Мост помеѓу сликите и фантазијата
E 30мм F3,5 макро
E 30мм F3,5 макро (SEL30M35)
Компактен и лесен, SEL30M35 е вистински 1:1 макро објектив со минимално работно растојание од 2,4см. Зголемените детали се прикажуваат со извонредна резолуција и врвен контраст.
APS-C објективите со E-приклучок, во комбинација со α фотоапаратите со E-приклучок од Sony,нудат врвни перформанси.
Наместо стандардна решетка за објектив во форма на правоаголник, овој објектив се одликува со кружна решетка со 7 ливчиња која овозможува добивање на природно и заоблено дефокусирање или ефекти на заматување.
Асферичните елементи на објективот ги минимизираат изобличувањата, додека ED (исклучително мала дисперзија) стаклените елементи овозможуваат врвен контраст, резолуција и веродостојност на боите.
Внатрешниот механизам за фокусирање укажува на тоа дека цилиндарот на објективот не се движи, овозможувајќи покомпактен дизајн, автоматски фокус со побрз одзив и намалени минимални фокусни растојанија.
[1] Асферична [2] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)
[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Просторна фреквенција [4] 10 пара линии / мм [5] 30 пара линии / мм [6] Макс. решетка [7] Решетка F8 [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности
Ја разгледавме оваа страница и ја извршивме следната корекција: за фото апаратите со E-приклучок од Sony било погрешно наведено дека имаат SteadyShot, па затоа таа информација беше отстранета.
Спецификации и функции
- Минимално фокусно растојание
- 0,095 м (0,32 ft)
- Максимален сооднос на зголемување (x)
- 1,0x
- Пречник на филтерот (мм)
- 49мм
- Тежина
- 138 гр. (4-7/8 oz.)
Што има во пакетот
Сенило за објектив (ALC-SH113: во вид на капаче), Предно капаче за објектив, Задно капаче за објектив