
Дигитален зум (видео)
Прибл. 32x
Дијаметар на филтер
Прибл. 32x

Екран

Тип на екран
7,5 см (тип 3,0) (4:3) / 921.600 точки / Xtra Fine / TFT LCD
Прилагодлив агол
Нагоре прибл. за 180 степени, надолу прибл. за 90 степени
Избирач на екран (визир/LCD)
Автоматски/EVF (рачно)/монитор (рачно)
Зголемување со помош при MF
5,3x, 10,7x
Екран на допир
Да

Визир

Вид на екран/Број на точки
Електронски визир (OLED) од тип 0,39, 2.359.296 точки
Покриеност на поле
100%
Зголемување
Прибл. 0,59x со објектив од 50 мм при бесконечност, -1 м-1(диоптер) (екв. на 35 мм)
Точка на окото
Прибл. 20 мм од окуларот, 19,8 мм од рамката на окуларот при -1 м-1 (диоптер) (CIPA-стандард)
Прилагодување на диоптерот
-4,0 до +3,0м-1
Контрола на јасноста
Автоматски, рачно (5 чекори)

Камера

Дел за обработка на сликата
Да (BIONZ X)
Steadyshot
Оптички, да (интелигентен активен режим, оптички тип со електронска компензација, тип кој спречува вртење)
Вид на фокусирање
Брз хибриден AF(AF со откривање на фаза/AF со откривање на контраст)
Режим на фокусирање
AF за единечни снимки, автоматски AF, континуиран AF, DMF, рачен фокус
Површина на фокусирање
Широкоаголно (315 точки (AF со откривање на фаза), 25 точки (AF со откривање на контраст)), зона, централно, флексибилна точка (S/M/L), флексибилна точка што се проширува, AF со заклучување (широкоаголно/зона/централно/флексибилна точка (S/M/L)/флексибилна точка што се проширува)
АВТОМАТСКИ ФОКУС СО ЗАКЛУЧУВАЊЕ
Да
Режим за мерење на светлината
Повеќе примероци, центрирано, во точка, цел екран просеч., најдобро
Компензација на експозицијата
+/- 3,0EV, чекори од 1/3EV
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
Автоматски(ISO125-12800, може да се избере со горна / долна граница), 125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800 (може да се прошири до ISO80/100), NR за повеќе слики: автоматски(ISO125-12800), 200/400/800/1600/3200/6400/12800/25600
ISO чувствителност (видео)
Автоматски: (ниво на ISO 125 - ниво на ISO 12800, може да се избере со горна / долна граница), 125/160/200/250/320/400/500/640/800/1000/1250/1600/2000/2500/3200/4000/5000/6400/8000/10000/12800
Минимално осветлување (видео)
Автоматски: 2,9 лукси (брзина на блендата 1/30")
Режими на балансот на белата боја
Автоматски, дневна светлина, сенка, облачно, светилка, флуор.: Топли бели тонови; флуоресцентно: Ладни бели тонови;флуоресцентно: дневни бели тонови, флуор.: Дневна светлина, блиц, подводен автоматски режим, темп. на бои/филтер, прилагодено
Детално прилагодување на WB
Да (G7 до M7, 57 чекори)(A7 до B7, 29 чекори)
Брзина на блендата
iAuto(4" - 1/2000) / автоматска програма(30" - 1/2000) / рачно(светилка, 30" - 1/2000) / приоритет на решетка(30" - 1/2000) / приоритет на бленда(30" - 1/2000)
Електронска бленда
iAuto (4" - 1/32000) / автоматска програма (30" - 1/32000) / рачно (30" - 1/32000) / приоритет на решетка (30" - 1/32000) / приоритет на бленда (30" - 1/32000)
Решетка
iAuto (F2,8/F11(Ш)) / автоматска програма (F2,8/F11(Ш)) / рачно (F2,8/F11(Ш)) / приоритет на бленда (F2,8/F11(Ш)) / приоритет на решетка (F2,8/F11(Ш))
Контрола на сликата
Контраст, заситеност, острина, креативен стил, простор на бои (sRGB / Adobe RGB), квалитет (RAW / RAW и JPEG (екстра фино, фино, стандардно), JPEG (екстра фино, фино, стандардно)
Намалување на шумот
NR со долга експозиција: вклучено/исклучено, достапно при брзини на отворање на блендата поголеми од 1/3 сек.; NR при високи ISO вредности: нормално/ниско/исклучено; NR за повеќе слики: Автоматски, ISO 200-25600
Функции со динамички опсег
Исклучено, оптимизатор на динамички опсег (автоматски/ниво 1-5), автоматски висок динамички опсег (разлика при автоматска експозиција, ниво на разлика на експозиција (1,0-6,0 EV, 1,0 EV чекор))
Режим за снимање
АВТОМАТСКИ (интелигентен автоматски режим/врвен автоматски режим), автоматска програма; приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција, MR (повикување на меморија) [3 комплета куќишта / 4 комплета мемориски картички], режим на видео (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција), HFR режим (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција), панорама, избор на сцени
Избор на сцени
Портрет, спортски случувања, макро, пејзаж, зајдисонце, ноќна сцена, рачно снимање во самрак, ноќен портрет, режим против заматување на движењата, режим за миленичиња, гастрономски, огномет, висока чувствителност
Брзина на континуирано фотографирање (максимум) (со макс. точки за снимање)
Континуирано фотографирање Hi: прибл. 24 fps, Континуирано фотографирање Mid: прибл. 10 fps, Континуирано фотографирање Low: прибл. 3,0 fps
Тајмер
10 сек. / 5 сек. / 2 сек. / 3 или 5 последователни снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек., / групирани снимки со избор на доцнење од 10 сек., 5 сек., или 2 сек.
Режими на придвижување
Единечно, континуирано фотографирање (избор на Hi/Mid/Lo); тајмер; тајмер (конт.); конт. групирање; единечно групирање; групирање со баланс на белата боја; DRO групирање
Панорама (фотографирање)
Режим на панорама
Ефект на слика
Фотографија: фотоапарат - играчка, фотографија:модерни бои, фотографија:правење постери, фотографија: ретро фотографија, фотографија: меки и осветлени тонови, фотографија: делумни бои, фотографија: еднобојни слики со висок контраст, фотографија: мек фокус, фотографија: HDR слика, фотографија: богати црно-бело тонови, фотографија: минијатурен ефект, фотографија: водени бои, фотографија: цртеж, Видео:фотоапарат - играчка, видео: модерни бои, видео: правење постери, видео: ретро фотографија, видео: меки и осветлени тонови, видео: делумни бои, видео: еднобојни слики со висок контраст.
Креативен стил
Стандардно, живописно, неутрално, јасно, длабочина, осветлено, портрет, пејзаж, зајдисонце, ноќна сцена, есенски лисја, црно-бело, сепија, стилска кутија
Профил на слики
исклучено/PP1-PP10 (ниво на црна боја, гама (видео, фотографија, кино 1-2, ITU709, ITU709 [800%], S-Log2, S-Log3, HLG, HLG1, HLG2, HLG3), гама на црна боја, детали во заднина, режим на бои, заситување, фаза на бои, длабочина на бои, детали, копирање, ресетирање)
Број на препознаени сцени
Фотографија: врвен автоматски режим: 44 / iAuto: 33, Видео: 44

Блиц

Режим на блиц
Автоматски / вклучен блиц / бавна синхронизација / задна синхронизација / исклучен блиц
Вид на блиц
Вграден, со рачно извлекување
AF осветлување
Автоматски / исклучено
Снимање на група
Да
Опсег на блиц
ISO автоматски: Прибл. 0,4 м до 5,9 м (1,31 ft. до 19,35 ft.) (Ш) / Прибл. 1,0 м до 3,1 м (3,28 ft. до 10,17 ft.) (T), ISO12800: до прибл. 12,4м (40,68 ft.) (Ш) / прибл. 7,0м (22,96 ft.) (Т)

Снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick Duo,Memory Stick PRO Duo,Memory Stick PRO Duo(со голема брзина),Memory Stick PROHG Duo,Memory Stick Micro,Memory Stick Micro (Mark2),SD мемориска картичка,SDHC мемориска картичка(UHS-I),SDXC мемориска картичка(UHS-I),microSD мемориска картичка,microSDHC мемориска картичка,microSDXC мемориска картичка
Формат на снимање
Фотографија: JPEG (компатибилност со DCF вер. 2.0, Exif вер. 2.31, MPF Baseline), RAW (формат ARW 2.3 од Sony), Видео: XAVC S, Видео: компатибилност со AVCHD формат вер. 2.0
Формат за снимање (звук во видео)
XAVC S: LPCM 2-кан., AVCHD: Dolby Digital(AC-3) 2-кан.(Dolby Digital Stereo Creator)
Простор на бои (фотографија)
sRGB, Adobe RGB
DCF/DPOF
DCF/DPOF/EXIF/MPF
Фотографија, Број на снимени точки (големина на слика)
Режим 3:2: 20M(5.472×3.648) / 10M(3.888×2.592) / 5M(2.736×1.824), режим 4:3: 18M(4.864×3.648) / 10M(3.648×2.736) / 5M(2.592×1.944) / VGA, режим 16:9: 17M(5.472×3.080) / 7,5M(3.648×2.056) / 4,2M(2.720×1.528), режим 1:1: 13M(3.648×3.648) / 6,5M(2.544×2.544) / 3,7M(1.920×1.920), режим на панорама: широкоаголно(12.416×1.856/5.536×2.160), стандардно(8.192×1.856/3.872×2.160)
Режим за снимање видео (NTSC)
NTSC/PAL избирач: [NTSC] AVCHD: 24 M FX (1.920x1.080/60i) / 17 M FH (1.920x1.080/60i), XAVC S 4K: 30p 100 M(3.840x2.160/30p) / 30p 60 M(3.840x2.160/30p) / 24p 100 M(3.840x2.160/24p) / 24p 60 M(3.840x2.160/24p), XAVC S HD:60p 50 M(1.920x1.080/60p) / 60p 25 M(1.920x1.080/60p) / 30p 50 M(1.920x1.080/30p) / 30p 16 M(1.920x1.080/30p) / 24p 50 M(1.920x1.080/24p) / 120p 100 M(1.920x1.080/120p) / 120p 60 M(1.920x1.080/120p)
Режим за снимање видео (PAL)
NTSC/PAL избирач: [PAL] режим AVCHD: 24 M FX (1.920x1.080/50i) / 17 M FH (1.920x1.080/50i), XAVC S 4K: 25p 100 M(3.840x2,160/25p) / 25p 60 M(3.840x2,160/25p), XAVC S HD: 50p 50 M(1.920x1.080/50p) / 50p 25 M(1.920x1.080/50p) / 25p 50 M(1.920x1.080/25p) / 25p 16 M(1.920x1.080/25p) / 100p 100 M(1.920x1.080/100p) / 100p 60 M(1.920x1.080/100p)
HFR
Снимање Избирач на NTSC/PAL: Режим [PAL] XAVC S HD: 50p 50M(1.920x1.080/250 fps), 50p 50M(1.920x1.080/500 fps), 50p 50M(1.920x1.080/1000 fps) / 25p 50M(1.920x1.080/250 fps), 25p 50M(1.920x1.080/500 fps), 25p 50M(1.920x1.080/1000 fps), избирач на NTSC/PAL: Режим [NTSC] XAVC S HD: 60p 50M(1.920x1.080/240 fps), 60p 50M(1.920x1.080/480 fps), 60p 50M(1.920x1.080/960 fps) / 30p 50M(1.920x1.080/240 fps), 30p 50M(1.920x1.080/480 fps), 30p 50M(1.920x1.080/960 fps) / 24p 50M(1.920x1.080/240 fps), 24p 50M(1.920x1.080/480 fps), 24p 50M(1.920x1.080/960 fps) Број на ефективни точки вчитани преку сензоротПриоритет на квалитет: 240 fps/250 fps(1.824x1.026), 480 fps/500 fps(1.824x616), 960 fps/1000 fps(1.244x420)/Приоритет на време за фотографирање: 240 fps/250 fps(1.824x616), 480 fps/500 fps(1.292x436), 960 fps/1000 fps(912x308)
Фотографија, Број на снимени точки (големина на слика) за видео
Режим 16:9: 17М (5.472×3.080) / 7,5M (3.648×2.056) / 4,2M (2.720×1.528)
Снимање преку прокси сервер
Да

