Сите спецификации и функции
Големина и тежина
- Димензии (Ш x В x Д мм)
- 430 x 156 x 329,4 мм
- Тежина (кг)
- 8,3 кг
Општи карактеристики
- Автоматски режим на подготвеност
- ДА
- GUI (графички кориснички интерфејс)
- ДА
Засилувач
- Број на канали на засилувач
- 7 кан.
- Bi-AMP
- ДА(со заден опкружувачки звук)
- Дигитален Legato Linear
- ДА
- HD-D.C.S. (дигитален кино звук)
- ДА
- Пренослив аудио подобрувач
- ДА
- Програма на звучно поле (2-кан./повеќе канали)
- ДА
- Програма на звучно поле (A.F.D)
- ДА
- Програма на звучно поле (слушалки)
- ДА
- Програма на звучно поле (филм)
- ДА
- Програма на звучно поле (музика)
- ДА
Автоматска калибрација на звучници
- DCAC (Digital Cinema Auto Calibration)
- ДА
Аудио функции
- Функции за калибрација
- ДА
Видео карактеристики
- 4K излезна резолуција
- ДА
- 1080p/24p
- ДА
- 3D преку HDMI®
- ДА
- Deep Color
- ДА
- Зголемување на резолуција и конвертирање на видео (аналоген во компонентен/HDMI®)
- ДА/НЕ
- x.v.Color (xvYCC)
- ДА
- A/V SYNC
- Да (променливо)
- Повратен аудио канал
- ДА
- BRAVIA Sync (CEC контрола)
- ДА(репродукција со еден допир, контрола на звукот на системот, исклучување на напојувањето на системот)
- HDMI® проследување
- ДА
Интерфејс
- Влезни и излезни приклучоци
- HDMI видео влез/излез (5/1); HDCP 2.2 заден (1); композитен видео влез 2; композитен излез за монитор (1); аудио влез (2); коаксијален аудио влез (1); аналоген аудио влез (4); излез за слушалки; излез за предзасилувач за сабвуфер (2); USB (1 преден); приклучок за етернет; MHL преден (1)
Формат на декодирање
- DTS® HD/Dolby®TruHD/Dolby® Digital+
- ДА/ДА/ДА
- LPCM (2CH/5.1CH/7.1CH) преку HDMI®
- ДА
- Dolby® Digital/DTS®
- ДА / ДА
- Dolby® Digital EX
- ДА
- DTS-ES™ (MATRIX6.1/DISCRETE6.1)
- ДА / ДА
- DTS 96/24™
- ДА
- Dolby® Pro Logic®
- ДА
- Dolby® Pro Logic® II
- ДА
- Dolby® Pro Logic® IIx
- ДА
- Dolby® Dual моно
- ДА
- 96k/24 бита PCM
- ДА
Поврзување во мрежа
- Интернет услуга
- ДА
- Декодирање музика за мрежен клиент
- [MP3].mp3, [AAC/HE-AAC].m4a, .aac, [WMA9 Standard].wma, [LPCM].wav, [FLAC].flac, .fla, [Dolby Digital].ac3, [DSF].dsf, [DSDIFF].dff, [AIFF].aiff, .aif, [ALAC].m4a
- Ажурирање на PC Connect (етернет)
- ДА
- CHROMECAST BUILT-IN
- ДА
Функции на приемникот
- Мемориран канал (FM/AM)
- TTL30 (-/30/-)
- RDS
- ДА
Еколошки, заштеда на енергија
- Потрошувачка на енергија (исклучен режим)
- недостапно
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност)
- 0,3 W
- Потрошувачка на енергија (режим на подготвеност во мрежа) - приклучоци
- 1,7 W (етернет) / 1,7 W (Wi-Fi®) / 1,7 W (Bluetooth®) / 1,7 W (сите приклучоци и мрежи поврзани)
- Режимот на подготвеност е активиран
- По 19 минути
- Режимот на подготвеност во мрежа е активиран – приклучоци
- По 19 минути (етернет, Wi-Fi®, Bluetooth®)
- Преклопник за вклучување/исклучување на безжична(и) мрежа(и)
- Променете ги поставките за режим на подготвеност со Bluetooth® (MENU (МЕНИ)-->Bluetooth Settings (Поставки за Bluetooth®)-->Bluetooth Standby (Режим на подготвеност со Bluetooth®)-->ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО)) / Променете ги поставките за далечинско активирање (MENU (МЕНИ)-->Network Settings (Мрежни поставки)-->Remote Start (Далечинското активирање)-->ON/OFF (ВКЛУЧЕНО/ИСКЛУЧЕНО))
Функции
Звук со висока резолуција и Direct Stream Digital (DSD)
Уживајте во висококвалитетен звук со аудио кодекот Direct Stream Digital (DSD) – специјално дизајниран за звук со висока резолуција. Овој 1-бит. формат применува низа високофреквентни 1-ци и 0-ли за создавање звучни бранови форми со поголема резолуција од стандардните кодеци. Резултатот претставува појасен и поостар звук со висока резолуција. STR-DN860 поддржува DSD декодирање со 5,6 MHz (2 кан.) преку USB и мрежни приклучоци, како и DSD декодирање со 2,8 MHz (до 5 кан.) преку HDMI, USB и мрежа.
