Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN860
Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN860
Слика од 7.2-кан. AV-приемник за домашно кино | STR-DN860
Така како што замислиле изведувачите

Уживајте во најситните детали од звукот со поголем квалитет отколку кај CD дисковите, благодарение на звукот со висока резолуција. Страста за музика ги обединува сите компоненти, па затоа ќе помислите дека изведувачот настапува пред вас.

Деталите, градациите ве носат чекор подалеку од вообичаеното

7.2-канален AV ресивер за слушање во повеќе простории и проследување музика

Подобрете го вашето уживање во домашната забава со STR-DN860. Прекрасното доживување при гледањето е лесно достапно со поддршката за HDCP 2.2 и MHL 3 за гледање содржини од емитувања во 4K и можностите за поврзување со паметни телефони. Зголемувањето на резолуцијата до 4K за HD изворите и звукот со висока резолуција ја пренесуваат музиката во живо директно во вашата дневна соба.

Аудио излез

Уживајте во звук кој ја исполнува просторијата со 7 канали за опкружувачки звук и 2 сабвуфери кои нудат излезна RMS моќност од 150W по канал.

Подобрени видео перформанси

Поддршката и зголемувањето на резолуцијата до 4K овозможува детална и квалитетна слика, а 6-те HDMI влезови и 2 HDMI излези овозможуваат поврзување на видео и аудио опрема.

Жично и безжично поврзување

Проследувајте музика и видео снимки безжично до вашиот ресивер преку NFC со еден допир, Bluetooth® и Wi-Fi® - или приклучете USB уред за репродукција на музика.

Уживајте во нова реалност со 4K

Опремен со HDCP 2.2 за услуги за проследување во 4K и MHL 3 за гледање 4K видеоснимки на вашиот паметен телефон преку телевизор, STR-DN860 го олеснува подобрувањето на вашата забава до 4K.

Неверојатни и реалистични детали со 4K Ultra HD

STR-DN860 поддржува 4K Ultra HD видео со четири пати повеќе детали од Full HD. Кога ќе го поврзете со 4K телевизор, напредната обработка за видео ќе им го зголеми квалитетот на видеоснимките со помала резолуција до 4K Ultra HD.

HDCP 2.2

Независно дали станува збор за филмови или музика, HDCP 2.2 ќе ве подготви за следната генерација на врвни 4K содржини со поддршка за напредна заштита на авторски права.

Компатибилност со MHL 3
MHL 3

Поврзувајте Xperia™ или други напредни паметни телефони директно во предната плоча и пресликувајте го приказот во телевизорот кој сте го поврзале со поддршка за 4K резолуција за фотографии и видеоснимки. Може да го полните и телефонот.

7.2 канали за прекрасен опкружувачки звук

AV ресиверот со 7.2 канали нуди врвен динамичен опкружувачки звук, а технологијата Digital Cinema Automatic Calibration (DCAC) ги оптимизира перформансите на звукот за да уживате во добро избалансиран звук.

44,1KHZ / 16 БИТА [CD]
96KHZ / 24 БИТА [ВИСОКА РЕЗОЛУЦИЈА]
Како функционира звукот со висока резолуција

Звукот со висока резолуција го претвора аналогниот звук во дигитален со поголема стапка отколку кај CD дисковите. Звукот со висока резолуција врши репродукција со брзина поголема од 24 бита/96Hz, за добивање повеќе детали и најреалистична музика.

Обновете ги сите ваши компресирани фајлови

Процесорот за подобрување на дигитален звук HX (DSEE HX) ги подобрува компресираните фајлови (MP3, ACC, ATRAC и WMA), за да наликуваат на звукот со висока резолуција. DSEE HX ги обновува тоновите со висока фреквенција кои се губат при компресирањето.

Уживајте во Blu-ray дискови со HD звук

Blu-ray дисковите имаат 10 пати поголем капацитет од DVD дисковите, што значи дека може да содржат многу повеќе информации за звукот. Вградените декодери Dolby True HD и DTS-HD Master Audio ви овозможуваат да уживате во моќен и прекрасен HD опкружувачки звук со најновите Blu-ray дискови.

Напреден кино звук

Уживајте во богат повеќеканален звук со Dolby True HD – создаден да обезбеди 100 процентен звук без загуби за филмови и музика.

Слушајте ги случувањата околу вас

Ако сакате опкружувачки звук како во кино, DTS-HD Master Audio нуди звук без загуби со квалитет како во студио.

Поврзете ги сите уреди

За системите за динамичка домашна забава се достапни 5 HDMI влезови и 1 излез, преден USB приклучок, оптички дигитални и аналогни AV приклучоци. Поврзете го вашиот телевизор, Blu-ray Disc™ плеер, паметен телефон и многу повеќе, на брз и едноставен начин.

5 HDMI влезови и 1 излез

Со 5 HDMI влезови и 1 HDMI излез, ќе имате доволно простор за тековната опрема и идните надградби.

DSD репродукција преку USB

Предниот USB приклучок поддржува DSD и звук со висока бит-стапка од 24 бита/192kHz, така што може да поврзете USB уред и да уживате во звук со висока резолуција.

Врвна конструкција. Оптимален звук.

Ресиверот за домашно кино STR-DN860 се одликува со дизајн и компоненти со највисок квалитет - вклучувајќи осцилатори со неверојатна прецизност и зајакната конструкција на куќиштето - за оптимални перформанси на слика и звук.

Нов предзасилувач за јачина на звук IC

Предзасилувачот IC ги надминува вообичаените граници на оваа класа и се одликува со независно заземјување за да спречи појава на пречки и да обезбеди почист звук со помало изобличување.

Моќен засилувач

Посебната стаклена плоча ја подобрува структурната стабилност и овозможува поголема излезна моќ на засилувачот.

Локализирано аналогно напојување со енергија

Секој дигитален уред има сопствен аналоген напонски регулатор кој го спречува шумот од високите фреквенции да го изобличат аналогниот сигнал.

Компоненти од врвна класа за чист звук

Кондензаторот и отпорниците од врвна класа за чист звук се поотпорни на пречки и овозможуваат врвна обработка на звук.

Дизајн на куќиштето

Зајакната конструкција на куќиштето го намалува звучниот притисок на надворешниот звучник за понасочен и помоќен звук.

Трансформатор за напојување со голем капацитет

Вакумското лакирање, бакарниот прстен и челичниот ремен кој не создава шум спречуваат појава на шум и придонесуваат за богат и детален бас.

Дизајн на ладилникот

Новодизајнираните ребра нудат максимален доток на воздух, што им помага на електронските кола на засилувачот да издржат голем звучен притисок и да не прегреат.

Дигитална електронска плоча

Металната рамка ја заштитува електронската плоча од звучниот притисок на звучникот и го спречува дигиталниот шум да навлезе во аналогните електронски кола за да се добие почист звук.

Втора генерација на лемење со ES

Еколошката легура за лемење, базирана на калај со висока чистина, овозможува да се добие јасен звук со брз одзив.

Прилагодете ги сите ноти

Симулирајте ја акустиката на светски познатите сцени во вашиот дом

Технологиите за звучно поле од Sony можат да ја симулираат акустиката на Cary Grant Theatre или трите светски познати концертни сали.

Висококвалитетно безжично проследување на звук

LDAC е нова аудио технологија од Sony која ви овозможува да слушате висококвалитетен безжичен звук преку Bluetooth®. Со 3x повеќе пренесени податоци, LDAC нуди подобрено уживање при безжичното слушање за целата ваша музика.

Слушајте музика во друга просторија

Овозможете ѝ на истата прекрасна песна да ве следи во домот со опцијата за слушање во повеќе простории, контролирана преку апликацијата SongPal (верзија 3.0). Користете SongPal Link за да групирате заедно одредени звучници во вид на лента и звучници од Sony, а потоа проследувајте музика од различни услуги за музика, паметен телефон, компјутер или вашата DLNA мрежа во повеќе простории од вашиот дом.

Едноставен пристап до вашата музика

Добијте лесен пристап до богат избор на музика и многу повеќе, благодарение на Chromecast built-in (претходно Google Cast™) и Spotify Connect.

Chromecast built-in
Chromecast built-in

Проследувајте музика, онлајн радио и podcast содржини од вашиот паметен телефон, таблет-уред или лаптоп кон вашиот аудио уред. Само допрете го копчето за проследување.

Spotify
Spotify Connect

Репродуцирајте од Spotify преку вашиот аудио уред, користејќи ја апликацијата Spotify како далечински управувач.

Проследувајте со Chromecast built-in

Проследувајте музика, podcast-содржини и радио преку повеќе од 100 апликации за музика, како YouTube Music и многу други.

Обединете ја вашата музика

Едноставна контрола на проследувањето со новата апликација SongPal

Апликацијата SongPal ви нуди лесно и интуитивно управување на слушањето. Само инсталирајте ја апликацијата SongPal на одредени паметни телефони и преземете ја контролата врз репродукцијата на музика, поставувањата на уредот и многу повеќе - сето тоа преку една апликација.

Допрете, поврзете и репродуцирајте

Уживајте во едноставно безжично слушање и пресликување на екранот на паметните телефони со NFC со еден допир. Само допрете компатибилен паметен телефон наспроти ресиверот за да добиете звук преку Bluetooth® или пресликување на екранот преку Miracast.

Звук преку AirPlay
Звук преку AirPlay

Уживајте во музика преку уреди што поддржуваат AirPlay.

NFC со еден допир и Bluetooth®
NFC со еден допир и Bluetooth®

Впарете го вашиот компатибилен уред со еден допир преку NFC. Поврзете се преку Bluetooth® за безжично проследување.

Wi-Fi® врска
Wi-Fi® врска

Репродуцирајте музика од вашиот компјутер или домашен сервер.

Спецификации и функции

Пренесете го домашното кино на повисоко ниво со STR-DN860. Без разлика дали гледате најнови холивудски филмски хитови или ги слушате вашите омилени пејачи со звук со висока резолуција, ќе добиете звук со моќ и префинетост.
  • Компатибилност со звук со висока резолуција

  • DSEE HX ја подобрува музиката до квалитетот на звукот со висока резолуција

  • Лесно поврзување преку Bluetooth® со NFC со еден допир

  • Wi-Fi, AirPlay и Chromecast built-in за проследување музика

  • Проследувајте и контролирајте преку вашиот паметен телефон со SongPal

Број на канали на засилувач
7 кан.
Влезни и излезни приклучоци
HDMI видео влез/излез (5/1); HDCP 2.2 заден (1); композитен видео влез 2; композитен излез за монитор (1); аудио влез (2); коаксијален аудио влез (1); аналоген аудио влез (4); излез за слушалки; излез за предзасилувач за сабвуфер (2); USB (1 преден); приклучок за етернет; MHL преден (1)
Тежина (кг)
8,3 кг
Chromecast built-in
ДА
Компанијата Sony не само што е посветена да ви обезбеди производи, услуги и содржини кои нудат возбудливи доживувања, туку работи и кон исполнување на целта да постигне искористување на животната средина еднакво на нула преку своите деловни активности Дознајте повеќе за Sony и за животната средина