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Повеќенаменски/микро USB приклучок, Hi-Speed USB (USB2.0), микро HDMI
NFC
Компатибилност со NFC форум Type 3 Tag, далечински управувач со еден допир, споделување со еден допир
WI-FI
Да(IEEE802.11b/g/n(фреквенција од 2,4GHz))
Поврзување преку Wi-Fi®
Да
Bluetooth®
Да (Bluetooth® стандардна вер. 4.1 (фреквенција од 2,4 GHz))

Моќност

Извор на напојување
DC 3,6 V (испорачана батерија) / DC 5,0 V (испорачан AC адаптер)
Систем на батерии
Комплет батерии на полнење NP-BX1
Потрошувачка (режим на камера)
Прибл. 2,3 W со LCD екран и прибл. 2,5 W со визир (CIPA стандард)
Полнење преку USB/Напојување преку USB
Да (снимање, репродукција)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ФОТОГРАФИИ)(CIPA) 
Монитор:прибл. 240 / прибл. 120 мин., Монитор (кога автоматското исклучување на мониторот е поставено на 2 сек.): Прибл. 310 / прибл. 155 мин., визир: прибл. 220 / Прибл. 110 мин.
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (РЕАЛНО СНИМАЊЕ НА ВИДЕО)(CIPA) 
Монитор:прибл. 40 мин., визир: прибл. 40 мин.
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (КОНТИНУИРАНО СНИМАЊЕ НА ВИДЕО)(CIPA) 
Монитор:прибл. 75 мин., визир: прибл. 70 мин.

Други

Playmemories Camera Apps
-
Photo Creativity
-
Функции за снимање
AF на очи; откривање на лице; регистрирање на лице; снимање фотографии (при снимање видео); бленда со функција за насмевки; линии во вид на решетка; Quick Navi; дигитална либела (две оски на вртење); групирање со баланс на белата боја; DRO групирање; помош при MF; изострување; црни и бели ленти; приказ на обележувачи; приказ на ниво на звук; зумирање во чекори / брзо зумирање; тајмер за автопортрети; TC/UB; име на фотограф и авторски права; минимална брзина на блендата при автоматско ISO; далечинска контрола преку компјутер; помош за приказ на гамата; [Видео] чувствителност при AF со следење; [Видео] брзина на придвижување на AF; поставување име на датотека; бленда на допир; мое мени
Функции за репродукција
BRAVIA Sync(контрола за HDMI), индексен приказ на 9/25 слики, автоматска ориентација, слајд шоу, премотување напред/назад (видео), бришење, заштита, функција за снимање движења, ефект за разубавување, снимање фотографии, оценување, автоматско ротирање на сликата, континуирано фотографирање и групирање
TRILUMINOS™ Colour
Да
Репродукција на 4K слика
Да
Работна температура
0 степени C. - +40 степени C. / 32 степени F. - 104 степени F.

Отпечати

Отпечати
Exif печатење; усогласување на отпечатени слики (PIM3)

Големина и тежина

ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д) (ПРИБЛ.)
101,6x58,1x42,8 мм(4 инчи × 2 3/8 инчи × 1 11/16 инчи)
ТЕЖИНА (УСОГЛАСЕНОСТ СО CIPA)
Прибл. 301 гр. (10,7 oz.)(батеријата и мемориската картичка се вклучени) / прибл. 274 гр. (9,7 oz.)(само куќиште)

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • Батерија на полнење NP-BX1, AC адаптер, микро USB кабел, лента за околу зглоб, адаптер за лента, упатство за користење
Placeholder

Функции

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Фотоапарат со џебна големина и целосен опсег на зумирање

Бескомпромисната оптика на фотоапаратот со опсег од 24-200 мм нуди извонреден квалитет на слика, кој во комбинација со големата брзина и џебната големина го прави идеален за фотографирање при патувања или флексибилни професионални ангажмани, дури и за најпребирливите корисници. Освен тоа, јасното зумирање на слики ви овозможува дополнително дигитално да го проширите центарот на сликата најмногу двапати (еквивалент на 400 мм) без речиси никаква деградација на сликата.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Висока резолуција и компактен оптички дизајн

