Сите спецификации и функции
Општи карактеристики
- Bluetooth®
- Да
- Зголемување на резолуцијата до 4K
- 60P (диск/USB/мрежа/DLNA)
- Miracast
- Да
- AV синхронизација
- Да
- Лесно поставување(брзо поставување)
- Да
Репродукција на видео / звук /слики
- SA-CD (SA-CD / CD)
- Да
- BD-Live
- Да (профил 2.0)
Аудио декодирање
- FLAC
- Да (BD, DVD, CD, USB, DLNA)
- DSD - DSDIFF / DSF
- Да (BD, DVD, CD, USB, DLNA)
- ALAC
- Да (BD, DVD, CD, USB, DLNA)
- AIFF
- Да (BD, DVD, CD, USB, DLNA)
- HEAAC v.1 / v.2 / level 2
- Да (BD, DVD, CD, USB, DLNA)
- DTS®
- DTS декодирање (7.1-кан.)
- Dolby® True HD
- Да
Поставување на опкружувачки звук
- DTS NEO:6™ (музика / кино)
- Да
Режим на звук
- Подобрување на дигитална музика
- [отстрани]
Поврзување во мрежа
- Вграден Wi-Fi®
- Да (2,4 GHz, 5 GHz)
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- недостапно
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
- 0.3W
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 2,7 W (етернет, HDMI CEC, WiFi) / 3,0 W (сите приклучоци и мрежи поврзани*) *Жичните врски автоматски ги деактивираат безжичните врски.
- Режимот на подготвеност е активиран
- По 20 минути
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 20 минути (етернет, HDMI CEC, WiFi)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- За овозможување/оневозможување, поставете ја опцијата „Поставки за интернет“ во „Мрежни поставки“ на „Безжично поставување (вградено)/Жично поставување“
Што има во пакетот
- Упатство за употреба
- Батерии (тип AAA x 2)
- Гарантен лист

Функции
Зголемување на резолуцијата до 4K за реалистична јасна слика
Уживајте во омилените филмови со четири пати повеќе детали од Full HD со зголемување на резолуцијата до 4K. При поврзување со компатибилен телевизор, напредниот процесор за видео ги претвора стандардните видеоснимки во сигнал кој е сличен на 4K резолуцијата (3840 x 2160). Со осум милиони точки во сликата, добивате поостри и подетални слики, а поголемиот квалитет на сликата ви овозможува да седите поблиску до екранот и да се чувствувате како во кино.
Звук со висока резолуција за беспрекорен звук
Извлечете максимум од дигиталната музика со звукот со висока резолуција. Снимајќи ја музиката со повисока стапка отколку кај CD дисковите, поради што се зголемуваат аудио примероците во секунда и прецизноста на бит-стапката на секој примерок, звукот со висока резолуција создава беспрекорни снимки од музиката која се изведува. Уживајте во секој здив и дискретно движење за навистина емотивно доживување.
DSEE HX ги обновува вашите музички фајлови
Надминете го CD квалитетот. DSEE HX ја користи нашата технологија DSEE за да ги подобри компресираните аудио фајлови на ниво кое е поблиску до звукот со висока резолуција. Со обновување на деталите од оригиналната снимка кои се губат при процесот на компресија, DSEE HX нуди богато аудио доживување со неверојатен квалитет.
Влезови и излези за разни опции при поврзувањето
За флексибилните системи за домашна забава се достапни 2 HDMI излези, како и оптички дигитални и аналогни AV приклучоци. Тоа значи дека ќе имате доволно простор за вашата постоечка опрема - вашиот телевизор, засилувач и звучници - но и простор за идни надградби.
USB приклучок за репродукција на звук со висока резолуција
Уживајте во јасна и детална репродукција на звук со висока резолуција. USB приклучокот на предната страна овозможува стабилна и практична врска за звук без загуби, вклучувајќи DSD и аудио кодеци со висока бит-стапка од 24 бита/192 kHz. Само поврзете го вашиот лаптоп или пренослив музички уред за да уживате во оптимална репродукција на различни видови датотеки, вклучувајќи MP3, AAC и WAV.
Уживајте со висококвалитетно проследување преку Bluetooth® со LDAC
LDAC е нов кодек развиен од Sony за проследување звук преку Bluetooth® со највисок квалитет. Тој поддржува до три пати поголема бит-стапка од обичното проследување преку Bluetooth®, стапки на семплирање до 96kHz и поефикасен начин на кодирање. Резултатот? Врвен звук со помала компресија за да овозможи безжичен звук со подобар квалитет од звукот со CD квалитет.
Компактен дизајн што спречува вибрации
Секој елемент на UHP-H1 е внимателно обмислен, со помали димензии од стандардните DVD и Blu-ray disc плеери, елегантен и стилски дизајн и конструкција која спречува вибрации за да добиете беспрекорна репродукција на музика.
Слушајте безжично преку Bluetooth®
Уживајте во безжично слушање на сите ваши омилени песни и филмови. Овој Blu-ray плеер емитува звук кон безжични звучници или слушалки преку Bluetooth за да уживате уште повеќе во секоја песна и филмска музика.