UBP-X800

Вистинско кино во домот

Уживајте во реалистично кино доживување со овој 4K Ultra HD Blu-ray плеер. Резолуцијата 4K UHD ви нуди слика како во кино, а Dolby Atmos и DTS:X создаваат амбиент како во кино.

BLU-RAY DISC-ПЛЕЕРИ

4K Ultra HD Blu-ray™-плеер | UBP-X800 со звук со висока резолуција

UBP-X800
Слика од 4K Ultra HD Blu-ray™-плеер | UBP-X800 со звук со висока резолуција
Лого за 4K HDR
Подобрување до 4K во реално време

Уживајте во најдобриот квалитет на слика со 4K Ultra HD Blu-ray и 4K-детали за сите содржини што ги гледате, благодарение на технологијата за зголемување на резолуцијата до 4K.

Уникатно куќиште од Sony
Создаден за чист звук

Уживајте во потполно јасен звук со висока резолуција и подобрување со DSEE HX.

USB, HDMI, оптички и аналогни излези
Разновидни опции за поврзување

Поврзувајте уреди преку USB, дигитален коаксијален излез, Wi-Fi, LAN и два HDMI-приклучоци за посебни излезни сигнали за звук/слика.

Лого за звук со висока резолуција
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет од CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Приближување до реалноста

4K Ultra HD Blu-ray

Влезете во центарот на секој филм и серија. 4K Ultra HD Blu-ray ги прикажува сите содржини со повеќе детали како никогаш досега, за да се чувствувате исто како во реалноста додека ги гледате.

Побарајте го Inferno на 4K Ultra HD

Откријте нови длабочини на реалистичност

Висок динамички опсег 4K

Навлезете во деталите со високиот динамички опсег (HDR). Заедно со острината на 4K, HDR внесува реалистичност во досега скриените делови со повеќе светлина, нијанси и бои.

Слика што прикажува квалитет на слика со HDR сигнал
HDR СИГНАЛ
Слика што прикажува квалитет на слика со SDR сигнал
SDR СИГНАЛ

HDR наспроти SDR

HDR сигналите нудат светлина која е до 100x поголема од стандардниот (SDR) сигнал, при што масивно ја зголемуваат максималната светлина и ги задржуваат длабоките и детални црни тонови за да добиете потполно ново доживување при гледањето.

Сите бои на природата

Поддршката за новиот простор на бои BT.2020 нуди многу поширока палета на бои од стандардните ТВ сигнали. Извонредно широкиот простор на бои им овозможува на креаторите на содржини да создадат позаситени и пореални бои, од длабоки сини тонови до природни зелени и живописни црвени тонови.

Сите бои на природата
ПРОСТОР НА БОИ BT.2020
Сите бои на природата
ПРОСТОР НА БОИ REC.709
Звук кој ќе ве пренесе
во друг свет

Уживајте во реалистичен кино звук со Dolby Atmos и DTS:X

Слушнете го звукот на громовите, сирените за предупредување и на автомобилите околу вас со неверојатна острина со Dolby Atmos и DTS:X - најдобри аудио кодеци што се користат во кината насекаде. 

Ghostbusters сега е достапен на 4K Ultra HD

Лого за Dolby Atmos
Dolby Atmos

Atmos ги обработува звуците како посебни елементи и ги репродуцира преку стандардни канали за да се движат слободно околу вас па дури и над вас за да добиете прекрасен опкружувачки звук.

Лого за DTS:X
DTS:X

DTS:X може да создаде неограничен број на аудио елементи што се прилагодуваат според вашите звучници во реално време, за да извлечете максимум од секоја филмска музика.

Совршен додаток за домашното кино 

Впарете го UBP-X800 со ресиверот STR-DN1080 за најдобро доживување на домашната забава. Од стилски координиран дизајн до слика и звук со врвен квалитет - убавината е во деталите.

Графикон на звук со висока резолуција

3,2x повеќе пренесени податоци

Добијте го најдоброто од секоја песна

Исто како и конверзијата на HD видеоснимки во 4K, така и песните со звук со висока резолуција имаат далеку подобар квалитет отколку MP3 песните, па дури и CD дисковите, овозможувајќи ви да го слушнете секој здив, секој ритам, секоја нота.

