HX300 ФОТО АПАРАТ СО 50X ОПТИЧКИ ЗУМ

Сите спецификации и функции

DSC-HX300

Сензор

Тип на сензор
Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
Број на точки (ефективни)
20,4MP

Објектив

Вид на објектив
Vario Sonnar T* објектив од ZEISS®
F-број (максимална решетка)
F2,8 (Ш) - 6,3 (Т)
Фокусна должина
f=4,3-215 мм
Опсег на фокусирање (од предниот дел на објективот)
1 см - бесконечност (Ш), 2,4 м - бесконечност (Т)
Оптички зум
50x
Дигитален зум (фотографија)
До 810x (VGA)

Екран

Тип на екран
3,0'' (7,5 см) (4:3) / 921.600 точки / Xtra Fine / TFT LCD екран

Визир

Визир
Електронски визир од тип 0,2

Камера

Дел за обработка на сликата
BIONZ™
ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
ISO 80-12800
Брзина на континуирано фотографирање (максимум) (со макс. точки за снимање)
10 fps (за најмногу 10 снимки)

Блиц

Вид на блиц
Извинете, овие податоци не се достапни

Снимање

Режим за снимање видео (NTSC)
AVCHD (до 1.920 x 1.080/50p при 28Mbps) / MP4 (до 1.440 x 1.080/25fps при 12Mbps) / VGA (до 640 x 480/25fps при 3Mbps)

Интерфејс

Влезни и излезни приклучоци
Hi-Speed USB (USB 2.0), Микро HDMI®, Повеќе USB приклучоци
Поврзување преку Wi-Fi®

Моќност

ТРАЕЊЕ НА БАТЕРИЈАТА (ФОТОГРАФИИ)(CIPA) 
До 310 снимки / 155 минути
Испорачана батерија
Комплет батерии на полнење NP-BX1

Големина и тежина

ТЕЖИНА (УСОГЛАСЕНОСТ СО CIPA)
623 гр. (само куќиште), 650 гр. (со батерија и медиум)
ДИМЕНЗИИ (Ш X В X Д) (ПРИБЛ.)
129,6 x 93,2 x 114,8 мм, 129,6 x 93,2 x 103,2 мм (од предниот дел на објективот до мониторот); 5 1/8 x 3 3/4 x 4 5/8 инчи, 5 1/8 x 3 3/4 x 4 1/8 инчи (од предниот дел на објективот до мониторот)

Испорачана галантерија

ШТО ИМА ВО КУТИЈАТА
AC адаптер, батерија на полнење, капаче за објектив, лента за на рамо, Микро USB кабел, упатство за употреба

Опции на бои

black

Што има во пакетот

  • AC адаптер
  • Микро USB кабел
  • упатство за употреба
  • лента за на рамо
  • батерија на полнење
  • капаче за објектив
Placeholder

Функции

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Фотографирајте како професионалец

Обликувајте го кадарот и фотографирајте со сигурност користејќи го висококвалитетното куќиште на фото апаратот во DSLR стил кое совршено се сместува во вашата рака

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Доловувајте детали со 20,4 милиони точки, дури и при слаба осветленост

Снимајте фотографии и видео снимки со врвни детали, дури и во затворени простории или при недоволна осветленост, со помош на Exmor R™ CMOS сензорот со 20,4 ефективни милиони точки

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Моќен зум со помала тежина за носење

Патувања, живот во дивината и многу повеќе, сè е опфатено со висококвалитетниот Carl Zeiss® Vario-Sonnar T* објектив со моќен оптички зум до 50x

Добијте поширок поглед

Погрижете се ништо да не изостане од сликата, широкоаголниот објектив ќе ви овозможи да опфатите поголем дел од сцените на одмор, ентериерите и групните снимки

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Не грижете се за нестабилните раце

Снимајте остри фотографии без заматување со помош на оптичкиот SteadyShot кој го елиминира тресењето при рачно фотографирање кога зумирате или не користите статив

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Уживајте во креативна контрола во DSLR стил

Добијте ја саканата снимка со помош на рачниот прстен за рамномерно зумирање/фокусирање, вртливото копче, прилагодливите копчиња и меморијата за омилени поставувања

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Рачно прилагодување на нивоата на светлина и експозиција

Користете ги рачните режими P/S/A/M за контрола на решетката или брзината на блендата и забавувајте се со креативните ефекти во вашите фотографии

Не оставајте сè на претпоставки

Интелигентниот автоматски режим препознава голем број на сцени и автоматски ги прилагодува поставувањата за да можете постојано да добивате детални резултати

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Доловете ги случувањата без заматување

Врвниот автоматски режим открива кога објектите се движат на вашата слика и автоматски ги прилагодува поставувањата за да добиете остри резултати без заматување

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Снимајте рамномерни стабилни Full HD видео снимки

Снимајте рамномерни и стабилни видео записи во Full HD со 50p, дури и кога пешачите или зумирате, со помош на активниот режим со оптички SteadyShot

Добијте јасни снимки одблиску

Моќното и јасно зумирање на слики до 100x го исполнува кадарот, за добивање на прекрасни снимки одблиску кои секогаш ќе бидат јасни и со врвни детали

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Фокусирајте се на моментот

Брзиот и прецизен автоматски фокус се заклучува на вашиот објект за да добиете остри и јасни резултати, дури и при слаба осветленост или при максимално зумирање

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Брзо снимање на висококвалитетни слики

Процесорот BIONZ има огромна улога во брзото и континуирано снимање со брзина од 10 слики во секунда и квалитетот на сликите со врвни детали

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Погледнете ги деталите во темнината

Користете го режимот за извонредно висока чувствителност за снимање на остри детали во најтемни услови, како самрак или светлина од свеќи

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Создавајте композиции со реален приказ

Обликувајте и прегледувајте ги вашите слики и видео снимки на едноставен начин на осветлениот Xtra Fine LCD екран од 7,5см (3,0”) со висока резолуција

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Сите бои за кои сте сонувале

Triluminos Colour нуди богата и живописна палета на природни бои кога ги гледате фотографиите на компатибилен телевизор од Sony

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум

Снимајте целосни панорами со движења и лица

Едноставно притиснете го копчето за бленда и движете го фото апаратот за да добиете извонредно широки панорами од пејзажи, градски сцени и големи забави

Додајте уметнички ефекти на сликите

Додајте до 9 различни креативни ефекти на фотографиите, видео снимките и панорамите без да преземате и користите софтвер за уредување на слики

Подобрете го вашето фотографирање со блиц

Напредниот блиц ги осветлува затемнетите сцени и ги осветлува објектите кои се поодалечени од фото апаратот

Слика од HX300 фото апарат со 50x оптички зум