Сензор

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
Број на точки (ефективни)
18,2MP

Објектив

Вид на објектив
Vario-Sonnar® T* објектив од ZEISS®
F-број (максимална решетка)
F3,5 (Ш) - 6,4 (Т)
Фокусна должина
f=4,1-123 мм
АГОЛ НА ГЛЕДАЊЕ (ЕКВИВАЛЕНТ НА ФОРМАТОТ ОД 35 MM)
84 степени-3 степени 30 мин. (24-720 мм)
Опсег на фокусирање (од предниот дел на објективот)
iAuto: AF (Ш: Прибл. 5 см (0,16 ft.) до бесконечност, T: Прибл. 250 см (8,20 ft.) до бесконечност) / автоматска програма: AF (Ш: Прибл. 5 см (0,16 ft.) до бесконечност, T: Прибл. 250 см (8,20 ft.) до бесконечност)
Оптички зум
30x
Јасно зумирање на слики (фотографија)
18M прибл.60x / 10M прибл.80x / 5,0M прибл.113x / VGA прибл.459x / 13M(16:9) прибл.60x / 2,1M(16:9) прибл.153x;
Јасно зумирање на слики (видео)
Прибл. 60x
Дигитален зум (фотографија)
До 120x (VGA)

Екран

Тип на екран
3,0'' (7,5 см) (4:3) / 921.600 точки / Xtra Fine / TFT LCD екран
Контрола на јасноста
Автоматски, рачно (5 чекори)

Визир

Визир
Електронски визир од тип 0,2

Камера

Дел за обработка на сликата
BIONZ X™
STEADYSHOT (ФОТОГРАФИЈА)
Оптички Stedyshot
Вид на фокусирање
AF со откривање на контраст
Режим на фокусирање
AF за единечни снимки, континуиран AF, DMF, рачен фокус
Режим за мерење на светлината
Повеќе примероци, центрирано, во точка
Компензација на експозицијата
+/- 3,0 EV, 1/3 EV чекор
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
ISO 80-12800
ISO чувствителност (видео)
ISO 80-3200
Режими на балансот на белата боја
Автоматски;дневна светлина;сенка;облачно;блескаво;флуоресцентно: Ладни бели тонови;флуоресцентно: Дневни бели тонови;флуоресцентно: Дневна светлина;блиц;прилагодено;со едно притиснување, поставување со едно притиснување
Брзина на блендата
iAuto (4" - 1/2000) / автоматска програма (1" - 1/2000) / приоритет на решетка (8" - 1/2000) / приоритет на бленда (30" - 1/2000) / рачно (30" - 1/2000)
Режим за снимање
Интелигентен автоматски режим;врвен автоматски режим;автоматска програма;приоритет на решетка;приоритет на брзината на бленда;рачна експозиција;MR (повикување на меморија) 1,2,3;режим на видео (автоматска програма, приоритет на решетка, приоритет на брзина на бленда, рачна експозиција);панорама;избор на сцени
Избор на сцени
Портрет;напреден режим за спортско фотографирање;пејзаж;зајдисонце;ноќна сцена;рачно снимање во самрак;ноќен портрет;режим против заматување на движењата;режим за миленичиња;гастрономски;плажа;снег;огномет;мека кожа;висока чувствителност
Брзина на континуирано фотографирање (максимум) (со макс. точки за снимање)
10 fps (за најмногу 10 снимки)
Тајмер
Исклучено / 10 сек. / 5 сек. / 2 сек. / 3 последователни снимки со избор на доцнење од 10 сек. 5 сек. или 2 сек. / 3 последователни групирани снимки со избор на доцнење од 10 сек. 5 сек. или 2 сек.
Панорама (фотографирање)
Интелигентен режим на панорама (поддржува формат од 360)
Ефект на слика
Видео: Фото апарат - играчка, модерни бои, правење на постери, ретро фотографија, меки и осветлени тонови, делумни бои, еднобојни слики со висок контраст, мек фокус, HDR слика, богати црно-бело тонови, минијатурен ефект, водени бои, цртеж / Фотографија: Фото апарат - играчка, модерни бои, правење на постери, ретро фотографија, меки и осветлени тонови, делумни бои, еднобојни слики со висок контраст, мек фокус, HDR слика, богати црно-бело тонови, минијатурен ефект, водени бои, цртеж
Автоматска ротација на слика
Да
Минимална осветленост
Видео: Автоматски 6 лукси (брзина на блендата 1/30)
Корекција на црвени очи со вграден блиц
Вклучено / исклучено

Блиц

Режим на блиц
Автоматски / вклучен блиц / бавна синхронизација / задна синхронизација / исклучен блиц
Вид на блиц
Вграден, со рачно извлекување
AF осветлување
Автоматски / исклучено
Снимање на група
Да
Опсег на блиц
ISO автоматски: Прибл. 0,3 м до 5,4 м (Ш) / прибл. 2,5 м до 3,0 м (Т)

Снимање

Компатибилни медиуми за снимање
Memory Stick Duo;Memory Stick PRO Duo;Memory Stick PRO Duo(со голема брзина);Memory Stick PROHG Duo;Memory Stick Micro;Memory Stick Micro (Mark2);SD мемориска картичка;SDHC мемориска картичка;SDXC мемориска картичка(UHS-I);microSD мемориска картичка;microSDHC мемориска картичка;microSDXC мемориска картичка
Формат на снимање
Фотографија: JPEG(усогласеност со DCF вер.2.0, Exif вер.2.3, MRF Baseline);Видео: Компатибилност со XAVC S, AVCHD формат вер.2.0, MP4
Режим за снимање видео (NTSC)
NTSC режим: AVCHD (до 1.920x1.080/60p при 28 Mbps) / XAVC S (до 1.920x1.080/60p при 50 Mbps) / MP4 (до 1.920x1.080/60fps при 28 Mbps)
Режим за снимање видео (PAL)
PAL режимMode: AVCHD (до 1.920x1.080/50p при 28 Mbps) / XAVC S (до 1.920x1.080/50p при 50 Mbps) / MP4 (до 1.920x1.080/50fps при 28 Mbps)
Резолуција на фотографии
Режим 3:2: 16M (4.896×3.264) / 8,9M (3.648×2.432) / 4,5M (2.592×1.728), режим 4:3: 18M (4.896×3.672) / 10M (3.648×2.736) / 5M (2.592×1.944) / VGA, режим 16:9: 13M (4.896×2.752) / 7,5M (3.648×2.056) / 2,1M (1.920×1.080), режим 1:1: 13M (3.664×3.664) / 7,5M (2.736×2.736) / 3,7M (1.920×1.920), режим на панорама: Широкоаголно (7.152×1.080/4.912×1.920), стандардно (4.912×1.080/3.424×1.920), 360(11.520×1.080)

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Hi-Speed USB (USB2.0), Микро HDMI, Повеќе/микро USB приклучок
NFC
Далечински управувач со еден допир, Споделување со еден допир
Поврзување преку Wi-Fi®
NFC функции со еден допир, Wi-Fi®

Моќност

Потрошувачка (режим на камера)
Прибл. 1,4 W со LCD екран и прибл. 1,5 W со визир (CIPA стандард)
ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ФОТОГРАФИИ)(CIPA) 
До 390 снимки / 195 минути
Испорачана батерија
Комплет батерии на полнење NP-BX1

Други

Photo Creativity
Да
Функции за репродукција
BRAVIA Sync (контрола за HDMI);автоматска ориентација;слајд шоу;премотување напред/назад (видео);бришење;заштита;функција за снимање движења;ефект за разубавување;индексен приказ на 9/25 слики
Индексна репродукција
9 / 25 слики
Зум при репродукција
Во зависност од големината на сликата

Големина и тежина

ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д) (ПРИБЛ.)
102,0 x 58,1 x 35,5 мм
ТЕЖИНА (УСОГЛАСЕНОСТ СО CIPA)
218 гр. (само куќиште), 245 гр. (со батерија и медиум)

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • Комплет батерии на полнење NP-BX1
  • AC адаптер AC-UB10C/UB10D
  • Микро USB кабел
  • Лента за околу зглоб
  • Упатство за употреба
  • AC кабел за напојување
Placeholder

Функции

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Објектив со 30x зум кој поседува квалитет од ZEISS®

Резултатот од искуството во оптика со голема прецизност на ZEISS® од век и половина е очигледен: овој објектив од 24-720 мм прикажува портрети, снимки одблиску и пејзажи во природен амбиент од секоја перспектива, со живописна острина и реален контраст. Повеќеслојниот анти-рефлективен T* слој од ZEISS® ефикасно ги елиминира одблесоците и отсјајот на површината.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Exmor R® CMOS сензор за неверојатна чувствителност

Колку повеќе светлина се пропушта до сензорот, толку подобро ќе изгледа конечната слика. Exmor R CMOS сензорот со 18,2 ефективни милиони точки има дизајн со задно осветлување кој пропушта четирипати повеќе светлина од стандардните сензори, има двапати поголема чувствителност на светлина, па дури и се одликува со технологија за паралелна A/D конверзија од Sony за намалување на шумот на сликата.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

BIONZ X™ за повеќе детали и помал шум

За да ги претвори податоците од Exmor R® CMOS сензорот во слики со висока резолуција, процесорот за слика BIONZ X применува технологии за репродукција на детали, намалување на прекршувањата и намалување на шумот во одредени површини. Оваа комбинација овозможува репродукција на реалистични слики со пореални бои и текстури со исклучителна прецизност во реално време.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