Новата оптика на RX100 VI се одликува со осум асферични елементи на објективот со 13 асферични површини за висока резолуција до самите рабови на сликата низ целиот опсег на зумирање. Четири AA (напредни асферични) објективи ги коригираат сферичната аберација и несиметричната аберација, а двата елементи од ED стакло ја намалуваат аберацијата и овозможуваат висока резолуција дури и во погорниот опсег на зумирање.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Големи решетки, огромна слобода на изразување

Ниските F-броеви низ целиот опсег на зумирање овозможуваат постигнување на големи брзини на блендата и одличен ефект на дефокусирање. Дури и при фокусна должина од 100 мм, максималната решетка останува на F4. Тоа може да го намали заматувањето на објектите што се движат брзо, а може да помогне и при фотографирањето портрети во кои објектот се истакнува во однос на дефокусираната заднина.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Оптички SteadyShot™

Напредоците во стабилизацијата на сликата нудат перформанси еквивалентни на користење поголема брзина на блендата од 4,0 чекори при 200 мм и го компензираат тресењето на фотоапаратот при рачното фотографирање дури и при телефото или во услови со слаба осветленост. Комбинацијата на софистициран дизајн на оптиката и напредниот процесор за обработка на слика му овозможува на фотоапаратот да понуди одличен квалитет на слика. [1] SteadyShot ИСКЛУЧЕН [2] SteadyShot ВКЛУЧЕН

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Exmor RS™ CMOS-сензор за слика од тип 1,0 со подредена структура кој се одликува со голема брзина

AF со откривање на фаза со 315 точки во фокусната површина овозможува неверојатно брзо и прецизно автоматско фокусирање и следење. Освен тоа, CMOS-сензорот за слика од тип 1,0 со 20,1 MP (ефективни), подредена структура и DRAM чип овозможува снимање забавени движења до 960 fps и се одликува со бленда која спречува изобличувања со неверојатна брзина од 1/32000 сек.  

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

BIONZ X™ процесор за обработка на слика со голема брзина

Со поголема брзина на обработка од својот претходник, напредниот BIONZ X™-процесор за обработка на слика придонесува за високиот квалитет на слика на фотоапаратот и нуди подобрено откривање на AF/AE, брзина на обработка, брзина и прецизност на откривање лице и очи, како и минимално доцнење на приказот на визирот.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

AF со голема брзина при 0,03 сек.

Брзиот хибриден AF реагира за неверојатни 0,03 сек., беспрекорно комбинирајќи ја извонредната брзина и следењето при откривањето фаза во фокусната површина со извонредно прецизен AF со контраст. Тој ги зголемува можностите на фотоапаратот за фокусирање, следење и снимање остри, јасни фотографии од објектите во секакви ситуации, дури и кога снимате брзи динамични случувања. 

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Стабилно следење со широка и густа покриеност на AF

315-те AF точки за откривање на фаза во фокусната површина на RX100 VI опфаќаат прибл. 65% од површината на сликата - за покриеност што брзо ги доловува дури и малите објекти и објектите што се движат со голема брзина. На тоа се надоврзува технологијата за AF со следење со голема густина, која ги концентрира AF точките околу објектот за значително да ги зголемат перформансите на следење на објектите што се движат. [1] AF точки што се прикажуваат на екранот [2] Алгоритам за AF (не се прикажува на екранот)

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

AF на очи со одлични перформанси за следење

Комбинацијата на AF на очи со голема прецизност и AF со високи перформанси на следење значително го олеснува фотографирањето портрети. Таа е ефикасна дури и кога објектот гледа надолу или настрана или кога ликовите се осветлени одзади или делумно се во темнина, задржувајќи го фокусот на очите на објектот кој се движи кога ги користите поставките за AF-C.

Режимот AF-A автоматски ги менува режимите за фокусирање

Во режимот AF-A, во зависност од промените како ненадејно движење на објектот и светлината што се евидентира низ целиот кадар, фотоапаратот автоматски се префрлува помеѓу режимот AF-S (единечен AF: го заклучува фокусот кога копчето за бленда е притиснато до половина) и режимот AF-C (континуиран AF: континуирано ги фокусира објектите кога копчето за бленда е притиснато до половина). 

