HX300 фото апарат со 50x оптички зум
Откријте ја креативната слобода на рачните контроли и дизајнот во DSLR стил кој овозможува удобно сместување во вашата рака и приближете се до секоја сцена со помош на оптичкиот зум од 50x.
Заборавете на менувањето објективи и добијте контрола врз секоја сцена со помош на објективот со оптички зум од 50x. Фотографирајте широкоаголно или зумирајте за снимање одблиску додека вашиот апарат се грижи за стабилноста.
Со помош на Exmor R® CMOS сензорот од 20,4MP ќе можете да снимате моменти со кои вашиот фотоапарат ќе се издвои од останатите. Сензорот го намалува шумот значително и функционира исклучително добро при слаба осветленост.
Снимајте детални, рамномерни и живописни видеоснимки во Full HD резолуција, со брзина од 30 слики во секунда. Снимајте во MP4 формат за едноставно уредување и вчитување.
Процесорот BIONZ ги презема информациите снимени од CMOS сензорот и врши нивна обработка за да се задржи реалноста, текстурата и длабочината, овозможувајќи ви снимање на 10 слики во секунда.
Режимот на панорама овозможува снимање на широкоаголни слики. Едноставно движете го фото апаратот низ сцената. Апаратот ќе сними серија фотографии и потоа ќе ги спои во панорамска фотографија.
Овој производ е компатибилен со Final Cut Pro X и iMovie.
Спецификации и функции
- Тип на сензор
- Exmor R® CMOS сензор од тип 1/2,3 (7,82мм)
- Број на точки (ефективни)
- 20,4MP
- ISO чувствителност (фотографија)(препорачан индекс на експозиција)
- ISO 80-12800
Што има во пакетот
лента за на рамо, Микро USB кабел, капаче за објектив, упатство за употреба, AC адаптер, батерија на полнење