Гледајте повеќе детали со зголемување на резолуцијата до 4K / 4K проследување со HDCP2.2
Стандардните 4K извори можат да се проследуваат директно преку 4K HDMI влезот со HDCP2.2. Благодарение на технологијата за зголемување на резолуцијата на видеоснимките, можете да уживате во стандардна HD резолуција со повисок квалитет и повеќе видливи детали. Досега беше можно само подобрување од 1080/24p до 4K/30p, но за новите модели на STR не постои ограничување за влезната резолуција на видео сигналите.
7.2-канален ресивер за прекрасен опкружувачки звук
Уживајте во забавата, благодарение на опкружувачкиот звук со 7.2 канали кој ја исполнува просторијата и излезната моќ од 165 W по канал. Наменскиот канал ви овозможува да поврзете два активни сабвуфери, за еднаква дистрибуција на бас во просторијата. Без разлика дали гледате филмови, играте игри или ги слушате омилените песни, ќе уживате во повисоко ниво на забава.
Dolby® TrueHD и DTS-HD Master Audio
STR-DN860 поддржува Dolby® TrueHD® и DTS-HD® Master Audio за да ги надополни звуците од Blu-ray Disc со ненадминат квалитет на звук. Создавајќи звук без загуби со приближен квалитет како во музичко студио, овие напредни аудио формати со висока резолуција му овозможуваат на корисникот да ужива во повеќеканален звук и во опкружувачки звук како во кино додека гледа филмови и слуша музика.
Advanced Digital Cinema Auto Calibration
Уживајте во прекрасен филмски звук, без разлика каде ќе гледате. Технологијата Digital Cinema Automatic Calibration (ADCAC) ги оптимизира аудио перформансите за да создаде добро избалансиран звук. Користете го испорачаниот микрофон за мерење на акустиката во вашата просторија во однос на местото кадешто седите, а потоа поставете ги вашите звучници. Системот ќе го прилагоди звукот соодветно и ќе ги елиминира сите слаби точки во звукот за да обезбеди широко и природно звучно поле.
Оптимизирање на звукот за јасен звук при секоја јачина
Уживајте во јасен и динамички звук при секоја јачина, благодарение на вграденото оптимизирање на звукот. A/V ресиверот автоматски ја мери ефикасноста на звучниците и соодветно го прилагодува фреквентниот опсег. Како резултат на тоа се добива атмосфера со богат звук – дури и при гледање или слушање содржини при стандардна јачина на звукот.
Подигнување на централниот звучник
Централните звучници најчесто се поставуваат под екранот, при што сите централно поставени звуци доаѓаат од под екранот. Оваа функција овозможува централниот звучник да изгледа дека е поставен на иста висина со екранот. Висината на звукот од централниот звучник може да се постави како што ќе посакате. (Ова е можно само доколку се инсталирани високи предни звучници.) Подигнувањето на централниот звучник може да се постави на 0 (исклучено) или помеѓу 1 и 10. Колку е повисока вредноста толку повисоко се крева централната положба, така што слушателите можат да ја прилагодат оваа функција според нивните желби. Оваа функција може да се користи со A.F.D. режим (кој не создава звучно поле) и режими за видео како HD-Digital Cinema Sound итн.
Режим за звучници на таванот
Оваа функција виртуелно ќе ги премести предните и централните звучници од таванот околу екранот. Сега корисникот ќе слуша како гласовите на глумците излегуваат од екранот наместо од таванот. Исто така, овој режим ја прави музиката поприродна и побогата во просторијата со тавански звучници.
HD Digital Cinema Sound®
Симулирајте ја акустиката на препознатливиот Cary Grant Theatre во вашиот дом. Создаден во соработка со Sony Pictures Entertainment, HD Digital Cinema Sound® е добиен врз основа на мерења спроведени во Cary Grant Theatre – користен за снимање звук во холивудската филмска продукција – за надополнување на секој филм што го гледате со холивудски третман.
