НАГРАДА EISA ЗА ИЗВОНРЕДНО ШИРОКОАГОЛЕН ОБЈЕКТИВ ЗА 2025-2026 ГОДИНА
Динамични перспективи, рамномерен ефект на дефокусирање при 16 мм

Со агол на гледање од 16 мм и решетка F1,8, FE 16mm F1.8 G може да долови широкоаголни прикази со прекрасно дефокусирање на заднината. Овој експресивен примарен G-објектив™ е одличен за пејзажи, архитектура, ѕвездени неба и многу повеќе. Нуди и неверојатни способности за снимање одблиску, како и прецизен и тивок AF. FE 16mm F1.8 G е компактен и лесен, на него може да ставате стандардни филтри од 67 мм и лесно се поставува на механизам за стабилизација.

Дознајте за нашиот
FE 16 мм F1,8 G

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Галерија со фотографии за FE 16mm F1.8 G
Слика на која е прикажана работа на структурата на таван на зграда
Неверојатна резолуција при извонредно широк агол на гледање од 16 мм

Двата AA-објективи (напредни асферични) го намалуваат искривувањето на полето и астигматизмот за неверојатна резолуција по површината на целата слика за сите решетки. Еден елемент од супер ED-стакло (исклучително мала дисперзија) и три ED-елементи ја намалуваат хроматската аберација до самиот раб на сликата, а оптимизираните слоеви ги намалуваат одблесоците и отсјајот. Ова е идеален објектив за создавање динамични, широкоаголни перспективи со спектакуларна резолуција.

Слика од папрат снимена при минимално фокусно растојание
Прекрасен ефект на дефокусирање со G-објектив и перформанси за снимање одблиску

Овој G-објектив испорачува извонредни ефекти на дефокусирање со големата максимална решетка F1,8, кружниот ирис со 11 сечила и внимателно контролираната сферична аберација. Перформансите одблиску се одлични со минимално фокусно растојание од 0,15 м / 0,5 ft и максимално зголемување од 0,25 при користење на AF (0,13 м / 0,43 ft, 0,30x за MF). Сето ова ви овозможува да доловите уникатни широкоаголни перспективи со длабок и исклучителен ефект на дефокусирање.

Слика од жена во град, снимена од ниска положба и гледајќи кон нагоре
Извонредно широки перформанси на голема решетка во компактен објектив

Користењето на асферични елементи на објективот, вклучувајќи го и објективот AA (напреден асферичен објектив) со голема прецизност од Sony овозможи создавање на извонредно широкоаголен објектив за целосна слика со компактни димензии од 73,8 x 75 мм (3 x 3 инчи) и тежина од само 304 грама (10,8 oz). Тој е мал, лесен и подвижен, а притоа испорачува неверојатни перформанси при фотографирањето за голем број субјекти, вклучувајќи пејзажи, архитектура, ноќни сцени и многу повеќе.

Слика од жена која трча по скали
Брзиот и прецизен автоматски фокус поддржува високо ниво на снимање.

Два линеарни XD-мотори (екстремно динамични) гарантираат брзо и прецизен AF и следење. Алгоритам за контрола развиен специфично за линеарните XD-мотори овозможува усовршен одговор кој во голема мерка ги поништува доцнењето и вибрациите кои може да настанат при придвижување на голема фокусна група, за исклучително тивко ракување без вибрации. Сето ова овозможува доловување важни моменти кога снимате активни субјекти кои брзо се движат.

Слика од маж кој снима видео со фотоапаратот поставен во висина на колената, FX3 со приклучен FE 16mm F1.8 G и прикачен ECM-B1M
Усовршени и стабилни перформанси за снимање

Напредната технологија на објективот ги намалува промените во фокусната должина за промените во аголот на гледање да се минимизирани за да се постигнат рамномерни снимени материјали. Поддржана е и функцијата за компензирање на промените во фокусната должина кај компатибилни куќишта α, а вградената стабилизација на слика со Активен режим може да го олесни снимањето на стабилни широкоаголни видеоснимки додека пешачите. На овој објектив може да ставате стандардни филтри од 67 мм и лесно се поставува на механизам за стабилизација.

Слика од фотоапарат поставен над баричка, го држи α7C R со прикачен FE 16mm F1.8 G
Сеопфатна контрола и сигурност

Обезбедени се прстен за фокусирање, копче за задржување на фокусот, преклопник за режимот на фокусирање, прстен за решетка и преклопник за заклучување на ирисот. На копчето за задржување на фокусот може да му се доделат други функции. Прстенот за решетката нуди директна контрола, а преклопникот за ВКЛУЧУВАЊЕ/ИСКЛУЧУВАЊЕ на звукот додава разновидност. Преклопник за режимот на фокусирање овозможува моментално префрлување меѓу автоматски фокус и рачно фокусирање. Дизајнот кој е отпорен на прав и влага и слојот со флуор на предниот елемент ја зголемуваат сигурноста.

Табела со конфигурација на леќи
Конфигурација на објективи 

Дизајнот на G-објективите од Sony ја нагласува рамнотежата помеѓу високата резолуција и прекрасното дефокусирање на заднината што ја подобруваат замислата на уметникот.

[1] Напреден асферичен објектив (AA-објектив) [2] Асферичен објектив [3] Супер ED-стакло [4] ED-стакло (исклучително мала дисперзија)

Табели за MTF (функција за пренос на модулација).
MTF табела

MTF (функција за пренос на модулација) објаснува колку добро може објективот да прикажува мали детали, измерено како степен на контраст кој се добива помеѓу линии со мал простор измеѓу нив.

[1] Контраст (%) [2] Растојание од оптичкиот центар на објективот (мм) [3] Макс. решетка [4] Решетка F8 [5] Просторна фреквенција [6] 10 пара линии / мм [7] 30 пара линии / мм [8] Радијални вредности [9] Тангентни вредности

Ве молиме прифатете ги колачињата на Youtube за да го погледнете видеото

Отворете ги опциите за колачиња подолу и вклучете ги колачињата на Youtube во делот „Functional“ (Функционални).

Предности на објективите од Sony при снимање видео

Дознајте ги четирите уникатни предности на објективите со E-приклучок од Sony за снимање видео. Комбинацијата од објективи и камери од Sony ќе ви овозможи подобро доживување при снимањето видео.

Контроли на објективот

1.  Прстен за фокусирање 2. Индекс на решетката 3. Прстен за решетката 4. Копче за задржување на фокусот 5. Преклопник за режим на фокусирање 6. Преклопник за заклучување на ирисот 7. Преклопник за звук на решетката

Компатибилност на FE 16mm F1.8 G

Отворете го линкот подолу за повеќе детали за компатибилноста со објективи/куќишта.

Спецификации и функции

  • Извонредно широкоаголен G-објектив од 16 мм со комбинација од висока резолуција и прекрасен ефект на дефокусирање со F1,8

  • Извонредно широкоаголни перформанси со голема решетка во компактен и лесен објектив

  • Два линеарни XD-мотори за брз, прецизен и тивок автоматски фокус што поддржува високо ниво на обработка на слика

  • Подобрени функции и перформанси за професионален квалитет на видеоснимки

  • Сеопфатна контрола и неверојатна сигурност со независни прстени за фокусирање и за решетката

Минимално фокусно растојание
0,15 (AF), 0,13 (MF) м (0,5 (AF), 0,43 (MF) ft)
Максимален сооднос на зголемување (x)
0,25 (AF), 0,3 (MF)
Пречник на филтерот (мм)
67
Тежина
304 гр (10,8 oz.)
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина