Сите спецификации и функции
Функции
- Брзина на грамофон
- 33 1/3 врт./мин., 45 врт./мин.
- USB излез
- Тип B
Моќност
- Енергетски потреби
- 230V 50Hz
Што има во пакетот
- Адаптер за 45 врт./мин.
- USB кабел (2 м)
- Моно кабел (1,5 м, црвено/бел со приклучок за заземјување)

Функции
Звук со Bисока Pезолуција
Од изворот до звучниците, Sony обедини повеќе технологии за да ви овозможи врвно аудио доживување. Дигиталниот засилувач и специјализираните високотонци ги репродуцираат сите детали од фајловите со звук со висока резолуција, за да можете да ја слушнете секоја нота така како што ја замислил изведувачот.
USB грамофон со снимање со висока резолуција
Внесете нов живот во аналогните ремек-дела со DSD. Поврзете го грамофонот PS-HX500 на вашиот компјутер преку USB, репродуцирајте плочи и доловете го секој детаљ на винилот со стандардната конверзија во DSD со 5,6 MHz. Сега можете да ја архивирате вашата скапоцена колекција грамофонски плочи на музички сервер, или, пак, да ја понесете со себе во вашиот Walkman®. Во комбинација со висококвалитетниот систем со компоненти, овој грамофон исто така ви овозможува да уживате во автентичната репродукција на винилските плочи. Дозволете му на PS-HX500 да ги претвори вашите винилски плочи во вреден извор на звук со висока резолуција.
Вграден USB дигитален излез
Поврзете го грамофонот на компјутер и снимајте ги омилените винилски песни во музички фајлови.
Винилот живее засекогаш со звукот со висока резолуција
PS-HX500 е опремен со висококвалитетен A/D конвертор. Само поврзете го со вашиот компјутер преку USB кабел и претворете го вашиот винил во песни со звук со висока резолуција (до квалитет на DSD со 5,6 MHz или PCM со 192 kHz/24 бита). Ова е одличен начин да ја зачувате вашата скапоцена винилна колекција, или пак да ги понесете песните со себе на вашиот Walkman®. Уживајте во рамномерниот, природен и пријатен звук на аналогните ремек-дела со квалитетот којшто го заслужуваат, без разлика каде се наоѓате.
Вграден моно еквалајзер
Внатрешниот засилувач со моно еквалајзер ви овозможува да префрлувате помеѓу линиски и моно излез за да можете да репродуцирате преку интегрираниот засилувач или надворешниот моно еквалајзер.
Репродукција на LP/EP плочи
Грамофонот со две брзини работи на 33-1/3 и 45 rpm за да уживате во LP албумите и EP сингловите.
Понесете ги вашите плочи
Ќе можете во секое време и на секое место да уживате во реалниот звук на винилот, со целата негова топлина и рамномерност, со дигитална практичност - дома, надвор и во вашиот автомобил.
Преслушајте ги плочите
Снимете ги песните од вашите грамофонски плочи на компјутер како DSD податоци, а потоа копирајте ги на USB мемориски уред кој може да се репродуцира на аудио систем во автомобил. Вашите омилени песни од грамофонските плочи ќе може да ве придружуваат на следното возење.
Префрлете на Walkman® и подготвени сте
Снимете ги песните на вашите винилски плочи на компјутер како DSD податоци, а потоа префрлете ги на вашиот Walkman®. Ќе можете да ги понесете вашите омилени ремек-дела со вас, за да уживате во секое време и на секое место.
Складирајте ги вашите колекции на HDD
Снимете ги песните на вашите винилски плочи на компјутер како DSD податоци, а потоа префрлете ги на HDD плеер. Просторот за складирање со голем капацитет ви овозможува да ја претворите пренатрупаната соба полна со грамофонски плочи во пространа соба исполнета со музика, со брз пристап и без зафаќање на голем простор.
Стандарден AD конвертор за DSD
Внатрешниот A/D конвертор поддржува стандардна конверзија од аналоген формат во DSD со 2,8 MHz или дигитален формат со 5,6 MHz.
Апликација „Hi-Res Audio Recorder“
Апликацијата за уредување за Windows и Mac OS X ви овозможува да ги отфрлите несаканите делови од снимката и да ги делите песните.
DSD (Direct Stream Digital)
Создаден за звук со висока резолуција како соработка меѓу Sony и Philips, компаниите кои го создадоа оригиналниот CD формат, DSD (Direct Stream Digital) нуди револуционерен начин на снимање и репродуцирање на звукот. За разлика од стандардниот PCM формат, проследувањето на DSD звукот со 1 бит е поблиско до природата на брановиот облик на аналогниот звук. Како резултат се добиваат сите предности на дигиталниот звук, вклучувајќи и фреквентен одзив над 100kHz и широк динамички опсег, но со природниот звук на аналогните снимки. Далеку помалку сложениот процес на снимање и декодирање резултира со звук со неверојатно чувство за простор и врвна презентација на оригиналната визија на уметникот.
Извршете интеграција во вашиот висококвалитетен аудио систем со компоненти
Поврзувањето на PS-HX500 со висококвалитетен аудио систем со компоненти ви овозможува да уживате во винилските плочи и реализмот кој го нудат.
Формати на аудио фајлови со висока резолуција
Освен DSD фајловите добиени од DSF, поддржано е и снимање и репродукција на WAV фајлови добиени од PCM.
Систем со ременски погон со голема стабилност
Оптимизираниот облик на макарата на погонот го стабилизира ременскиот погон и овозможува природна репродукција на звукот.
Новодизајнирана гумена подлога за висококвалитетен звук
Новиот дизајн има дебелина од 5 мм, што претставува највисоко ниво во класата. Одличното прилепување на површината на плочата ја минимизира непотребната резонанса.
Новодизајнирана интегрирана игла со заоблен облик
Интегрираниот заоблен дизајн на иглата ја подобрува издржливоста и го стабилизира лежиштето за да овозможи врвно фокусирање и димензионалност на звукот. Лесната структура на школката помага во оптимизирањето на најниската резонантна фреквенција и го подобрува следењето на ниските фреквенции, додека нејзината кружна форма нуди чист звук непроменет од карактеризацијата на звукот. Правиот држач прецизно ја балансира иглата, без помрднување на држачот кое би влијаело на стерео балансот, а неговата структура со задни лагери го минимизира изобличувањето со шум и треперење.
Подлога за плочи од лиен алуминиум
Подлога за плочи со голема инерција од лиен алуминиум нуди извонредна рамнотежа помеѓу цврстината и масата.
Акустична MDF плоча
Акустичната MDF кутија нуди голема густина благодарение на нејзината дебелина од 30 мм. Резултатот е исклучителни карактеристики на звукот и прецизна репродукција на звучното поле.
Посебната стаклена плоча ја подобрува структурната стабилност
Користењето на материјалот со посебно стакло за електронската плоча ви нуди подобар квалитет на звукот и стабилност, особено во споредба со другите конкурентни модели во истиот опсег на цени.
Изолирана структура
Како надополнување на заштитата од несаканата резонанса, уникатно обликуваните гумени придушувачи го елиминираат вибрирањето на полиците и другите периферни предмети.
Прецизно изработено капаче за прав
Формата на капакот за прав е дизајнирана исклучиво за минимално вибрирање. Одличен квалитет на звукот дури и при репродукција со затворен капак.