Симулирајте ја акустиката од настапите во живо со режимот за концертна сала
Симулирајте концерти во живо во вашата дневна соба. Создаден врз основа на акустични мерења извршени во светски познатите музички сали, режимот за концертна сала нуди избор од 3 сали.
Едноставен начин за испраќање музика кон вашите звучници
Chromecast built-in ви овозможува да ги проследувате омилените апликации за музика од личниот уред кон звучниците. Само допрете го копчето за проследување во апликацијата за музика во вашиот телефон или таблет-уред со Android, iPhone, iPad, Mac®, лаптоп со Windows или Chromebook и изберете звучник или група звучници за да започнете.
Висококвалитетно безжично проследување
LDAC е нова технологија за звук од Sony која ви овозможува да уживате во висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со пренос на 3x повеќе податоци, LDAC овозможува подобро безжично слушање на сета ваша музика.
Беспрекорно проследување со Wi-Fi® и Bluetooth®
Само едно лесно поврзување Ве дели од вашата музика. Проследувајте ги безжично омилените песни од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп преку Wi-Fi® – не се потребни кабли. Bluetooth® овозможува едноставно поврзување и треба само да го допрете за да го впарите со компатибилни уреди со NFC. Згора на тоа, AirPlay ви овозможува да проследувате музика од вашиот уред со iOS преку засилувачот до вашите звучници.
Слушање со еден допир и пресликување слика со еден допир
За да започнете со безжично проследување музика, едноставно допрете го вашиот паметен телефон или таблет-уред со NFC наспроти STR-DN860 за да го поврзете безжично. Благодарение на комбинацијата од NFC со еден допир и Bluetooth®, може да уживате во „слушање музика со еден допир“ од паметен телефон или таблет-уред преку STR-DN860. Комбинацијата од NFC со еден допир и Wi-Fi®, пак, овозможува „пресликување слика со еден допир“ или Miracast™ за гледање видеоснимки од вашиот паметен телефон или таблет-уред преку засилувач на телевизор, без потреба од безжичен рутер. Нема неред поради поврзување со кабли или сложени поставувања. Дури и кога NFC не е достапно, врската се воспоставува со рачно впарување.
HDMI, оптички дигитален и AV приклучоци
За флексибилните системи за домашна забава се достапни 5 HDMI влезови и 1 HDMI излез, како и оптички дигитални и аналогни AV приклучоци. Има место и за вашата постоечка опрема – вашиот телевизор, Blu-ray Disc™ плеер и звучниците – но и простор за идни надградби.
Репродуцирајте HD видеозаписи, фотографии и музика и полнете преку двата MHL приклучоци
STR-DN860 може да се користи со паметни телефони. HD видеозаписите и фотографиите може да се гледаат на големиот екран на телевизорот. Можно е и користење на апликации како Facebook, Twitter, YouTube и Google Maps. MP3 песните може да се репродуцираат преку ресиверот. STR-DN860 се поврзува со еден тенок кабел кој истовремено ја полни батеријата на телефонот. Далечинските управувачи на телевизорот и STR можат да се користат за контролирање на паметниот телефон кој поддржува MHL, доколку е потребно. Благодарение на дополнителниот MHL приклучок на задната страна, можете истовремено да приклучите производ како Roku.
Ослободете ја вашата музика со можноста за слушање во повеќе простории
Исполнете го домот со звукот од омилените песни, благодарение на можноста за слушање во повеќе простории. Функцијата за слушање во повеќе простории содржи режими како режимот за забава, со кој може да уживате во истата музика преку повеќе звучници истовремено, и персоналниот режим со кој може да уживате во различна музика преку повеќе звучници.
Обединете ја вашата музика со SongPal
Преземете ја апликацијата SongPal за вашиот паметен телефон или таблет-уред и преземете ја контролата врз вашата музичка збирка. Поврзете се лесно преку Bluetooth® или Wi-Fi® и добијте непречен пристап до сите омилени песни, без разлика дали се зачувани во вашиот компјутер, сервер или онлајн услуга за музика. Исто така, апликацијата може да се користи за прилагодување на поставувањата за звукот за да се обезбеди одличен и балансиран звук и контрола на слушањето во повеќе простории.
Едноставна контрола со графички кориснички интерфејс
Поставките на вашиот ресивер се прилагодуваат лесно, благодарение на интуитивното почетно мени. Контролирајте што гледате, препознавајте кои уреди се поврзани и избирајте го начинот на кој слушате со однапред поставените режими за звук.