Подобрување со DSEE HX

Подобрете ја фреквенцијата и динамичкиот опсег на MP3 и другата компресирана музика - дури и CD дисковите - приближно до квалитет со висока резолуција, за целосно доживување на оригиналната снимка.

Графикон за подобрување со DSEE HX
Куќиштето со рамка и столбови на производот
Уникатно куќиште од Sony

Нашето уникатно куќиште со рамка и столбови има цврста структура што елиминира микро вибрации и нуди ефикасна електрична заштита за да уживате само во најквалитетен звук и слика.

Репродуцирајте сè

UBP-X800 може да репродуцира многу повеќе од 4K UHD Blu-ray дискови. Гледајте, слушајте и проследувајте сè што ќе посакате, меѓу кои и повеќето видеоснимки и аудио формати со висока резолуција и многубројни популарни услуги за проследување.

Лого ознаки за компатибилни формати на дискови
Најдобриот читач на дискови

Сакате ли да танцувате на музиката од вашите Super Audio CD дискови? Нема проблем. Штом станува збор за дискови, бидете сигурни дека UBP-X800 може да ги репродуцира.

Лого ознаки за компатибилни формати на звук
Речиси неограничено уживање во звукот

UBP-X800 поддржува голем број 24-битни формати на звук со врвен квалитет, од AAC и WAV па сè до DSD 11,2 MHz и многу други.

Лого ознаки за компатибилни формати за проследување
Проследувајте и репродуцирајте сè

Репродуцирајте филмови преку USB и домашната мрежа. Овој Blu-ray плеер ги поддржува сите популарни видови на видео датотеки за да можете да ги гледате вашите омилени филмови.

Почетна точка за вашата најдобра опрема

Разни опции за поврзување на вашите напредни уреди

Обединете ги сите AV уреди и поврзете ги со UBP-X800. Тој е идеален за домашни видеоснимки и услуги за проследување музика како Spotify и има висококвалитетни приклучоци наменети за сите љубители на технологијата.

Целата ваша забава на едно место

Уживајте во брзо и стабилно проследување од различни услуги. UBP-X800 проследува видео со резолуција до 4K благодарение на безжичната технологија MIMO со два фреквентни појаси за одличен сигнал - дури и на работ од опсегот на вашата безжична мрежа.

Приватно гледање со слушалки

The 5th Wave сега е достапен во 4K Ultra HD

Уживајте уште повеќе во омилените содржини

Безжичен звук преку Bluetooth за приватно гледање

Засилете го ефектот на сите филмски моменти кога гледате сами. UBP-X800 поддржува пренос на звук преку Bluetooth за да можете да ги користите омилените слушалки со Bluetooth за приватно безжично гледање.

Слушајте јасни дијалози

Истовремено пренесување на звук преку HDMI и Bluetooth

Уживајте во потполно јасни дијалози и песни, независно од оддалеченоста. UBP-X800 може истовремено да испраќа звук кон вашиот телевизор преку HDMI и кон безжични звучници преку Bluetooth.

Пар кој гледа телевизија, едното лице одблиску, друго од далеку

The Magnificent Seven сега е достапен во 4K Ultra HD

Лого за LDAC
LDAC

LDAC пренесува 3x повеќе податоци од стандардниот Bluetooth® за да ви обезбеди висококвалитетен звук.

Лого за Wi-Fi®
Wi-Fi®

Проследувајте звук низ целиот дом со помош на вградениот Wi-Fi и апликацијата Sony | Music Center (претходно нарекувана SongPal) за брзо и висококвалитетно безжично слушање.

Спецификации и функции

Уживајте во реалистично кино доживување со овој 4K Ultra HD Blu-ray плеер. Резолуцијата 4K UHD ви нуди слика како во кино, а Dolby Atmos и DTS:X создаваат амбиент како во кино.
  • Погледнете ја беспрекорната визуелна острина на 4K UHD Blu-ray

  • Слушајте повеќе детали со звукот со висока резолуција и DSEE HX

  • Конструкција која спречува вибрации за појасен звук

  • Репродуцирајте секакви дискови и формати на датотеки

  • Неверојатна слика со зголемување на резолуцијата до 4K со 60p

Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина

Кориснички оценки

Експертите велат