OLED Tru-Finder™ го подобрува приказот

OLED Tru-Finder визирот со голем контраст е многу посветол за разлика од постандардните електронски визири; сега има уште покомпактни димензии; прикажува приказ во живо и разни информации за снимањето, со цел тоа што го гледате на екранот да го добиете и во снимките; и се вовлекува заради преносливост, безбедност и практичност.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

LCD екран кој се врти за 180 степени заради лесно обликување на кадарот

LCD екранот со висока резолуција на задната страна на фотоапаратот може да се заврти до 180 степени. Притоа, кога стоите пред фотоапаратот можете лесно да го погледнете LCD екранот и да го проверите кадарот пред да снимите автопортрет, на пример. Оваа флексибилност ви овозможува и удобност за задржување на вашата положба без напор додека набљудувате некоја сцена која сакате да ја доловите под низок агол.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Далечински управувач со еден допир и споделување со еден допир

Далечинскиот управувач со еден допир ви овозможува да го користите паметниот телефон или таблет-уредот како визир и далечински управувач за дигитални фотоапарати, а споделувањето со еден допир ви овозможува да префрлувате фотографии и видеоснимки од вашиот фотоапарат. Без разлика за што ќе се одлучите, со инсталирање на апликацијата Imaging Edge Mobile во вашиот паметен телефон или таблет-уред со Android што поддржува NFC, ќе ги избегнете сложените поставки и ќе воспоставувате безжична врска со допирање на вашиот уред до фотоапаратот. Сега можете да го контролирате фотоапаратот преку паметниот телефон и да фотографирате од места кои претходно не ви биле достапни, или да бидете присутни во сопствената групна снимка, како и да префрлувате содржини во паметниот телефон за да ги споделите на SNS. Немате NFC? Нема проблем. Уредите можете да ги впарите и рачно.

Дознајте повеќе

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Пофлексибилни формати за видео

Освен форматот AVCHD со висока резолуција, фотоапаратот снима видеоснимки со неверојатно рамномерни движења и висококвалитетен звук кој е верен на оригиналните извори во XAVC S формат.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Прстен за контрола и држач за држење

За уште подобро ракување, често користените функции за рачен фокус, зумирање во чекори, брзо зумирање и други функции можете да ги доделите на контролниот прстен во предниот дел на објективот, а потоа да пристапувате до нив и да ги користите веднаш кога ќе ви притребаат за време на фотографирањето. Згора на тоа, држачот на фотоапаратот е ергономски дизајниран за оптимална стабилност при ракувањето во секое време.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Интелигентниот активен режим спречува заматување

Не плашете се од рачното снимање. Интелигентниот активен режим, кој користи напредна технологија за анализа на слики од Sony и стабилизација на слика во 5 оски , врши компензација за тресењето на фотоапаратот. Овој режим го намалува заматувањето кое се појавува на сликите при рачно снимање или кога снимате додека го бркате објектот во акција.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Режими P/A/S/M за експозиција по ваша желба

Реализирајте ги вашите креативни замисли со режимите за експозиција: програма на AE (P)/приоритет на решетка (A)/приоритет на брзина на бленда (S)/рачен (M). Овие режими ви ја нудат потребната флексибилност за рачна контрола на експозицијата и прилагодување на заматувањето на заднината за да ја доловите саканата слика.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Прилагодливи поставки за лична контрола

Доделете често користени функции (режим на фокусирање, баланс на белата боја, ефекти на слика итн.) на прилагодливите копчиња за полесен и побрз пристап до тие функции за време на снимањето. На пример, можете да доделите 12 функции на функциското копче, а потоа притиснете го, изберете функција и прилагодете ги параметрите на функцијата преку прстенот за контрола или задното контролно тркало.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Извонредно брз, прецизен и интелигентен AF

Подобрениот алгоритам за откривање на просторот до објектот овозможува пооптимален и попрецизен погон на објективот за добивање уште побрз AF, за да можете да доловувате повеќе неочекувани моменти на едноставен начин.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Дигитална либела за еднакво балансирање на кадарот

Дигиталната либела на фотоапаратот се одликува со графика која е лесна за читање, јасно укажува кога фотоапаратот е нивелиран и овозможува детално прилагодување на хоризонталната положба при фотографирање. Таа помага да се избегне закосување на фотоапаратот, така што вашите снимки ќе изгледаат стабилно и одлично обликувани.

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

PlayMemories Camera Apps за внесување лични елементи

Подобрете го изразувањето на креативноста со PlayMemories Camera Apps, кои нудат сè поголем избор на одлични апликации кои лесно се преземаат. Не само што овие апликации ви нудат поголема функционалност, туку и извонредни опции за персонализирање на вашиот фотоапарат со цел да ги постигнете целите при фотографирањето. Забелешка: Достапноста на услугите зависи од регионот.

Погледнете ги деталите

Слика од Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум

Се користи со iMovie и Final Cut Pro X

Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.