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Едноставно и природно фокусирање на допир и AF на подлога на допир

Со фокусирањето на допир можете едноставно да го допрете LCD-екранот во точката на сликата на која сакате да се фокусирате, така што може интуитивно да ги фокусирате дури и објектите кои се наоѓаат на рабовите на кадарот без потреба повторно да го обликувате, како за фотографиите, така и за видеоснимките. Кога го користите визирот, користете AF на подлогата на допир за рамномерно и лесно да го поместувате фокусот, со едноставно лизгање на вашиот прст врз LCD-екранот.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Фотографирајте со брзина од 24 fps со AF/AE со следење

Моќната комбинација од Exmor RS сензорот за слика од тип 1,0 и процесорот за обработка на слика BIONZ X™ овозможува континуирано фотографирање со AF/AE со следење со приближно 24 fps за фотографирање максимум 233 слики. Може прецизно да ги доловите клучните моменти и брзите движења.

Подобрено ракување при континуирано фотографирање

Сликите снимени во режим на континуирано фотографирање може да се прикажат во групите во кои биле снимени, а фотографиите може да се избришат или заштитат со практична функција. Подобрено е и ракувањето со фотоапаратот кога податоците се запишуваат на мемориска картичка; сега добивате целосен пристап до функциското мени и копчето за мени, а поставките може да се променат. 

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Нечујно фотографирање за чувствителни прилики

Исклучете го звукот на блендата на фотоапаратот во опкружувањата во кои вревата треба да се сведе на минимум, како што се собири во тивки ресторани или кафулиња. Звукот на блендата може да се исклучи дури и при континуирано фотографирање.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Бленда која спречува изобличувања

Брзото читање податоци на Exmor RS сензорот за слика значително го намалува изобличувањето на сликите на објекти што се движат брзо, како брзо замавнување на палка за голф. Електронската бленда што спречува изобличувања овозможува брзини на блендата до 1/32000 сек.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Брз хибриден AF за видеоснимки

Брзиот хибриден автоматски фокус нуди прецизно следење на објектите при снимање 4K видеоснимки. AF со откривање на фаза е ефективен на истата широка површина како и кај фотографиите и овозможува порамномерно фокусирање. Брзината на придвижување на AF и чувствителноста за следење на AF исто така може да се прилагодуваат, така што промените на фокусот може да се прилагодат на сцената и на вашата креативна замисла.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

4K видеоснимки снимени со обработка на сите точки

При снимање 4K (QFHD резолуција: 3840 x 2160) видеоснимки со обработка на сите точки без соединување на точките, фотоапаратот собира прибл. 1,7 пати повеќе информации отколку што е потребно за стандардни 4K видеоснимки. Овој ефект на семплирање создава слики со извонредна резолуција и помали нивоа на заматување.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Ги задоволува потребите за снимање HDR видеоснимки

RX100 VI задоволува најразлични потреби за снимање во HDR и нуди S-Log3 и S-Log2 криви на гамата за градација на тоновите по снимањето, а со можноста за снимање со HLG (Hybrid Log-Gamma), RX100 VI ви овозможува веднаш да добиете HDR-слики без дополнителна обработка, со едноставно поврзување на фотоапаратот со телевизор од Sony компатибилен со HLG преку USB-кабел.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Снимање забавени движења до 40x

CMOS-сензорот со подредена структура нуди извонредно висока стапка на слики со најмногу 960 fps. При снимање со телефото од 200 мм, може да снимате импресивни снимки одблиску со извонредно забавени движења. Стапката на слики за фотографирање и поставките за снимање може да се постават независно за снимање извонредно забавени движења од 4x до 40x.

Поддршка за видео за професионални работни процеси

За да овозможи напредно фотографирање и обработка, RX100 VI ги поддржува и е компатибилен со различни функции за видеоснимки што најчесто се среќаваат кај опремата за професионална употреба, вклучувајќи профил за слики, помош за приказ на гамата, црни и бели ленти, излезен сигнал преку HDMI, TC/UB, контрола на снимањето, функции за обележување и снимање преку прокси сервер за едноставно споделување преку интернет и префрлување на паметен телефон.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Функција за бленда на допир за едноставно фотографирање

За прв пат во серијата RX, со блендата може да ракувате со допирање на LCD-мониторот, кој сега се врти за 180° нагоре и за приближно 90° надолу. Ракувањето е интуитивно и практично, особено кога фотографирате сцени од висок или низок агол.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Капацитет за фотографии зголемен до 30%

Кога напојувањето во куќиштето на фотоапаратот е ВКЛУЧЕНО, LCD-мониторот може автоматски да се ИСКЛУЧИ (2, 5 или 10 по последното ракување) за да се заштеди енергија. Со помош на оваа функција може да го зголемите максималниот број на фотографии што може да ги снимите до приближно 30%.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Пристап до EVF со едно притиснување

Кога ќе го притиснете прекинувачот на визирот на извлекување поставен странично на куќиштето, визирот ви е достапен со само еден потег, а кога не го користите, може веднаш да го вовлечете.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

XGA OLED Tru-Finder™

Острата резолуција на електронскиот визир Tru-Finder на вовлекување (еквивалентна на 2,35 милиони точки), моќното осветлување и големиот контраст се одлични за прегледување на снимките и соодветно прилагодување на поставките. Оптиката на окуларот на EVF е обложена со T* слој од ZEISS® за намалување на несаканите рефлектирања и видливост на целата површина. 

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Рамномерен и прецизен интерфејс за контрола

Прстенот за контрола кој се монтира на објективот овозможува рачна контрола во професионален стил како што е избирање брзина на бленда, решетка и многу повеќе за да добиете поголема креативна контрола. Освен тоа, рачката за зумирање е редизајнирана за максимална погодност при ракувањето со објективот за зумирање, кој сега може да го контролирате во два чекори преку наваленоста на рачката за зумирање.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Мое мени на ваш начин

Со Мое мени можете да регистрирате елементи од менито за моментално повикување и да прилагодувате менија. Екранот на менито е редизајниран, така што сега може да доделите најмногу 30 функции на копчињата за да го прилагодите интерфејсот на фотоапаратот според вашите потреби за фотографирање. 

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Врска за информации за локацијата преку Bluetooth®

Врската за информации за локацијата ви овозможува да извлечете максимум од RX100 VI. Фотоапаратот може да го впарите со апликацијата Imaging Edge Mobile на компатибилен мобилен уред за да добивате податоци за локацијата, да ги вметнете тие податоци во фотографиите и да ги коригирате поставките за датум/време и локација на фотоапаратот.

Дознајте повеќе

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Далечински управувач со еден допир/Споделување со еден допир

Со далечинскиот управувач со еден допир, паметните телефони или таблет-уреди може да се користат како визир/далечински управувач. Споделувањето со еден допир овозможува пренос на фотографиите/видеоснимките во уредот. Инсталирајте ја апликацијата Imaging Edge Mobile преку Wi-Fi® во уред со Android™ што поддржува NFC, а потоа допрете го уредот до фотоапаратот за да ги поврзете. Компатибилноста со QR кодови овозможува поврзување со паметни телефони без NFC.

Дознајте повеќе

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Практични функции за оценување и подредување на самата локација

Фотографиите може да се оценуваат со оценка од 1 до 5 ѕвезди што се добива при увезување на сликите во PlayMemories Home или во новиот софтверски пакет за обработка на слика од Sony за компјутер, а оваа функција и функцијата за заштита на слики може да се доделат на прилагодено копче. Оценките во фотоапаратот и заштитата може да се применат, прегледуваат и менуваат кога сте на терен или патувате.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Функции Remote, Viewer и Edit на Imaging Edge™

Подобрете ги вашите фотографии со компјутерските апликации Imaging Edge. Користете „Remote“ за контрола и следење на фотографирањето во живо преку компјутерот; „Viewer“ за брзо прегледување, оценување и избирање фотографии од големи колекции на слики; и „Edit“ за претворање RAW-податоци во висококвалитетни фотографии. Извлечете максимум од RAW-датотеките на Sony и управувајте со снимените материјали поефикасно.

Дознајте повеќе

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.

Слика од RX100 VI – широк опсег на зумирање и извонредно брз AF

Capture One (за Sony)

Capture One Express (за Sony) е бесплатен и награден софтвер за уредување слики што нуди обработка на RAW со врвен квалитет на слика, лесно управување на датотеките со слики и моќни алатки за уредување. Capture One Pro (за Sony) може да го купите за да добиете уште повеќе алатки за уредување и опција за фотографирање преку компјутер.