Нов предзасилувач за јачина на звук IC (TBD)
Новосоздадениот предзасилувач IC CXD90035 за STR-DN860 потполно го одделува заземјувањето од IC и го вади надвор од IC. Како резултат на тоа, пречките помеѓу секоја фаза се елиминираат и се добива неверојатно стабилно засилување кое создава висококвалитетен звук со богати ниски фреквенции. Освен тоа, новиот дизајн на внатрешното електронско коло на засилувачот ги подобрува останатите карактеристики и го намалува изобличувањето, за да се добие поамбиентален звук.
Моќен засилувач
STR-DN860 нуди подобра структурна стабилност за подобар звук преку патеката на аналогниот сигнал. Ова електронско коло е сместено на посебна стаклена плоча за да се добие поголема брзина и моќност.
Локализирано аналогно напојување со енергија
Напонот на патеката за заземјување на напојувањето околу уредите се регулира локално за минимизирање на елементите во високите фреквенции, со што се намалува електромагнетното зрачење од електронското коло и се елиминира шумот во патеката на аналогниот сигнал и во електронското коло на засилувачот. Овој дизајн нуди подобрување во соодносот помеѓу сигналот и шумот кај дигиталните аудио сигнали и дигиталните видео сигнали, така што нискофреквентниот звук е подефиниран и има поголема острина и реалистичност.
Електрични компоненти прилагодени од Sony
Во главниот уред за напојување се користат големи специјално изработени електролитички кондензатори. Во сите патеки за аналогни сигнали се користат избрани аудио отпорници. На одредени важни места се користат големи отпорници во комбинација со стандардните. Куќиштето со поголеми димензии овозможува помали варијации на импедансата од кој било термален ефект предизвикан од течењето на струјата. Тоа му помага на засилувачот да постигне подобро ниво на обработка на звук.
Врвна конструкција за оптимален звук
STR-DN860 се одликува со дизајн и компоненти со највисок квалитет - за оптимални перформанси на слика и звук. Цврстото челично куќиште има зајакната конструкција за намалување на надворешниот притисок на звучникот и добивање пофокусиран звук. Обложената електронска плоча, пак, ја подобрува структурната стабилност и овозможува поголема излезна моќ на засилувачот. Уникатниот дизајн на ладилникот овозможува максимален влез на воздухот во електронското коло на засилувачот, што придонесува за толеранција на голем звучен притисок – со цел да се добие моќен и префинет звук.
Трансформатор за напојување со голем капацитет
Процесот на вакумско лакирање овозможува рамно и подеднакво лакирање на внатрешните кабли на трансформаторот за напојување. Користењето на мал бакарен прстен и челичен ремен кој не создава шум околу калемот и јадрото спречува појава на шум. На овој начин се добива богат бас и неверојатна репродукција на детали во сликата, како и посилен бас и понизок фреквентен опсег. Нивото на детали помага во создавање попрецизни акустични вокали и бас, со што се добива ново чувство на јасност во просторот.
Дизајн на ладилникот
Со анализирање на формата на ребрата и контролирање на изедначеноста добивате одличен и стабилен звук. Електронското коло на засилувачот има поголема издржливост на несаканиот звучен притисок.
Дигитална електронска плоча
Електронската плоча за дигиталната фаза е прицврстена со силни метални држачи кои нудат заштита од звучниот притисок на звучникот. Овој ладилник ја презема улогата за заштита на дигиталното електронско коло од несакано зрачење и го заштитува електронското коло со висока импеданса во главното куќиште од непотребен шум, поради што се добива појасен и квалитетен звук.
Втора генерација на лемење со ES
Долгогодишното искуство на Sony во инженерство на звук и континуираното тестирање на звук придонесе за создавање квалитетен звук со лем од ES класа. На лимената основа со голема чистота ѝ се додаваат мали количини на специјално избрани метални елементи за да се добие специјална легура која обезбедува многу јасен звук со брз одзив.
Дигитална обработка на сигнали (DSP)
Во STR-DN860 е вграден моќен DSP кој ги поддржува најновите формати на опкружувачки звук и нуди најголема прецизност при декодирањето на форматите Dolby Digital Plus, Dolby TrueHD, dts High-Resolution Audio и dts HD Master Audio, Dolby Pro Logic IIx, Dolby Digital и dts Digital Surround. Може да се обработуваат и следните формати: DTS 96/24, DTS-ES Discrete 6.1, DTS-ES Matrix 6.1 и DTS Neo:6.
D.L.L (Digital Legato Linear)
STR-DN860 е опремен со 7-канален аналоген засилувач кој може да се користи со 7.2-кан. аудио систем. Покрај тоа, овој ресивер нуди опции за втор звучник и двојно засилување. Затоа, засилувачите за задните звучници за опкружувачки звук можат да се постават во режим на втор звучник или двојно засилување.