UHP-H1
Репродуцирајте и проследувајте сè што ќе посакате со врвен квалитет, со зголемување на резолуцијата до 4K со 60p и звук со висока резолуција.
UHP-H1
Репродуцирајте и проследувајте сè што ќе посакате со врвен квалитет, со зголемување на резолуцијата до 4K со 60p и звук со висока резолуција.
Уживајте во потполно јасен звук со висока резолуција и подобрување со DSEE HX.
Уживајте во слика со најдобар можен квалитет, без разлика што гледате, благодарение на подобрувањето до 4K за голем број различни извори.
Поврзување преку USB, HDMI, оптички и аналогни излези.
Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.
UHP-H1 може да ги репродуцира сите содржини што ќе ги изберете, вклучувајќи ги повеќето HD видео формати и аудио форматите со висока резолуција, како и вашите омилени услуги за проследување. Сè што треба да направите е да одлучите во што ќе уживате.
Сакате ли да танцувате со музиката од вашите Super Audio CD дискови? Нема проблем. Штом станува збор за дискови, бидете сигурни дека UHP-H1 може да ги вчита.
UHP-H1 поддржува голем број 24-битни аудио формати со врвен квалитет, од AAC до WAV и многу повеќе.
Репродуцирајте филмови преку USB и домашната мрежа. Овој Blu-ray плеер ги поддржува сите видови на датотеки прикажани погоре, за да можете да ги гледате вашите омилени филмови.
3,2x повеќе пренесени податоци
Исто како и конверзијата на видеоснимки со стандардна резолуција во HD, така и песните со звук со висока резолуција имаат подобар квалитет отколку MP3 песните и CD дисковите, овозможувајќи ви да го слушнете секој здив, секој ритам, секоја нота.
Освен репродукција на звук со висока резолуција и квалитет како во студио, UHP-H1 го подобрува и квалитетот на целата ваша музика. DSEE HX го подобрува звукот на CD и MP3 дисковите и другите компресирани датотеки, овозможувајќи ви го целосното доживување од оригиналната снимка.
Цврста конструкција што спречува вибрации за беспрекорна репродукција
UHP-H1 е дизајниран да го минимизира ефектот на надворешните вибрации, создавајќи чист и квалитетен звук. Така ќе можете да ги слушнете важните детали.
Оваа цврста рамка го минимизира електричниот шум за да добиете звук и слика со висок квалитет.
Еколошката легура за лемење, базирана на калај со висока чистина, овозможува да се добие јасен звук со брз одзив.
Уживајте во звук без изобличувања, благодарение на висококвалитетниот дигитално-аналоген конвертор.
Овој стилски уред крие многубројни функции во своите компактни димензии кои ќе придонесат за намалување на нередот од кабли.
Совршена слика од секој извор, со резолуција до 60p
Напредното подобрување до 4K кај UHP-H1 се приспособува кон резолуцијата на видео изворот. Затоа секогаш ќе уживате во најдобра можна слика.
Технологијата Super Bit Mapping го открива шумот на сликата.
Процесот за зголемување на резолуцијата со 16 бита значително го намалува шумот за да се добие појасна слика.
Квалитетот на сликата ја задржува јасноста, дури и кога ќе се конвертира во 8 бита за компатибилност со HDMI.
Разни опции за поврзување на вашите напредни уреди
Обединете ги сите AV уреди и поврзете ги со UHP-H1. Идеален за гледање фотографии, филмови и услуги за проследување како Spotify, со висококвалитетни приклучоци наменети за сите љубители на технологијата.
LDAC пренесува три пати повеќе податоци (со максимална стапка на пренос: 990 kbps) од стандардниот Bluetooth® звук, поради што ќе уживате во содржини со звук со висока резолуција чиј квалитет е сличен со звукот со висока резолуција.