Компактен фотоапарат HX90 со 30x оптички зум
Добијте подобар приказ од објектите кои ги зумирате со најмалиот дигитален фотоапарат во светот кој се одликува со објектив со 30x оптички зум создаден од Sony во соработка со легендарната компанија ZEISS®, јасен OLED Tru-Finder™ на вовлекување и други функции за подобрување на сеопфатните можности за фотографирање. Новиот HX90 од Sony - апсолутно беспрекорен од секој аспект.
Спојот помеѓу CMOS сензор за слика со повисоки перформанси, неверојатно брз процесор за слика и легендарниот објектив нуди најнови оптички и инженерски достигнувања во извонредно компактна форма.
Објективот Vario-Sonnar T* со 30x оптички зум од ZEISS® содржи огромно искуство од оптиката со голема прецизност за снимање јасни и остри слики без загуби во квалитетот низ целиот опсег од 24-720 мм.
Легендарниот квалитет од ZEISS® нуди извонредна острина, богат контраст и минимално изобличување.
Exmor R® CMOS сензорот со задно осветлување и 18,2 ефикасни милиони точки прима повеќе светлина за повеќе детали во секоја снимка.
Сега репродуцира пореалистични детали и бои во сликите со помало изобличување и шум.
Веднаш преземете ја контролата врз секоја функција која ја сакате. Сите аспекти на користењето и ракувањето се интуитивни и практични, поради што многу е лесно да го засакате овој апарат.
OLED Tru-Finder
Овој OLED Tru-Finder на извлекување со висок контраст е далеку посветол од стандардните електронски визири и е совршен за секојдневна преносливост, безбедност и практичност.
Подобрениот алгоритам за откривање на просторот до објектот овозможува пооптимален и попрецизен погон на објективот за добивање уште побрз AF, за да можете да доловувате повеќе неочекувани моменти на едноставен начин.
Добијте повеќе избори за соодветно снимање видео, во зависност од ситуацијата и начинот на кој сакате да го прикажете. Без разлика дали сакате само брзо да споделите некои случувања или да ги зачувате во висока резолуција за подоцна да ги уредите подетално, можете да фотографирате во стил кој ќе одговара на вашите потреби. Изберете формат, режим, експозиција и други поставки и започнете да снимате како што ќе посакате.
Покажете му на светот колку опции имате на располагање, дури и откако ќе ја снимите сликата. Дообработувајте ги фотографиите, споделувајте го снимениот материјал безжично, означете ги патувањата на мапа и забавувајте се на нови начини со вашиот фотоапарат како никогаш досега.
Поврзувањето преку Wi-Fi® со паметни телефони со iOS и Android™ за далечинска контрола на фотоапаратот и споделување фотографии/видеоснимки е едноставно. Освен Wi-Fi® поддршката за поврзување со паметни телефони, технологијата NFC (поле за комуникации во близина) нуди „поврзување со еден допир“ со компатибилни паметни телефони и таблет-уреди со Android™. Корисниците треба само да ги допрат уредите за да ги поврзат, не се потребни сложени поставувања.
PlayMemories Camera Apps
Искористете ги предностите на PlayMemories Camera Apps кои го прават вашиот фотоапарат пофункционален, покреативен и позабавен за користење.
*Забелешка: Достапноста на услугите зависи од регионот.
Додавајте ефекти за омекнување на кожата, осветлување на кожата и осветлување на очите.
Користете паметен телефон за контрола на експозицијата, активирање на блендата и добивање фотографии.
Автоматски префрлувајте фотографии во мобилниот уред откако ќе го исклучите.
Изборен комплет галантерија составен од торбичка за куќиште, навлака за објектив и лента за на рамо (LCJ-HWA е достапна во три бои) кои го подобруваат стилот на фотоапаратот. Торбичката за куќиштето не мора да се отстранува при фотографирањето.
Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
- Број на точки (ефективни)
- 18,2MP
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- ISO 80-12800